
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Народната банка вчера ги објави најновите макроекономски проекции според кои во 2021 и 2022 полека се очекува закрепнување на економијата од последиците од здравствена криза. Иако здравствената криза имаше сериозен импакт врз економијата, од Народната банка посочија дека според истражувањата на Меѓународниот монетарен фонд здравствената криза од 2008 година имала далеку поголеми разозрни последици врз економијата отколку пандемијата. – Според ...
Цените на храната и енергенсите ќе растат, животот на граѓаните ќе биде поскап. Ова ќе ја подгрее инфлацијата, која се очекува да достигне 2,2%. Сепак, Народната банка уверува дека има механизами да ја држи под контрола. Во најновите проекции за македонската економија, предвидува постепено закрепнување и раст од 3,9% годинава, а враќање како во предкризниот период дури наредната 2022 година. Загрижувачки е јавниот долг, кој веќе ја надмина ...
Јапонија, САД и Франција поради зголемените закани од Кина во Тихиот океан, започнаа заедничка воена вежба ARC21, која ќе трае до 17 мај. Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши на прес-конференција рече дека е многу важно да се развие соработка со сојузниците. „Ние сакаме да развиеме соработка во одбраната со сојузниците и другите земји со кои го делиме истото мислење“, рече тој. Осврнувајќи се на растечките закани на Кина во Тихиот океан, ...
Земјотрес со епицентар во соседна Грција синоќа во 23:31 часот е почувствуван во земјава. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата. Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје со ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски при денешната посета на Општина Могила на новинарско прашање околу блокадата на Македонија од страна на Бугарија, истакна дека со Зоран Заев на чело на државата нема европска перспектива. Само по смената на оваа Влада ќе има отворање на европскиот пат и на нови можности. -Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев е политичар на кој што не може да му се верува бидејќи тој се колнеше и во сопствените деца дека нема ...
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 392 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во ...
Палестинците продолжија да гаѓаат со ракети кон Израел, а армијата одговори утрово со воздушни напади врз Газа во драматична ескалација на конфликтот во Ерусалим. https://twitter.com/i/status/1391808013275631622 Експлозиите ги потресоа објектите низ цела Газа и звучеа сирени за опасност, а многу Израелци ја поминаа ноќта во засолништа. Палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале двајца Палестинци, а над 100 се повредени. ...
Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестир аи во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. ...
Властите на Република Кипар од денеска го укинуваат строгиот режим на карантин, но на жителите на островот, за да влезат буквално на кој било јавен простор, ќе им треба таканаречена Коронапас – пропусница што покажува дека нејзиниот сопственик не го шири коронавирусот. Одлуката во средата ја донесе кипарската Влада. Коронапас може да биде потврда за негативен ПЦР-тест за коронавирус направен во последните 72 часа, или документи кои докажуваат ...
Остана уште малку време до крајот на акцијата „Двојна шанса за Peugeot 3008” на Sport Life. Во неа, типувачите, членови на СЛ клубот се натпреваруваат за новиот кросовер на Пежо, а во игра се не едно, туку две возила. Се одбираат натпревари од посебната акциска понуда, од која дури 50 натпревари може да се наредат на тикет. Висината на вкупниот погоден коефициент на еден добитен тикет ќе го одреди победникот и добитник на едното возило, додека ...
Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во ...
Европската комисија планира да воведе горна граница за плаќање во готовина. Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање во готово за износ од над 10 000 евра, соопшти комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Зидојче Цајтунг“. – Разговараме за горна граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џеб. Повеќето луѓе не го прават тоа, рече таа. Забраната ќе биде дел од пакетот ...
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега 318.793 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk , соопшти Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата, како што се посочува, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 ...
Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Министерката за одбрана Шекеринска во објавата посакува брзо оздравување на потполковникот и се заблагодарува на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација. Рано утрово нашиот потполковник ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цените на бензините останаа исти. За половина денар се зголемија цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). ...
Фудбалската Федерација на Македонија и нејзиниот нов партнер Пивара Скопје, утре со почеток од 13:45 минути на платото пред зградата на Фудбалската Федерација ќе одржат промоција на навивачка химна, како и спот за истата по повод заминувањето на Македонија на Европскиот шампионат летово. На настанот покрај промоцијата на спотот, предвидено е и обраќање на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини како и на генералниот директор на Пивара Скопје, Горан ...
Исчезна сибирскиот лекар кој го лекуваше критичарот на Кремљ Алексеј Навални откако минатата година се разболе за време на авионски лет во Русија, соопшти руската полиција. Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, информираше дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шума со теренско возило и оттогаш не е виден. На потрагата се приклучија и служби за итни случаи, беспилотни летала, ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на македонската делегација, заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска во Брисел имаше средба и со извршниот потпретседател на Европската Комисија Франс Тимерманс. Премиерот Заев на состанокот изрази ...
Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која ги изнесовме нашите ставови во врска со прелог измените на Законот за игри на среќа. Ги проследуваме и писмено во целост: Ние вработените во спортските обложувалници сме сериозно загрижени за последиците по нашата егзистенција доколку се усвојат новите предлог-измени на Законот за игри на среќа. Донесувањето на ова законско решение ...
Оргазмите не се секогаш едноставни и лесни за постигнување, но жените имаат повеќе ерогени зони, а со тоа и повеќе различни начини на кои можат да доживеат кулминација. Со малку напор, отворена и јасна комуникација со вашиот партнер и познавање на вашето тело, оргазмот е загарантиран секој пат, пишува Woman’s Health. Различни оргазми всушност не значат различни видови, туку различни начини на кои се постигнуваат, пренесува Индекс. „Повеќето ...
Експлозијата се случила во шиитска област во авганистанската престолнина утринава, меѓу загинатите се и деца, потврдија од Владата. Најмлаку 40 лица се убиени, вклучително и деца во експлозија на бомба во близина на училиште во Кабул, Авганистан. Truly an act of carnage as more than a dozen schoolchildren are killed and many more are wounded in a bomb blast at a Kabul school. Truly a senseless war! pic.twitter.com/EQpYRbxmU2 — Lotfullah ...
Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата. Со спроведувањето на процесот на имунизација и етапно подобрување на епидемиолошката слика, довербата кај инвеститорите и потрошувачите ќе расте, што пак ќе резултира со закрепнување на инвестициите и приватната потрошувачка. Со закрепнувањето на економиите и нормализирањето на синџирите на добавување ќе расте трговската размена, како и искористеноста на ...
Поранешната Министерка за финансии и сопственичка на фирмата Grouper за интернет трговија Нина Ангеловска ја објави веста на својот фејсбук профил. Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар. Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат… ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 и компонентите за нивно производство. Обраќајќи се на самитот на Европската унија во Португалија, тој рече дека богатите земји мора да го споделат својот капацитет за вакцини и на тој начин да им помогнат на помалку развиените земји. Макрон исто така рече дека светот ...
На седницата, која ќе започне во 12:00 часот, ќе биде разгледан Записникот од триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10.5.2021 година, со Записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, одржан истиот ден. Меѓу останатите точки, на дневен ред за разгледување се и Информацијата со Предлог за ...
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денеска попладне заминува за Мадрид, што е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво. Заев во Мадрид доаѓа од Брисел каде што вчера имаше средби со претседателката на Европската комисијата Урсула фон дер Лајен и со други високи претставници на Европската унија и Европскиот парламент, на кои побара да се одблокира европскиот пат на С Македонија и порача ...
Вчера во 16.05 часот, 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27 минатиот месец, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово”, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него. Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница. Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на ...
Граѓаните да се пријавуваат на веб страницата vakcinacija.mk, заради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина против Ковид-19. Ова е апелот што вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакцинацијата се одвива добро, вакцинирани се околу 110 илјади граѓани од кои 23 илјади се ревакцинирани, а сега се вакцинираат 170 илјади граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk до 30 ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји. Еврокомесарот Вархеји ја пречека македонската делегација со пораката дека ...