
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и ...
Македонската популарна пејачка Дани го промовираше нејзиниот најнов сингл насловен „Има љубов за нас“. Инаку, композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов. Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Бучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital. „Има Љубов во Нас – за некои е прашање, за некои е став. Сѐ е…сѐ додека се вртиме околу тоа прашање или констатација“, напиша пејачката ...
Фестивалот ќе се одржува на паркингот на „Театар Комедија“. Во работните денови љубителите на улична храна ќе може да го посетат од 17 часот, а за време на викендот од 13 часот. „Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна. Skopje Street Food Festival ги собра сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје на едно место и со тоа ви овозможува да уживате во прекрасни ...
Американскиот рапер Кање Вест неодамна наполни 46 години, а во неочекуван стил приреди приватна роденденска забава. Имено, на прославата на неговиот роденден имаше голем број бизарни ситуации, како тоа што неговата ќерка Норт се појави со крваво лице, но и тоа не успеа да го надмине неговиот нов потег. Раперот Кање донесе одлука да послужи суши и сашими на голи женски тела. Покрај неговата најстара ќерка Норт и сегашната девојка Бјанка Сенсори, ...
Ви го пренесуваме искуството на една девојка која решила еден месец да консумира мед и куркума. „Пред повеќе од еден месец дојде мајка ми на гости и донесе тегла од нешто што потсетуваше на мед, па ми рече: Види што ти направив, секој ден треба да консумираш по една лажичка, тоа е прекрасно Мешавината всушност била мед и куркума, а поради тоа што секако немав што да изгубам, одлучив да ја изедам теглата од „златната мешавина“ во наредниот ...
Италија се подготвува да се збогува со поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија „Форца Италија“, медиумскиот магнат и милијардер Силвио Берлускони. АНСА пренесува дека италијанската Влада утрешниот ден го прогласи за национален ден на жалост, на денот кога ќе биде организирана државната погребна церемонија во миланската катедрала. Погребот на Берлускони ќе се одржи во 15 часот, а церемонијата ќе ја предводи миланскиот ...
Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител. Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и ...
Microsoft официјално ја претстави новата верзија на својата гејминг конзола со пристапни цени наречена Xbox Series S. Новиот модел има 1 TB SSD меморија во однос на стандардниот кој нуди 512 GB, а целото куќиште е во црна боја и доаѓа со црн контролер. Покрај новата опција за меморија, Xbox доби и нов контролер и слушалки. Овие додатоци се дизајнирани во соработка со Starfield, игра развиена од Bethesda Game Studios. Цената на новата Xbox ...
Поранешниот француски репрезентативец Нголо Канте (32), го комплетираше трансферот во Саудиска Арабија во тимот на Ал-Итихад. Французинот потпиша двегодишен договор за сума од 200 милиони евра, што значи дека ќе заработува 100 милиони евра по сезона. Интересно е што пред само неколку дена, за овој ист фудбалски клуб потпиша и Карим Бензема. Бензема ќе заработува 200 милиони евра нето плата годишно. Канте пристигна во Челзи во 2016 година, откако ...
Променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, особено пообилни врнежи ...
На платото пред НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва 14.06.2023 со почеток во 20:00 часот, по втор пат, ќе се одржи Етно фестивалот „Охрид“ со концерт на Александар Јовевски, насловен „Од колено на колено“. На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне“, „Ајде мала Стана болна лега“. Ќе биде изведена и авторска музика и ...
Се скарале за канализација. Едниот сакал, другиот не давал да се приклучи. Бизарна причина однесе млад живот, откако вчера убиство и обид за убиство ги потресе жителите на општина Градско. Трагедијата се случи во планинското село Подлес, кога 42-годишниот Миле Димов со својот две години постар другар и двајцата велешани, работеле на неговата викендица која ја градел таму. Но, на соседот, 61-годишен жител на Подлес, кој живеел сам, тоа му ...
Започнува распустот и за основците во учебната 2022-2023 година, која ја обележаа недостигот на учебници за дел од учениците и губењето часови поради дојавите за поставени бомби во училиштата. Основците доучуваа бидејќи второто полугодие стартуваше неколку дена подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука. За разлика од минатата година, која ќе остане запаметена по тоа што околу половина од основците, односно оние од прво, ...
Годинашната традиционална меѓународна манифестација „Празник на липите“ ќе се одржи во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија на 14 јуни, со почеток во 11 часот. Манифестацијата вообичаено почнува со интерпретацијата на песната „Липа“ од Матеја Матевски, која годинава ќе ја прочита минатогодишната добитничка на наградата Книжевен жезол, поетесата Гордана Михаилова-Бошнаковска. Претседателот на Друштвото на писателите на ...
Со воведен збор на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Жан Митрев, обвинет за измама. Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на Јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти. Јавната обвинителка, Искра Хаџи Василева, во врска со ова барање посочи дека е, како што рече, сосема неоправдано, ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, под будното око на селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб, ги продолжува подготовките за претстојните предизвици во квалификациите за следното Европско првенство. Во Скопје нашите најдобри фудбалери ја темпираат формата за натпреварите со Украина и Англија, а од денес во тимот се приклучија Аријан Адеми од Кина и Дејан Илиев од фински Хелсинки. Еден од оние кои ќе биде задолжен да биде ...
Вчера гордиот татко преку социјалните мрежи се пофали дека семејството станало побогато за уште еден член, објавувајќи фотографија на која се гледа како го држи бебето во прегратки. „Ирис се роди. Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша музичарот на Инстаграм. Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата заедничка ќерка Софиа. За потсетување, Пере има две ќерки од првиот брак со ...
СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања. Имено, во с.Смилево и с.Прибилци биле ...
Медиумите во Америка јавуваат дека бурната прослава по повод освојувањето на НБА титулата од страна на Денвер Нагетс, се претворила во пукотница во која има најмалку деветмина повредени. Тројца се во критична состојба, додека другите жртви и осомничениот се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Истрагата е во тек. Првите резултати покажуваат дека до пукањето дошло по конфликт меѓу неколку лица, соопшти локалната полиција. И покрај ...
Полицијата соопшти дека 71-годишниот Вилијамс бил на својот мотор и носел кацига. Тој не можел да го избегне судирот и паднал од возилото, здобивајќи се со сериозни повреди, па со хеликоптер бил пренесен во Медицинскиот центар во Олбени, во сојузната држава Њујорк, каде што бил прогласен за мртов. Неговиот агент ја потврди неговата смрт. Глумецот, чие целосно име е Ричард Тријт Вилијамс, живееше во Манчестер Центар, јужен Вермонт. Тој ја почна ...
Американската вселенска агенција НАСА, Европската вселенска агенција ЕСА и Канадската вселенска агенција ЦСА често објавуваат фотографии направени од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, кои се импресивни и придонесуваат за проширување на знаењето за универзумот. Последните фотографии испратени од „Веб“ се од спиралната галаксија NGC 5068, која има светла централна лента. Фотографијата се состои од инфрацрвени слики снимени со сензори MIRI ...
Вработените во Управата за јавни приходи, денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите. Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права потребни ...
Руската и украинската армија денеска тврдат дека постигнале воени успеси на фронтот, при што Москва соопшти дека ги одбила нападите на украинските сили, додека Киев наведе оти вратил уште едно село под своја контрола во источниот регион Доњецк. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека ја распоредило својата прва приватна армија, специјалната единица Ахмат, за која се верува дека е под контрола на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. ...
Катарските медиуми објавија дека шеикот Џасим го купил Манчестер јунајтед, зделката наскоро и официјално ќе биде соопштена. Медиумот „Ал Ватан“ од Катар објави дека се е договорено, останува уште формално официјализирање на купо-продажниот договор. Неофицијално сумата за која е продаден Манчестер јунајтед е нешто повеќе од пет милијарди фунти. Катарскиот газда ќе ја преземе целосната контрола врз клубот. Шеикот Џасим, кој е син на поранешниот ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека федералното обвинение објавено против него е „смешно“ и „неосновано“, обид да се загрозат неговите шанси да биде реизбран за претседател на САД во 2024 година. Трамп, во своето прво појавување во јавноста по објавувањето на обвинението, на предизборната конвенција на републиканците во американската сојузна држава Џорџија, рече дека американската администрација започнала „лов на ...
Според француските медиуми Мбапе вечерва го известил ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата во договорот за да ја продолжи соработката до јуни 2025 година. Со оглед на тоа што следното лето Мбапе може да си замине без обештетување, ПСЖ е на раскрсница. Француските медиуми пишуваат дека во клубот се уморни од променливото однесување на Килијан Мбапе и ќе го продадат во овој преоден рок. Немаат намера да го пуштат да си замине бесплатно. Сепак, ...
Овидио Гузман Лопез е роден на 29 март 1990 година. Тој е познат како „Ел Ратон“ („Глувчето“) или „Ел Нуево Ратон“ („Новиот глушец“). Син на „Ел Чапо“ и неговата втора сопруга Гризелда Гвадалупе Лопез. „Ел Чапо“ некогаш беше најбараниот наркобос во Мексико и најбараниот криминалец во светот. Не е познат бројот на деца што ги има, се претпоставува дека се околу 15 што ги имал со четири сопруги. Се смета дека Овидио е водач на фракцијата на ...
Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес. Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. ...
Изнаоѓање на потребните механизми за формирање национален фонд за животна средина е приоритет на проектот „Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесување на одлуки преку застапување за воспоставување на фонд за животна средина”, кој е предвиден да се реализира до април 2022 година од страна на Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје. Во соопштение од Еко-свест денеска порачаа дека за да ги ...
Авионите станаа вообичаено превозно средство дури и помеѓу дестинации кои не се далечни, а некои летови траат помалку од еден час. Неодамна беше срушен интересен рекорд, а објавена е фотографија на која се гледа состојбата на небото во текот на целиот ден. -Првпат Flight Radar забележа повеќе од 250 илјади летови во еден ден, поточно, имало рекордни 251.829. Во еден момент во воздухот имало повеќе од 20.000 авиони во исто време, се наведува во ...