Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Графички листови сработени на 18. главна сесија на Графичка работилница „Софија“ – Богданци ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галерискиот простор на Домот на културата „Бранд Петрушев”. Оваа година на работилницата гости беа првите уметници кои во 2007 како студенти учествуваа на првата Графичка работилница Софија, а тоа се: Сања Жигиќ, Данило Вуковиќ, Трајче Павлов, Викторија Иванковска, Виктор Семенпеев и Ана Димчевска Семенпеева, ...
Управниот одбор на галеријата е составен од пет члена – еден претставник од Град Скопје (претседател на УО), двајца надворешни членови и два члена од редовите на вработените во Галеријата кои се сменети. Директорот Али Синани вели дека не направил ништо што досега не било направено Новиот директор на Националната галерија на Македонија Али Синани назначил програмски раководител, иако според правилникот за систематизација не постои вакво работно ...
Највисоката награда „Златен стрип“ во конкуренција од 396 стрипа од 13 земји од цел свет учесници на меѓународниот стрип конкурс на Стрип центарот на Македонија-Велес му беше доделена и врачена на Марко Стојановиќ од Лесковачката школа на стрип за сценарио, синоќа на свеченото отворање на 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“ во Европската куќа на млади во Велес. Наградата ја подели со Милорад Вицановиќ Маза за цртеж и Аљоша Томиќ од ...
– Чекав да дојде 18 август, кога мојот пријател, министерот за култура Зоран Љутков, вети дека ќе ја посети меморијалната поставка во чест на Петре М. Андреевски, а по повод мојот објавен текст во кој, врз база на доставени документи од семејството, тврдев дека поставката не се одржува како што треба. Вети и исполни, и на 18 август најпрвин телефонски ме извести што видел, а видел дека со поставката (на Петре М. Андреевски во селото Слоештица), ...
Во просториите на Државното музичко училиште се одржа настан, насловен како „ ЗВУЧНА ОСТАВНИНА – ОД ТРАДИЦИЈА ДО УМЕТНОСТ “, кој е во рамките на БИТФЕСТ, а го означи започнувањето на изучување на нов образовен профил во музичкото училиште – Традициски играч-пејач. Со отварањето на смерот, кој е единствен од ваков профил во регионот, преку младите генерации, продолжува да живее македонската традиционална музика и игра, кои се сржта на ...
Го гледав „Балканкан“ под ѕвезденото небо на Скопје - Зошто ме воодушеви киното на отворено? Уште од првиот момент кога слушнав дека Скопје ќе има кино на отворено, почнав да зборувам дека мора да отидам барем еднаш. А го „фатив последниот воз“, бидејќи летната програма на Cineplexx завршува за десетина дена. Кино во автомобил или кино на отворено секогаш ми биле асоцијација за американските филмови. Кај нас, секој обид да се воведе вакво ...
Во рамките на програмата на 64-тите Струшките вечери на поезијата во хотел Дрим беше отворена изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова Фестивалско издание. На изложбата претставени се 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица. Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да претставува самиот знак. Кога ќе го ...
Фокусот на годинашното 64. издание на Струшките вечери на поезијата, кој стартуваше синоќа, и ќе трае до 25 август, е Глаголицата, како мост кој обединува низ вековите. Токму затоа, за негова промоција подготвени се графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонд, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она што го знаеме како старословенски јазик. Синоќа, во хотел ...
Кантавторот Јон Ајди вчера (21 август) во Скопје го промовираше новиот сингл „Не го крши“ (Don’t Break It). Ајди настапи со бенд во живо, а беше прикажан и видеоспотот за оваа песна. На промоцијата, музичарот кажа дека потпишал договор со американската издавачка куќа „Нвак колектив“. „Песната зборува за токсична врска низ која поминав“, рече Ајди. Видеото го режираше на Ени Вучидолова, а директори на фотографија се Роберт Божиновски и Ени ...
„Силјан“, третиот документарец на Тамара Котевска, кој на 29 август ќе има светска премиера вон конкуренција на Вeнецискиот филмски фестивал, ќе има северноамериканска премиера на фестивалот во Торонто на 6 септември во документарната селекција за награди. Во Венеција, филмот ќе има вкупно 4 проекции, по две на 29 август и на 30 август. Во Торонто следната проекција е на 11 септември. Годинава во Венеција ќе има два македонски филма – покрај ...
Аница Добра некогаш беше симбол на убавина и актерка која воздивнуваше низ цела поранешна Југославија, а дури и денес, децении подоцна, таа плени внимание со својата елеганција и шарм. Нејзиното појавување на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево, каде што прошета во елегантен црн ансамбл, привлече големо внимание. Се одлучи за тесна јакна од три четвртини и долга црно здолниште изработено од сјаен материјал што блескаше. Која е Аница ...
Синоќа на ракометното игралиште во Битола битолската рок група “Паркети“, култен бенд кој остави длабок белег на македонската музичка сцена, со одржување на концерт, во нивни стил, го прослави јубилејот – 30 години од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“.Ракометното игралиште во Битола, синиќа беше најгласната и најживата рокенрол сцена во земјата, на отворено, “Паркети“ пречекаа илјадници љубители на живиот звук од цела ...
На 26 август 2025 година, во “Пионерски – Книга бар” во Битола, ќе се одржи Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ – Поттикнување социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст. Настанот, Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ ќе ги претстави главните резултати од двегодишната работа на проектот: нова наставна програма за социјална иновација, ...
Во Културен и информативен центар Офицерски дом – Битола во организација на Македонско научно друштво – Битола за прв пат се одржа манифестацијата „Книжевни вертикали“ во рамки на Битфест 2025. На 18 август беа направени книжевни портрети на Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска – и двајцата реномирани македонски писатели со бројни награди и објави во странство. За писателите зборуваа проф. д-р Златко Жоглев, м-р Елизабета Јончиќ, Весна ...
Сподели Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“, одбележана со бурни емоции, аплаузи, воздишки и воодушевувања од грандиозниот настап на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое наметна несовладлив интензитет и енергија, помеѓу изведувачите и присутната публика. Се чини дека плоштадот „Млечен“ со крајни напори ги рашири своите прегратки, за да ги прими сите љубители на фолклорот и традиционалниот народен мелос. ...
Како признание за неговиот извонреден придонес во филмската уметност, на актерот Вилем Дефо му беше доделена наградата „Почесно срце на Сараево“ на 31-от Филмски фестивал во Сараево. „Многу сум среќен што сум тука; тоа е вистинска чест. Имате голема среќа што го имате овој филмски фестивал. Фестивалите се исклучително важни, сега повеќе од кога било, бидејќи го одржуваат киното во живот. Никогаш не можеме доволно да ја нагласиме позитивната моќ, ...
Ноел Галагер рече дека тој и неговите колеги од бендот „Оејзис“ се „тотално воодушевени“ од реакцијата на нивната турнеја за повторно обединување по 16 години пауза. Зборувајќи за досегашните концерти во Велика Британија и Ирска, тој рече дека е „горд“ на својот помлад брат, фронтменот Лиам, додавајќи дека „беше одлично што се вратил“ во бендот со него откако долго време беа во кавга. „Оејзис“ свиреа во Крок Парк и Даблин, минатиот викенд, и ќе ...
Во прилог испраќаме соопштение и агенда со денешните активности на 64-тите Струшки вечери на поезијата Август 22, 2025 09:30 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година Пијано сала – „Хотел Дрим“ 10:00 Поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка Пијано сала – „Хотел Дрим“ 11:30 Портрет на Катица Ќулавкова, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024 ...
Пред два дена на неколку локации во Охрид започна снимањето на документарниот филм со работен наслов ПО СТАПКИТЕ НА ПРЛИЧЕВ. Сценарист и режисер е колегата Милчо Јованоски, а филмот планирано е премиерно да биде прикажан на манифестацијата ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2026 и е во продукција на НУ Библиотека „Григор Прличев“, помогната од Општина Охрид. Деновиве пред камерата за Прличев од разни аспекти зборуваа: д-р Кристина Николовска, д-р Димитар Пандев, ...
Концерт посветен на на младиот клавијатурист и композитор Филип Стеваноски, кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе се одржи на 28 август на летната сцена на Домот на културата во Прилеп, во рамките на Прилеп џез викенд. „Тој минатата година настапи на фестивалот со својот бенд и остави незаборавен впечаток. За него ќе свират врвни музичари, пријатели и поранешни членови од неговиот состав, обединети преку музиката што Филип ја ...
Theatra Роденденската прослава ќе се одржи во кафулето “Дамар” во старата турска чаршија, со почеток во 21ч.Тимот на Theatra најавува невообичаен перформанс, претставување на нови проекти, изненадувања за сите посетители и секако, многу забава. Со присуството на настанот и нарачка од специјалното роденденско мени имате можност да го дадете и својот личен придонес за развојот на Theatra. Прославете за независниот театар со Theatra! За повеќе ...
Библија Четири „провинцијалки“ со не многу завидливо минато живеат во и го оживуваат Менхетен. Ќе започнам од Кери Бредшо. Типична „VOGUE“ девојка, кокетка. Одличен писател. Нејзината мисија во животот е да го пронајде г-инот „Вистински“ и да пишува за Vogue, секако „Сексот и градот“ не би бил тоа што е доколку оваа елеганција во движење успешно не ја исполни мисијата. Шарлот Јорк или подобро кажано „татината принцеза“. Таа мечтае по убаво ...
Од денеска до 18 август во Галичник ќе се одржи 36. Ликовна колонија Галичник 2025. Организаторите на Ликовната колонија информираат дека тема на годинашното издание е Постмеморија – Одек на тишината, инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации. ...
Антониа Гиговска побара ѕвездено небо од публиката, ноќ со многу емоции во Штип - Како беше на концертот во чест на Тоше? За некои најемотивниот момент беше кога српската пејачка Александра Радовиќ, во чест на Тоше ја испеа „Чија си“, песната со која тој победи на Беовизија во 2003 година, а на која таа, заедно со Леонтина, ги испеаја пратечките вокали. Вчеравечер во Домот на млади во Штип се одржа вториот трибјут концерт во чест на Тоше ...
Дебитантскиот филм „17“ на Косара Митиќ ја доби наградата на „Авантпост медиа“ на индустриската програма Синелинк – Работа во тек (CineLink Work in Progress) на 31. Сараевски Филмски Фестивал што завршува денеска. Филмот, кој е во фаза на постпродукција, доби услуги во вредност од 30.000 евра во романското постпродукциско студио „Авантпост медиа“ од Букурешт кое е партнер на програмата Синелинк. „17“ на Митиќ беше меѓу 11 проекти во фаза на ...
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во вториот круг за наградата „Драги“ влегоа 22 преведени дела на македонски јазик. Препорачано Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучила во ...
Велес, 21 август 2025 (МИА) – Меѓународниот стрип салон „Велес 2025“, отворен синоќа во Велес, што го организира Стрип центарот на Македонија - Велес веќе 22 години придонесува за развој и афирмација на стрипот во Македонија и светот, оценува Марко Стојановиќ, афирмиран стрип сценарист од Лесковачката школа на стрип од Србија. Тој е еден од тројцата добитници на „Златен стрип“ на годинашниот 22 Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“, а кој ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го одбележа детството на многумина. Со премиерата на новото продолжение на The Naked Gun, повторно се прославуваат ретро комедиите кои со едноставни приказни и смешни, а некогаш и глупави шеги, навистина знаеја да нè расположат. Покрај тоа, голем дел од овие филмови ги гледавме во детството, па за нас ...
На денешен ден, 22 август 1969 година, светот беше сведок на почетокот на една нова музичка ера. Латино-рок бендот Santana, предводен од гитарскиот маестро Карлос Сантана, го издаде својот прв студиски албум — Santana. Албумот претставуваше револуционерна мешавина од латино ритам, рок, блуз, џез и психоделија, нешто што дотогаш не беше чуено на меинстрим сцената. Од самото појавување, албумот привлече огромно внимание благодарение на неговиот ...
Уште една светска премиера од плодната соработка на нашиот, а светски тенор Благој Нацоски и композиторката Дарија Андовска. Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие” од Андовска на деветтото издание на PianoLab фестивалот во Италија. PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, создаден од La Ghironda APS, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси ...