Почнува чествувањето на јубилејот 35 години од формирањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија – „Матица македонска“. Во книжарницата на „Матица“ и онлајн преку е-книжарницата, почнува годинешното издание на традиционалниот зимски саем на книгата „Книга во секој дом“. Во текот на Саемот, со јубилеен попуст за читателите ќе бидат достапни изданијата на „Матица македонска“ – од 35% па сѐ до 80%, вклучително и за најновите ...
Дела од најзначајните македонски автори и квалитетни преводи на највредното и најчитаното од светската книжевност – од дела од антиката, преку Чехов до дела од форматот на прозните остварувања на Лусинда Рајли, чијшто роман „Последната љубовна песна“ беше објавен неодамна, капитални монографии, историска литература, стручна литература од повеќе области. Сето ова е опфатено со годинешното издание на „Книга во секој дом“. Во текот на саемските ...

