
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



На ден 9 – ти декември 2023 (сабота) е закажано отварањето на изложбата „Форми на системот“ на младиот автор Иван Аџиевски во Културно социјалниот простор Центар – Јадро во 19 часот. „Форми на системот“ е трета самостојна изложба на младиот автор Аџиевски Иван, истата преставува мултимедијален концептуален проект во кој преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видео проекцијата авторот се обидува на пошироката јавност да и ...
Деновиве во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на класикот на македонската поезија и голем лиричар Ацо Шопов од печат излезе поемата „Одгласот на тишината“ посветена на Ацо Шопов од македонскиот писател Зоран Пејковски. Рецензенти се: проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Славчо Ковилоски, а дизајот на корицата е на проф. д-р Лазе Трипков, издавач е битолската реномирана издавачка куќа „Восток“. Инаку оваа е петта објавена книга во 2023-та ...
ДЛУМ на покана на Министерство за култура е дел од официјалната програма со селекција на дела од изложбата ,,Фемина” по повод триесеттиот Министерски Совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Учесници во изложбата: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ Радеска, Наташа Милованчев, Маја Рауниќ Кирков, Јана Манева-Чупоска, Дита Старова Ќерими, Јана Луловска, Ана Ивановска, Ана Трајковска, Шкипе Мехмети, Ирена Паскали, ...
Во тек е изложбата „Париски рефлексии“, претставена во Офицерскиот дом во Битола, а организирана од Националната галерија на Македонија и Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола. Изложбата има за цел да ги претстави проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски ...
Вечерва, (27.11.2023, понеделник), во Културно информативниот центар – Салон 19:19 ќе се одржи концерт на Музичка младина на Македонија, со почеток во 19:19 часот. Настан на Денови на европско Скопје 2023. На програмата се следните дела: Е. Жисмонти – Agua e Vihno исполнуваат: „Дуо Балкан“: Луна Пиљиќ и Матеј Детељ – гитара класа проф. м-р Дарко Багески Факултет за музичка уметност – Скопје П. И. Чајковски – Јуни; Октомври исполнува: Ана ...
На 24 ноември 2023 година во 19:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе се отвори постојаната поставка „Музејот – Кустос на градот“. Изложбата „Музејот – Кустос на градот“ хронолошки го претставува историскиот и културниот развој на градот Скопје. Богатото културно наследство на градот е раскажано преку музејски предмети, фотографии, документи и макети, почнувајќи од периодот на неолитот, железното време, раната антика, римскиот период, средниот ...
Извршниот одбор на „Маџирмаалските средби“ и Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски средби“ распишуваат: КОНКУРС за доделување на главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2023 година и две придружни награди за поетски творби Критериуми за учество: Поетските творби може да се испраќаат од денот на објавувањето на конкурсот до 13 декември 2023 година, по пошта на следнава адреса: „Маџирмаалски поетски бранови“ ...
Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен – фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија. Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на ...
Малку иронија и сарказам, никогаш не е на одмет, нели? Отворете на некој од популарните агрегатори на вести, и ќе ви стане јасно каде живеете. Власта ве убедува дека живеете одлично, а народот се мачи со покривање на редовните режиски трошоци и купување храна. Скапи и огромни коли се паркираат каде сакаат, додека пајакот ги крева возилата на рајата. Секојдневна даночна евазија и криминали со милионски суми со државни пари, а ние се занимаваме ...
Изложбата “ФРАГМЕНТИРАНИ РЕАЛНОСТИ / FRAGMENTED REALITIES“ на уметникот Страхил Петровски ќе се одржи во КИЦ (Културно-информативен центар) во Салон Империјал 1 и 2 на 24 ноември 2023 (петок). Истата ќе се отвори со почеток во 20 часот. „“ФРАГМЕНТИРАНИ РЕАЛНОСТИ / FRAGMENTED REALITIES“, е мултимедијален проект кој ќе биде претставен пред јавноста и љубителите на визуелната уметност, во двата салона на КИЦ. Се работи за изложба на дела од мојата ...
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends), Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопшти полицијата. Пери имаше 54 години. Истрагата околу причините за смртта е во тек, и се уште не се знае поради што починал. Според повеќето калифорниски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомнева на срцев удар. Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен ...
На 16 ноември 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 часот, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најавува д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои СЕГА Е ВРЕМЕ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не ...
На 77-годишна возраст денеска (16 ноември 2023 година) почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов – Дац. „Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук. „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога. Мето ...
Утре вечер, 17.11.2023 (петок), со почеток во 18 часот, во Македонскиот Културен Центар во Истанбул, ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот скулптор и професор на ФЛУ, Исмет Рамиќевиќ насловена „Деструкција/Оган“. Рамичевиќ е автор кој е неколку децении присутен на македонската и меѓународната ликовна сцена. Тој е препознатлив со своите скулпторски интердисциплинарно-интерактивни проекти, кои преку нагласената ангажираност имаат ...
Изложба на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Србија, која ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во Националната галерија за првпат ни го открива неговиот импозантен творечки опус. Лирскиот апстракционизам во комбинирана техника, преку наплив на колоритен израз, ни го фокусира погледот во длабочината на ...
Објавена студијата „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски“ на Верица Мукоска Деновиве од печат излезе книжевно-теориската студија „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“ на авторката Верица Мукоска. Со употреба на компаративна ...
Излезе последниот број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија за оваа година. Во бројот фокусот е даден на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, на Струшките вечери на поезијата 2023 и на чествувањето на 150-от број на ревијата со пригоден текст од главниот уредник Славчо Ковилоски. Посебен акцент е ставен и врз информацијата за зачленувањето на ДПМ во Европскиот писателски совет на Генералното ...
Денес е 13 ноември, ден на ослободувањето на Скопје, па можеби е и најсоодветно оваа колумна да му ја посветам токму на градот. Седиштето на Владата, на Парламентот, и претпоставувам на повеќе од 90 отсто од институциите во Македонија. Годинава која привршува е година во која се очекуваше да се донесе новиот ГУП (Генерален урбанистички план). До носење на новиот важечки и во сила е претходниот. ГУП кој зададе многу главоболки. Зошто? Затоа што ...
Во сабота, (11.11.2023) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на фотографии на Александрос Вретакос, под името “Вевчански бајки и кошмари“. Александрос Вретакос е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните 8 години. Тој кажува за тоа што го инспирирало и мотивирало толку пати да се врати на истото место: “Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, ...
Она што го слушаме, гледаме и читаме поврзано со извештајот на европската комисија во врска со напредокот (или уназадувањето) на Македонија кон Европската унија, може само да се донесе со епопеја. Мало објаснување: Епопеја е низа настани што се опишуваат во епска песна и се однесуваат на голем, важен историски настан од особено значење за еден народ. (како мало објаснување за оние кои ги заборавиле одредени термини од основно). Извештајот од ...
Вечерва (9 ноември, четврток), со почеток во 19:30 часот, во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на средната генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 90-тите години (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во 1983 година). Со својот ...
За разлика од претходниот систем и моето детство, милам дека денес просечниот човек доста помалку чита, отколку порано. Можеби губи време на социјални мрежи и „фејк њуз“ сајтови, но дефинитивно многу помалку чита нешто што креира за него како личност додадена вредност. Истото би го рекол слободно за добар дел од политичарите. Добар ден од нив цел ден се во потрага по нешто црно и компромитирачко за противникот, ширењето на квази пропаганда и ...
Вечерва (среда, 1 ноември 2023) со почеток во 20 часот, ќе биде отворањето на „Годишна изложба“ на ДЛУМ, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. „Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ. Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски ...
Денес (24 октомври 2023) почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски на 97 годишна возраст. Илија Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и ...
Како што гледам, дури и по 130 години, денешниве генерации не сфаќаат ништо. Не разбираат дека борбата се води со срце, со пожртвуваност и со идеали. Дека вистинскиот водач гине за своите идеали и за својата кауза. Дека е спремен да ризикува и кариера и семејство, само за да ја истера каузата. Дека не може да има милост и договор со продадени души, кодоши и арамии. Дека мора да владее ред и поредок, и дека на секој мора да му де знае местото. ...
Македонскиот писател Стефан Марковски реализира резиденцијален престој во Франција, во рамки на кој ќе оствари средби со претставници на книжевната и културна заедница. Резиденцијата се одржува во познатиот руиниран манастир Жумијеж во непосредна близина на градот Руен во Нормандија, кој е кандидат за Европска престолнина на културата за 2028 година и родно место на важни имиња во француската литература, како П. Корнеј, Г. Флобер, М. Леблан и ...
По оставките на 8-те члена на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија и по реакцијата на повеќето членови на ДПМ за оставките, но и барање оставка на Христо Петрески, тој поднесе оставка од здравствени причини… Но тоа не е сѐ, оти веднаш по оставката на Христо Петрески, според Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Кристина Николовска на 10. ...
Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Македонија ќе ја претстават својата музика во Македонската опера и балет и во објектот на МКЦ во рамки на 42-то издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“. – Програмата, распоредена во ...
Утре, (среда) 17-ти октомври, во Националната институција центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип директорот на Центарот Горан Трајков и генералната менаџерка на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, Весна Огненовска, ќе потпишат протокол за соработка. Со овој документ е предвидена размена на кадри и ресурси меѓу двете институции што ќе рече актери, режисери и други театарски дејци од Центарот за култура во Штип ќе ...
Македонските писатели за обединија за спас на Друштвото на писателите на Македонија. Веќе повеќе од една третина од членството на ДПМ застана зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во македонската писателска асоцијација. Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството на ДПМ, Собранието мора да се одржи! Зад реакцијата и повикот веќе се близу сто македонски писатели. Веле Смилевски, Раде Силјан, ...