Десетте основни и петте средни училишта во Прилеп подготвено, но помалубројно ќе ја пречекаат учебната година. И годинава е евидентен намалениот број првачиња. Во просек, од 15 до 20 проценти. Останува главниот проблем со иселувањата, кој го ситни бројот на првоодделенците. Бројот на основците и средношколците останува под 10.000. Локалните власти бараат, а и се најавуваат промени во методологијата на блок-дотациите за превозот на учениците. ...
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес беше во посета на Лакавица, кадешто во текот на летниот распуст беше извршена реконструкција на објектот на основното училиште „Единство“. „Денес го посетивме основното училиште „Единство“ во селото Лакавица, каде што одблиску ги видовме инвестициите што беа направени за време на летото-речиси целосна реконструкција на објектот за да се обезбедат подобри услови за учениците. Исто така, ...
Основното училиште „Единство“ во Гостивар ги дочека учениците во новата учебна година во подновено руво. Изминатиот период во училиштето се реализираа неколку зафати за подобрување на условите за настава и работа. Извршена е комплетна замена на подот и поставени со нови прозорци. На првиот училишен ден во посета на училиштето беше градоначалникот Ваљбон Лимани, кој на првачињата им посака среќа и им подели подароци. „Им посакувам среќа и многу ...
Во новата учебна година во Битола се запиша 651 прваче или за 116 помалку од лан,и кога имаше 767 првооделенци. Со ова, Битола е меѓу градовите со најголем пад на бројот на првачиња во земјава. Од Општина Битола рекоа дека уписот сѐ уште трае и бројката во текот на овој месец може да биде променета. Според досегашната евиденција, најмалку првоодделенци има во основните училишта во руралните средини, но и во централни училишта во градот. На ...
Новата 2025/2026 учебна година денеска започна навреме и без поголеми проблеми во сите основни и средни училишта на територијата на Општина Гостивар. Претходно, училишните раководства ги извршија потребните подготовки за непречен старт и одвивање на образовниот процес, како генерално чистење и дезинфекција на објектите. Први септември секогаш е највозбудлив и најрадосен за дечињата кои тргнуваат во прво одделение. Според податоците од Секторот ...
По тримесечниот летен распуст, училиштата во општина Карпош ги отворија вратите за учениците и првачињата. Секое училиште, со пригодна приредба ги дочекаа своите нови другарчиња, кои од оваа година ќе се запознаат со новите предизвици. Во таа насока, ООУ ,,Димо Хаџи Димов”, во Влае, освен првачињата, со првосептемвриска забава ги дочекаа и градоначалникот Стевчо Јакимовски и вработените во општинската администрација. Некои од нив среќни и ...
Новата учебна година ќе биде проследена со стари проблеми и покрај предупредувањата на надлежните институции дека сите подготовки за успешна учебна година се завршени. Ова го оценува професорот Авзи Мустафа, потсетувајќи дека одредени училишта се соочуваат со недостаток на услови за учење. Во интервју за Алсат, професорот Мустафа рече дека недостатокот на наставен кадар во училиштата, кој често се заменува со несоодветни наставници, останува ...
На средбата што се одржа во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Чаир, Меџити истакна дека со години наназад образованието во Чаир било запоставено и надвор од фокусот на претходната власт, а притоа го презентираше најголемиот образовен проект во неговата програма: преод на сите општински основни училишта на настава во една смена, а потоа и целодневна настава според европски стандарди. „Денес започнуваме историски пресврт со проект кој има за ...
Неизвесно е како ќе стартува новата учебна година во струшките училишта, откако Општина Струга најави дека ги отстапува надлежностите на министерството за образование. Во меѓувреме локалните власти испратиле допис до сите струшки училишта, кои се соочуваат со големи долгови по разни основи, со кое ги известуваат за се понатаму да комуницираат со министерството. „Согласно барањето што општината го испрати до ресорното министерство за отстапување ...
Во основните и средните училишта во Велес учебната година ќе започне со паралелки со помал број на ученици од законски предвидениот минимум, откако таква одлука едногласно донесоа советниците во Советот на Општина Велес. За оваа одлука претходно била добиена и писмена согласност од Министерството за образование и наука, кое ја искористило законската можност да дозволи формирање на паралелки со помалку од 20 ученици. Во седумте основни училишта ...