Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Евровизија 2026 официјално започнува вечерва во Виена, а преку овогодинешното издание на најголемото европско музичко натпреварување, публиката ќе ја предводи австрискиот тандем – Викторија Сваровски и Михаел Островски. Тие беа избрани за водители на овогодинешниот Евровизиски натпревар од страна на австриската национална телевизија ORF, која го организира натпреварот по минатогодишната победа на Австрија. View this post on Instagram A post ...
Во петок 15 мај, 2026 година со почеток во 20 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на тукушто излезеното издание на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски. Монографијата ја издаде Темплум, а графичкото уредување беше на авторот. На настанот ќе говорат рецензентите: проф. д-р Димитрије Бужаровски м-р Владимир Таневски, а ќе биде прикажано и кратко видео кое ќе се движи низ страниците од монографијата ...
Куманово, 11 мај 2026 (МИА) - Центарот за култура Куманово распиша конкурс за изложбата „Самоуки 2026“. НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово го објави конкурсот за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“, која е дел од годишната програма за изложби на установата. Од Центарот ги повикаа сите неакадемски уметници од Општина Куманово, на возраст над 20 години, да земат учество на изложбата со најмногу три дела по сопствен ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Деновиве од печат излезе латиничната верзија на српското издание на специјалното издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, („Labudova pesma Zarobljenice vetra“) (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти. Книгата на српски јазик ја преведе познатата ...
Струмица, 12 мај 2026 (МИА) - НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село-едно од најзначајните духовни и културно-историски обележја на Струмичкиот регион, информираа од оваа установа. Се наведува дека храмот, изграден во 1870 година, претставува вредно сведоштво за богатата ...
Преку проектот „Прва уметничка бригада“, младите од Битола и од руралните средини преку креативен процес ги именуваат проблемите со кои живеат секојдневно. Ова не се симболични теми и не се уметничка фикција. Ова се реални состојби што бараат реални одговори. Во рамките на креативниот процес 30 млади од Битола и околината, менторирани од уметницата Љубица Мешкова Солаковска, преку ready-made уметност создадоа уметнички скулптури од веќе ...
Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од ...
12 мај 2026 Специјално од Виена: Валентина Ѓоргиевска Парго Специјален спонзор: Спектра турс- Фудекс Вечерва официјално започнува 70. издание на Eurovision Song Contest 2026 во Виена, и тоа со Првата полуфинална вечер во Виенер Штадхале. Организаторот најавува невиден спектакл, редици луѓе чекаат да влезат. Шоуто почнува вечерва во 21 часот, ќе биде пренесувано и на МТВ, а домаќини се Викторија Сваровски и Михаел Островски. Вечерва ќе ...
На 15 мај во 20.00 часот во Ликовната галерија на Цептарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо” од Ивана Темелкоска. Ова е нејзина прва самостојна изложба, поддржана од Министерството за култура и туризам. „Маркукуле — живо“ претставува фотографски запис на еден ист простор низ различни времиња, состојби и атмосфери, создаден како процес на долгорочно и внимателно набљудување. ...
Канскиот филмски фестивал своето 79. издание го започнува вечерва (12 мај) со програма во која главно ќе бидат претставени нови дела од некои од најпочитуваните автори на уметнички филмови во светот – Педро Алмодовар, Асгар Фархади, Павел Павликовски, Кристијан Мунџиу – но без ниту еден филм од големите хуливудски студија. Фестивалот официјално ќе биде отворен со француската комедија „Електричниот бакнеж“ од Пјер Салвадори, а почесните Златни ...
– Презадоволен сум од начинот на кој се претставивме, како бевме пречекани, но и од присуството и реакцијата на публиката во градовите каде што настапивме. Салите беа полни, а стоечките овации траеја и повеќе од десет минути. Аплаузите завршуваа дури откако ќе се спустеше завесата. Особено сум задоволен од уметниците, младите кадри, но и од поддршката што ја имаме од генералниот директор на МОБ и од Министерството за култура и туризам. Сите ...
Од 14 до 20 мај во Скопје се случува шестото издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, книжевен и културен настан за сите возрасти кој традиционално вклучува богата програма на книжевни вечери, читања и креативни работилници за деца и млади и изложби на македонски уметници. Годинава фестивалот трае седум дена и се одвива на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума“, кафе „Долап“, МКЦ, креативно ...
Љубителите на класичната музика на 13 мај ќе имаат можност да уживаат во несекојдневен музички настан во Камерната сала на Македонска филхармонија. Со почеток од 20 часот ќе се одржи концертот „Рапсодија“, посветен на магијата на четирирачното пијано. Пред публиката ќе настапат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска, кои преку внимателно избрана програма ќе понудат вечер исполнета со емоции, виртуозност и музичка ...
Програмата „Критичко читање низ филмови“ повторно се враќа на КРИК – фестивал за критичка култура, на 12, 13 и 14 мај, во просториите на Буква. Поставена во рамки на пошироката тема на фестивалот, „Грижа: начини да се биде заедно“, која ја промислува грижата не како сентимент, туку како општествена, политичка и етичка практика оваа филмска програма отвора простор за колективна рефлексија и политичко соочување. Во време обележано со ...
Документарниот филм „Газа: Лекари под напад“, кој првично бил нарачан од Би-Би-Си, но подоцна повлечен од програмата поради наводна „перцепција на пристрасност“, ја освои престижната ТВ награда БАФТА. Филмот, кој подоцна беше емитуван на „Channel 4“, ги документира сведоштвата на палестински здравствени работници за нападите врз болниците и клиниките во Појасот Газа. При примањето на наградата, извршниот продуцент Бен Де Пир остро ја ...
Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и ...
На последната јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и Акцискиот план, официјално беа претставени и дел од мерките за инклузија и пристапност предложени од страна на претставничката на „Абилитист (Abilitist)“, Елизабета Јовановска – експерт за пристапност и добитничка на светска награда за иновативни решенија за отстранување на бариерите за лицата со попреченост. Министерството за култура и туризам, ...
„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол. Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите. ...
Во современата архитектура и материјална наука сè почесто се појавуваат идеи што звучат како научна фантастика, но имаат многу реална лабораториска основа. Еден од најинтересните примери е таканареченото „прозрачно дрво“ — обработен дрвен материјал кој може да пропушта светлина и во одредени примени да ја замени функцијата на стаклото. Иако името може да звучи како маркетиншки трик, зад концептот стои сериозна научна работа во полето на ...
Програмата на првиот ден од јубилејниот 20-ти Меѓународен саем на книгата и образованието во Подгорица започна со промоција на два тома од книгата со избрани дела од еден од најзначајните драмски писатели од регионот, Душан Ковачевиќ. Легендарниот писател е автор на култните „Маратонци трче почасни круг“, „Балкански шпијун“, „Ко то тамо пева“ а во новата книгата „Драми“ се содржани 22 драми напишани во период од повеќе од половина век, од ...
Нови научни истражувања потврдуваат дека Охридскиот Регион ги крие најстарите наколни населби во Европа, велат од Центарот за истражување на предисторијата, откако во научното списание „Патримониум“ беше објавен трудот со најновите сознанија за предисториската наколна населба Пенелопа-Охридати на Охридското Езеро. Во трудот за првпат детално се обработуваат стратиграфијата, хронологијата, архитектурата, исхраната, материјалната култура и ...
Во организација на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од 12 до 14 мај ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот за современа музика, како промоција на светското и домашното музичко творештво. Програмата содржи три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници. „Акустичниот простор на Уметничката галерија ‘Безистен‘ на отворањето ќе го облагородат звуците на камерниот состав ‘Трио ...
Културата е најсилниот мост меѓу народите, а во Тирана тој мост го гради жена со визија и извонреден уметнички сензибилитет- Ема Попивода, директорка на Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Албанија. Како реномирана пијанистка со светска кариера, таа сега својата енергија ја насочува кон афирмација на македонските вредности, јазикот и уметноста во срцето на Тирана. Успева да ги спои музичката прецизност со дипломатската ...
„Роза Бојанова има свој посебен поетски код по кој е препознатлива. Специфично за нејзината поетика е употребата на стилски експресивни средства, особено алегории и метафори. Авторката гради сложени поетски слики, во кои се комбинираат мноштво визуелни, аудитивни и тактилни претстави, преку кои се реализира лирското јас. Поетскиот стил се карактеризира со интелектуална густина, со егзистенцијална тензија и со симболичност, а емоцијата не е ...
Музичка младина на Македонија продолжува со концертната серија „Млади за млади“ во рамки на програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се претстави со со уште два концерти оваа недела во Скопје. На 12 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Салон 19:19 при КИЦ – Скопје, ќе настапат младите музичари Лука Костовски – тромбон (класа доц. м-р Димче Белчовски) и Војдан Алексовски – фагот (класа проф. ...
Кан– Филмски ѕвезди од целиот свет се очекуваат на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан денеска, со посебна почит и почест кон новозеландскиот режисер Питер Џексон – автор на познатиот серијал „Господарот на прстените“. Втората почесна Златна палма ќе ја добие американската актерка, пејачка и режисерка Барбра Стрејсенд. Се очекува 64-годишниот филмаџија да присуствува денес на свеченото отворање на Фестивалот на Азурниот Брег на Франција. ...
Во архитектурата, прозорецот никогаш не е само отвор за светлина. Тој е дел од визуелниот идентитет на објектот, начин на комуникација со просторот и елемент што директно влијае врз тоа како човечкото око ја доживува зградата. Токму затоа кружните прозорци, особено големите, монументални отвори со векови имаат речиси хипнотички ефект во архитектурата. Од готски катедрали и медитерански вили до футуристички музеи и современи минималистички ...
На 6 мај 2026 г. со почеток во 17 часот, во салата за промоции на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа промоција на двете најнови изданија на стручниот билтен на наставниците „Разгледи“, како дел од програмата за одбележување на Патрониот празник на СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Стручниот билтен на наставниците „Разгледи“ е формиран во 1999 година заради поголемо информирање и соработка на сите вработени во училиштето во насока на ...
„Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што не ...
Кога принцезата Кејт Мидлтон се појавува во јавност, модниот свет внимателно следи. Нејзиниот стил со години претставува балансирана комбинација од кралска елеганција, современа женственост и суптилен повик кон безвременските модни кодови. Но последното појавување на градинарската забава во Buckingham Palace отвори уште една интересна модна тема, големото враќање на точките, плисираните здолништа и романтичниот винтиџ гламур. View this post ...