Воведен курс по астрономија 2020

0

Со почеток од 17 март 2020 година, Скопско Астрономско Друштво го организира редовниот Воведен курс по астрономија 23-ти пат по ред. Придружете ни се, затоа што учењето го правиме забавно, а овие предавања се одлична можност да се запознаете и со нашата работа и доколку сакате да ни се придружите како членови.

К 1

Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 17.03.2020 (вторник). Предвидени се 12 термини, од кои две надвор од ФЕИТ. Еден во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и друг на теренско набљудување на ноќното небо. Предавањата ќе завршат на 21.04.2020, по што следи незадолжителен тест, а потоа и доделување на дипломи за учесниците.

Цената за целокупниот курс е 1500 денари. За студентите (со приложен индекс или студентска легитимација), ученици на средни и основни училишта и на  членовите на Скопско астрономско друштво, цената на курсот е 1000 денари. Во цената се вклучени:

  • скрипта со материјали од курсот;
  • посета на Планетариумот;
  • набљудувања со телескопи;
  • завршен тест (кој не е задолжителен);
  • диплома.

Важно:

  • Курсот не го препорачуваме за деца под 14 години;
  • Претходно пријавување не е потребно. Уплатата се врши пред почетокот на првото предавање.

За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

Сподели.