Со соопштение до јавноста излегоа од Македонскиот народен театар: Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е ...

Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и ...

Самиот лимон е полн со витамин Ц и други бројни хранливи материи, па затоа е корисен и често присутен во секојдневната исхрана. Но, прекумерното внесување може да доведе до големи стомачни проблеми, сметаат лекарите. Високата киселост на лимонот може да предизвика дразнење на желудникот, а тоа ја зголемува опасноста од појава на чир или гастритис. Овој проблем е особено изразен доколку лимонот се внесува на празен стомак. – Киселината во лимонот ...

„Високи вибрации“ е насловен концертот кој ќе одржи в четврток (29 мај) со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија, на кој како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Дмитри Маслеев, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.3 во де-мол и Симфонијата бр.4 во еф-мол од Сергеј Рахмањинов. Рускиот пијанист Дмитри Маслеев (1988), е еден од најзначајните солисти од поновата генерација на ...

На седницата на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, одржана на 21 мај 2025 година во просториите на здружението, беше избрано новото раководство. За нов претседател на СОКОМ е избран композиторот Филип Иванов, кој доби мнозинска поддршка од членството и на таа позиција ќе ја наследи доскорешната претседателка, композиторката Валентина Велковска Трајановска. Покрај изборот на претседател, беа изгласани и новите членови ...

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес ја претставуваше Македонија на еден од најпрестижните културни настани на светската сцена – Меѓународниот театарски фестивал „МИТЕМ“ во Будимпешта, Унгарија. На 17 мај 2025 година, во рамките на фестивалот, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес заедно со Драмски театар – Пловдив ја изведе претставата „Без крв“ од Алесандро Барико, сценска адаптација на Александар ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје на 22 мај (четврток), со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Урбани трансформации“ од ликовниот уметник Благојче Наумоски-Бане. Овој циклус е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите динамични композиции, геометризмот и игрите помеѓу материјалноста и апстрактното. Проф. д-р Гордана Вренцоска го цитира самиот автор кој ...

Овој концерт е извонредна можност децата од најрана возраст, преку класична музика во живо, да го развиваат својот интелект, емоции и љубов кон уметноста. На први јуни 2025, недела, со почеток во 12 часот, игротеката „Дрим зона“ во Дајмонд Мол ќе биде домаќин на еден несекојдневен културен настан наменет за најмладата публика – концертот со наслов „Музика и цртан филм“. Организиран во соработка со Здружението Пламенка Трајковска – МКС од Скопје, ...

Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска денес ќе биде отворено второто издание на Деновите на поезијата, во главниот влез („Партизанска“) на Скопје Сити Мол, со почеток во 18 часот. Под мотото „Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското ...

Од 2022 година, македонските власти со поддршка од УНДП работат на враќање на реката Сатеска во своето природно корито. Резултатот би бил Сатеска повторно да се влева во реката Црн Дрим, наместо во Охридското Езеро. Проектот беше претставен како начин за заштита на регионот од екстремни временски услови и спасување на езерото од загадување. Но, што вистински се случува? Уште едно недоволно квалитетно, квази-решение кое ги остава истите проблеми. ...

Македонскиот експериментален филм „ЛИМА“ во режија на Батухан Ибрахим, годинава беше селектиран на „Short Film Corner“ на Канскиот филмски фестивал. Филмот ќе има и својата затворена проекција на Кан наменета за филмски дистрибутери и филмски селектори. Проекцијата е закажана за среда, 21 мај 2025 година, во рамки на SFC | Rendez-vous Industry на 78. издание на фестивалот. „ЛИМА“ е експериментален филм кој го следи патувањето на три силуети низ ...

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот. Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи ...

Сеопфатната програма на првото издание на БУКВАЛНО. ЏЕЗ. и тимот кој стои зад фестивалот. Сите настани ќе се одвиваат во просторот и дворот на културниот центар „Буква“. Овде е достапен официјалниот Facebook настан. На овој линк е отворена можноста за поддршка на фестивалот. Поддршката значи придонес за развојот на квалитетната културна сцена во Скопје. Сите настани во рамките на фестивалската програма се ОТВОРЕНИ И БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ. Набавката ...

Македонската квиз асоцијација (МКА) со големо задоволство го најавува завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во сабота, на 25 мај 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Овој настан, кој прерасна во традиција, по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид. Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења ...

Во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, утре (петок, 9 мај), во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на новиот хумористичен роман на Трајче Кацаров „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“. Роман во кој комичните ситуации, градени преку ликовите предадени на емпатијата, љубовта, љубомората, зависта, се нижат како на филмска лента, веродостојно и ...

Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е втората премиера што се реализира од Годишната програма за драмска дејност за 2025 година. Претставата е работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, инспициент Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Улогите ги играат актерите: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша ...

На 9 мај 2025 година, во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот “STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и ...

Најстарата запишана Македонска љубовна поезија потекнува од костурско, Беломорска Македонија, напишана на костурски дијалект, напишана е во 16тиот век во речник кој е составен во Костурско, а денес се чува во Ватиканската библиотека. Дали намерно или случајно, ама не знам зошто сите велат дека на денешен ден е кодифициран јазикот наш македонски? Претпоставувам мислат на современиот, стандарден, литературен македонски јазик и на писмото, кои на ...

Чуден сој сме. Како едвај да чекаме некој да не земе и владее. Покажуваме некаква пркос, ама не гордост и знаење. Претпоставувам дека тоа е поради негативната селекција. Се додека за лопов велиме дека се снашол, нема напред. Фарсично е да се зборува за европскиот сон на Македонија. Да, кон таа идеја и мисла бевме 35 години насочени и фокусирани, и се уште како нација сме, ама факт е не оди! Зошто не оди? Затоа што во годините кога бевме насочени ...

Во паркот Ибни Пајко во Скопје денеска (среда, 30 април) традиционално ќе виде одбележан Меѓународниот ден на џезот. Настанот го организира Националниот џез оркестар и почнува во 16.30 часот со џез за деца. Следуваат настапите на „Бојан Цветковиќ квартет“ од Србија (19.30 ч.), YoYo Band од Бугарија (20.30 ч.), „Христијан Ристески квартет“, словенечко-македонско-американска групација (21.30 ч.) и Trio Dragobert feat. Milagros Piñera од Австрија ...

Во текот на вчерашниот ден наши сограѓани ни споделија фотографии направени од рибари кои работат за концесионерот од Канео до Подмолје, односно риболовната зона „Воска“. Од информациите кои се јавно достапни, концесионер на оваа зона е фирмата „Питон“. Според табела 6 поместена во Риболовната основа за управување и користење на рибите и другите водни организми во риболовното подрачје Охридско Езеро, донесена од страна на Министерството за ...

Националната галерија на Македонија ја подготвува јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997), еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, е во сообразност со задачата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера загрепската публика имаше ексклузивна можност да го проследи уникатниот мултимедијален културен настан во чии рамки, а по повод 22 Април – Денот на планетата земја, беше отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, по што следуваше и етноконцерт на групата „Баклава“. На почетокот на настанот поздравен говор имаше директорката на МКИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска. ...

Студијата на проф. д-р Дејан Донев „За нашите етички основи“ ја доби наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината, за 2024. Донев е втор добитник на оваа награда што ја доделува Филозофското друштво на Македонија. Во 2023-та, беа востановени награди „Константин Филозоф“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. Одлуката за Наградата за филозофска книга на годината е ...

Kнижевна вечер со Томислав Османли посветена на српските изданија на изборот драмски текстови „Пат во рајот“ и на романот „Бродот. Конзархија“. Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го продолжува циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на ...

Со повеќе од 400 учесници, инспиративни говорници, динамични работилници и доделување на првите Socialize Awards, фестивалот постави нови стандарди во дигиталната индустрија. Вчера (четврток, 24 април 2025 година), во хотелот Александар Палас, се одржа првото издание на фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“, кој ги собра највлијателните експерти од македонската и регионалната сцена на дигиталниот маркетинг, ...

Socialize 2025: Првиот фестивал за дигитална креативност и технологии, кој ќе ги собере водечките експерти од Македонија, но и регионот. За прв пат во Македонија, на 24 април во хотелот Александар Палас, ќе се одржи Фестивал на дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“, кој ќе ги собере највлијателните експерти од Македонија и регионот во областа на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и технологиите. „Socialize 2025“ е ...

Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство. Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше кон Охрид, на пошумениот рид Горица забележа уште едно градилиште. Се работи за изградба на уште еден хотел во област која порано беше пошумена, но во која прогресивно се градеа туристички капацитети. ...

Хедли фондот за културно наследство во Југоисточна Европа го објавува вториот повик за непрофитни организации и јавни институции (музеи, библиотеки, архиви и галерии). Целта е поддршка на проекти насочени кон зачувување, промоција и одржливо користење на културното наследство. Покрај македонските, право на аплицирање имаат организации и институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и ...

Во рамките на претставувањето на музичкиот проект „Балканско патување“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, на 27 март, со почеток во 18.30 часот, ќе одржи концерт во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, Република Бугарија. На концертот ќе настапат: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска-Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите се на Пламенка Трајковска. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
61%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
55%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
76%
1022
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.2
50%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.29
91%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
4.12
56%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1022
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
53%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
70%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1023
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829