
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Познати македонски квизаџии се автори на прашањата на кои ќе се избере победникот за 2024 во Македонија Македонската квиз асоцијација (МКА) оваа година го организира првото Државно квиз првенство на Македонија кое што ќе се одржи на 15 септември, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ (во зградата на Европски универзитет) во Скопје, отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. По тој повод, од МКА ...
Како еден градежен работник стана инспирација за Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ? Проектот „На работ“ вечерва (вторник, 10 септември 2024 година), со почеток во 20 часот ќе биде претставен во НАционалната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Необезбеден градежен работник чекори на греда на објект во изградба, додека трае митингот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ пред седиштето на Делегацијата на ...
Случаите со археолошките локалитети Бањичко кале близу селото Горна Бањица, Гостиварско, како и Градиште кај селото Глишиќ (сега приградска населба на Кавадарци), а поврзани со инвестициите на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за коридорот 8, односно инвеститорот „Магма ДМ гринфилд“ за поставување фотоволтаици, на виделина ја исфрлија незавршената работа на системот за заштита на културното наследство преземена во сега веќе далечната 2005 година. ...
Во градот Варна (Бугарија), на 24. 8. 2024, во рамките на музичкиот фестивал „Чаики арт фестивал“ или во превод (Галеби арт фестивал), во „Галеријата 33“, покрај одржаната ликовна работилница, се отвори заедничка сликарско-скулпторска изложба на македонски и бугарски уметници. На изложбата со свои дела (слики, скулптури и објекти) се претставија варненскиот скулптор, доцент Николај Нинов и македонските уметници, проф. Беди Ибрахим и Атанас ...
Како одредена структура владеела можете да почувствувате најконкретно во случаи на криза или елементарна непогода. Пожарите кои се распламнаа веднаш по промената на власта (интересно, и покрај високите температури, вистинска коинциденција, нели?) потврдија дека државата изминатите години се водела катастрофално, и дека биле во континуитет занемарувани еден куп потреби. Останавме на канадерите (хидро авиони) кои се купија пред скоро 15 години. Ем ...
Капа долу, тивки херои! Вас никој не ве фали во јавност, ниту со име не ве знае, ама за мене лично, вие сте јунаците и хероите, срцето на оваа наша напатена Македонија! Слава ви! Оваа моја денешна колумна ја посветувам на тивките херои. Оние за кои никој јавно не зборува, оние кои се соочуваат со животно загрозувачка работа, а се потценети, слабо платени, лошо опремени, а неретко и невработени или волонтери. Зборувам за пожарникарите. Зборувам ...
Честопати, при моите јавни настапи и медиумски гостувања ме прашуваат дали сум оптимист или песимист за тоа во кој правец ќе се развива Македонија. Јас соломонски одговарам дека сум оптимист, затоа што Господ ги чува будалите. Шалата на страна, прашањето за системското оправање на државата е во одлуката дали сакаме тие кои се дел од системот, да напредуваме, или тие самите да напреднат до негде. Што сакам да кажам? Без оглед дали зборуваме за ...
Со подновен концепт и збогатена програма започнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (15-29 август, Охрид) 65 македонисти од 17 земји ќе учествуваат на 57. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а вкупно 150 македонисти (семинаристи и истражувачи на 51. Меѓународна научна конференција) ќе ја развиваат грандиозната македонистичка мисија во древниот град Охрид. Под ...
Точно два месеци од изборите, победата на опозицијата, и дебаклот на власта. Секој кој малку знае како функционира една држава свесен е дека примопредавање на власта, посебно кога се менува во целост трае и шест месеци, понекогаш и цела година. На крајот на краиштата, од соопштувањето на победникот, па до формирање на владата, треба месец, до месец и пол. Фасцинантно е што одредени ликови, па и носители на политички функции, кои до вчера беа ...
Она што многумина не се сеуште свесни е дека начинот на кој до сега се функционираше е завршен. Отпор ќе постои и тоа силен, а најмногу ќе бидат погодени оние кои во минатотот функционирале од позадина или клиентелистите бизнисмени кои беа навикнати да се договараат во четири очи со функционерите. Едноставно, начинот на кој функционираше ова оштество е доведен до состојба да или ќе се пресече со се’, и ќе има целосен ресет, или ова општество и ...
Впечатлив старт и иницијатива за почит на самиот почеток на мандатот на новиот министер за транспорт, Александар Николоски. Самата и ницијатива не е нова, но ниту еднаш не била иницирана и промовирана на ниво на министер и претпретседател на Влада, плус потенцирајќи ја временската рамка за реализација. Во изминатите години многу пати пишував на тема инфраструктура и сообраќај, а пред околу две години токму ова што сега се заговара ги иницирав и ...
Изминативе години постојано се зборува за неа. Обичниот човек слуша за терминот „дигитализација“, го користат и политичарите, ретко кој му објавнува на обичниот човек што тоа значи. Во реформите на новата Влада и идните министерства, она што до сега беше дел за информатичко општество и јавна админситрација, го дели делот на информатичкото општество и се посветува на дигитализацијата. Факт е дека се потрошија многу пари, дека на оваа тема ...
Навистина, од денешна гледна точка е смешно да се зборува за она што власта во заминување го зборуваше, дек ВМРО ДПМНЕ нема коалициски капацитет. Како беше она? Ќе победат, ќе имаат повеќе пратеници од СДСМ, ама нема да можат да состават Влада, ниту да се доближат до 61! Не само 61, туку 80 драги мои! И просто мнозинство, и апсолутно мнозинство, и „бадинтерово“ мнозинство, се‘ се доби на крајот! Сега што правиме!? СДСМ е во целосен нокдаун, и ...
Денес се одржа прес конфоренција по повод изложбата на Мирослав Масин, која ќе се одржи во Националната галерија на Македонија. „За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник“, рече на денешниот прес уметникот Мирослав Масин, во пресрет на изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која во среда, 15 мај 2024 година, со почеток во 20 часот ќе биде отворена ...
Денес е 9 мај. Некои го викаат денот на Европа, ама јас па по старо, како што е, Денот на борбата против фашизмот! Ни легна 9 мај, за мерак. Токму денес и дознавме точно и прецизно кој е исходот од изборите. Целосен потоп на владејачката СДСМ, и секако Пировa победа на ДУИ. Партија која никако не сфаќа дека односите со партиите кои се носители на владата се негуваат. По изборите во 2016та, и трошењето и газењето на СДСМ изминатите 7 години, си ...
Деновиве беше издадено новото прозно остварување на македонскиот писател Стефан Марковски, новелата „До_адната книга“ на 157 страници во издание на Современост – Скопје. Дејството во новелата е динамично, со разгранета, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и ...
НТЦ Скопје организира НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ и д-р Вук Рајовиќ, автори на НТЦ програмата. Семинарот е наменет за родители, едукатори, наставници, воспитувачи, педагози, лекари и сите што работат со деца и се вклучени во детскиот развој и едукација. Д-р Ранко Рајовиќ е автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер на неврофизиологија и доктор за спортски науки кој моментално предава на неколку универзитети. Д-р ...
Во Галерија Рудиќ, Бул. АСНОМ 74, понеделник, 13 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Имре Сабо, насловена „Цртички на животот“ Роден во Мокрин во 1956 година. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот факултет во Белград. Фотографиите ги изложува од 1974 година, а оттогаш учествувал на над 200 изложби во земјата и странство, каде што има добиено повеќе награди и ...
Помина првиот круг од Претседателските избори. Редоследот според бројот на освоени гласови е апсолутно идентичен со проценките на најголем дел политиколози, аналитичари, новинари… Актуелната власт, пред се СДСМ, на големо негодуваше, велејжи дека истите се нереални, наместени, фингирани, и дека тие имаат свои анкети (кои никој не ги виде) кои зборувале нешто друго. Слични изјави даваа и Ванковска, како и Јакимовски кој велеше дека дури и ќе ...
Џабе преку своите директори марионети се трудите да пикнете луѓе, џабе се форсираат проекти кои не проаѓаат, и џабе е омразата за колективниот и платите кон институциите од културата. Кој сака, што сака нека каже, ама секторот култура многу често се потврдува дека е решавачкиот фактор за тоа која власт колку ќе опстои. Се почнува и завршува со културата. Претходната власт се концентрираше на инвестиции, инфраструктура, градби, на настани, и ...
На само два дена пред гласањето, јавното соочување на кандидатите за Претседател на Македонија ни откри и потврди многу нешта. Искрено, мора да се прекине со ова лоша пракса да нема соочување јавно понеќу кандидатите, каде цела кампања ниту еднаш не разменија аргументи сите на купче. Имаше некои импровизирани формати, па интервјуа, ја лични претставувања, н ниту во еден момент, реална директна дебата. Оваа на МТВ беше единствена и од неа ...
Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку ...
Каква е понудата за претстојните избори? Како и секогаш се оди во неколку екстреми. Или се нудат стари и истрошени кадри (не мислам за самите листи, туку и за коалициските партии и ликови од позадина), или се оди на непознати ликови кои се битни само во партиските структури или некаква локална заедница или таргет група, или пак се оди со јавен лик како доктор, професор или некој кој јавноста го знае. Секако, партиите, посебно поголемите речиси ...
Започна кампањата на избор на Претседател, во најава е кампањата за парламентарните избори. Битката започна уште многу порано, но се повеќе од очигледно е кој паничи, и кој во истата ќе игра валкано. Секаде во светот црна кампања обично води неспособна опозиција, која не знае како да ја оцрни власта, или пак власт која е во слободен пад, а не знае како да си ги покрие валканиците. Едноставно, не им оди. И на СДСМ, и на ДУИ. Социјалдемократите ...
Неколку години во моите колумни пишувам на тема Универзална: https://www.cooltura.mk/stav/univerzalna-sala-prikazna-bez-kraj/ https://www.cooltura.mk/stav/sagata-za-univerzalnata/ https://www.cooltura.mk/stav/univerzalna-sala-ta/ Актуелната централна власт која смени пет министри, како и претходниот градоначалник Шилегов, едноставно немаа ни идеја, ни концепт, ни план – каде, како, зошто! Го одбраа најлошото решение, да реновираат стар и времен ...
Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска ќе учествуваат во првото во рамките на македонската литература одбележување на Денот на европските автори на 25-ти март, кое годинава ќе се случи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“. Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација – Европскиот писателски совет. Во склоп на одбележувањето се предвидени ...
Книжевeн портрет на Венко Андоновски ќе се одржи денес (понеделник, 18 март 2024) во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот го организира Катедрата за македонска книжевност и култура. Венкo Андоновски (1964, Куманово) е прозаист, драматург, критичар, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дописен член на МАНУ. ...
Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на овогодишната награда „Роман на годината“. Романот е во издание на ТРИ и уште по своето објавување ја освои читателската публика. Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната ...
Амбасадата на Италија во Македонија и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Македонија ќе го одбележат Денот на италијанскиот дизајн денес (четврток, 14 март 2024) во 13 часот во Чифте амам, со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ (Carissimo Pinocchio). Поводот е 140 години од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – Приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот. Во соработка со ...
Траумите кои ги има средната и постарата генерација на граѓани на Македонија од 90тите, се уште во голема мерка се вкоренети во неговата свест. Криминалната приватизација, врвот со 40% невработено работоспособно население, неплатениот стаж, заостанатите плати, промената на името и акронимот ФИРОМ, промена на уставот, промената на знамето, бит -пазарските настани, проблемите со знамињата во Тетово и Гостивар, пара универзитетот во Мала Речица, ...