Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во драматичен натпревар одиграа 30-30 против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А и да обезбедат пласман во големото финале, каде што ќе го бранат трофејот освоен минатото лето. Херој на мечот беше десното крило Дарко Ѓукиќ, кој го постигна последниот гол на натпреварот и му донесе на Охрид ...

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија, откако неговата Олимпија Љубљана на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Нафта. Херој на натпреварот беше Антонио Марин, кој влезе во игра во 63. минута на местото на македонскиот интернационалец Димитар Митровски. Само 16 минути подоцна, измената на Тренчовски се покажа како полн погодок. Марин во 79. минута ја затресе мрежата на Нафта и го ...

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во спектакуларен и драматичен натпревар одиграа 30-30 против Загреб. На домаќинот му беше потребен најмалку бод за да го освои првото место во групата, но до него стигна на најтешкиот можен начин. Загреб во текот на средбата имаше контрола врз резултатот, а во второто полувреме во еден момент стигна и до предност од пет гола. Охриѓани, ...

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027. Станува збор за играч со прволигашко искуство кој потекнува од Струмица. Михаилов е играч од средината на теренот и ќе претставува уште едно освежување во тимот на Мартин Алаѓозовски и треба да претставува вистинско освежување. 22-годишниот Михаилов доаѓа од АП Брера Струмица, а претходно беше дел од Тиквеш, Осогово, Хоризонт Турново, а шест месеци ...

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета лига регион 5 со првиот собир и првиот тренинг на екипата. Од клубот посочуваат дека со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност ќе одат чекор по чекор кон нови успеси. „Започнаа подготовките на ФК Демир Хисар за новата натпреварувачка сезона! Со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност, нашиот тим ги започна подготовките ...

Вардар 1961 е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако македонскиот шампион славеше во директната пресметка за врвот во групата А против Тримо Требње со 28-26. Словенечкиот состав му создаде сериозни проблеми на Вардар и во текот на првото полувреме ниту една од екипите не успеа да направи позначајна разлика. На паузата резултатот беше 11-11, па победникот требаше да се решава во вторите 30 минути. Вардар во ...

Брегалница забележа висока победа од 3:0 над Башкими во меч кој вечерва се одигра во Штип во рамки на 4. коло на Првата македонска фудбалска лига. Брегалница на домашен терен игра во фантастична форма – голманот Амир Јашар има чиста мрежа по вторпат за уште една убедлива победа на домашен терен откако таква висока победа имаше и над Арсими (4:0) од второто коло. „Сините“ одиграа перфектен натпревар, а Башкими стигна до нов висок пораз и со ...

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за сезона 2026/2027. Амбициозниот проект од Штип продолжува да се надоградува за новата сезона. Караколев ветува дека екипата ќе се бори за секоја топка, секој поен и секоја победа до самиот крај. „Капитенот и неговите соиграчи ја очекуваат и поддршката од трибините, затоа што најверната публика отсекогаш била и ќе остане нашиот незаменлив шести играч“, велат ...

Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во првиот натпревар од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, во меч во кој домаќинот долго време беше на чекор до првата сезонска победа. Дуелот на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ започна со иницијатива на кавадарчани. Тиквеш имаше неколку обиди преку Н’Фанли Сила и Окере Виздом, но Наумовски беше сигурен на голот на Скопје. Како што одминуваше првото полувреме, домаќинот успеа да воспостави ...

Дисциплински одлуки по натпреварите од Прва и Втора македонска фудбалска лига. -Се поведува дисциплинска постапка против ФК Струга Трим Лум поради занемарување на обврските, односно необезбедување паркинг-простор за гостинскиот автобус и несоодветно обележување на теренот. -Се поведува дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 поради слаба организација на натпреварот, односно фрлање шише со вода на теренот и скандирање на национална ...

Екипата на Башкими, по првите три кола во новата фудбалска сезона, сè уште е без освоен бод и без постигнат гол. Сепак, она што ги охрабрува раководството и стручниот штаб на кумановскиот клуб е далеку подоброто издание на последниот натпревар против Арсими во Гостивар, каде што и покрај поразот, играта беше на ниво, а недостасуваше само реализацијата. Оптимизмот во таборот на Башкими се базира и на традицијата, со оглед на тоа што клубот ...

Новата ракометна сезона во Македонија ќе започне со голем натпревар за трофеј. Вардар 1961 и Охрид ќе се соочат во битката за Суперкупот на Македонија, а домаќин на дуелот ќе биде Гевгелија. Натпреварот е закажан за 2 септември (среда) во спортската сала „26 Април“, со почеток од 19:00 часот. РФМ одлучи борбата за првиот сезонски трофеј да се одигра на неутрален терен, па љубителите на ракометот во Гевгелија ќе имаат можност да проследат ...

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа изгледот на фудбалскиот терен каде настапуваше ланскиот второлигаш Големо Коњари ќе има далеку подобар изглед, а со тоа и подобри услови за публиката и верните навивачи кои ќе ги следат натпреварите на Големо Коњари во Трета лига регион 4. „Голема благодарност до Фудбалската Федерација ...

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со два натпревари. Утре во 17 часот на теренот на ФФМ ќе се соочат Скопје и Тиквеш, а правдата ќе ја дели Фуркан Идризи негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓиески и Имран Абази а пак четврти судија е биде Ндерим Тефику. Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески, додека пак оператор за ...

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, а нејзини помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Филип Николов, а четврти судија ќе биде Ненад Тодоровски. Делегат на мечот ќе биде Хајро Бабачиќ, а контролор ќе биде Душко Милошески. За Камјани ова ќе биде прв историски домашен меч како второлигаш. Соочување на Новаци и Беласица ќе ...

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако македонскиот шампион го совлада Нексе со 33-27. Со овој триумф „црвено-црните“ направија важен чекор кон големото финале, но за пласман во мечот за трофеј ќе мора да го минат и последниот предизвик во групата. Хрватскиот состав покажа дека нема лесно да се предаде и одлично го отвори натпреварот. Нексе поведе со 8-4 и во ...

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа над Мулти Есенс со 31:26. ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС Домашниот состав уште од стартот на натпреварот покажа сериозен пристап, а на полувремето имаше предност од 15:13. Во продолжението прилепчани ја задржаа контролата врз резултатот и стигнаа до убедлива победа со пет ...

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите членови добија свои маички, а посебна радост им донесе можноста да се фотографираат со своите фудбалски идоли. Токму ваквите моменти се од особено значење за децата, кои добија можност да создадат спомени што долго ќе ги паметат. Од клубот истакнуваат дека целта е да се негува љубовта кон ...

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо Требње со минимални 25:24 го совлада Олимпијакос и по две одиграни средби има четири бода, со што направи голем чекор кон пласман во финалето. Херој на победата беше Урбан Лесјак, поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, кој блесна со дури 19 одбрани и беше прогласен за МВП на ...

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески – Ричко“, ГРК Тиквеш од Кавадарци со 23:22 го совлада РК Бутел Скопје. ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: БУТЕЛ – ТИКВЕШ Скопскиот состав имаше одлично прво полувреме и на паузата замина со 15:11, но Тиквеш во продолжението одигра далеку подобро и чекор по чекор ја анулираше негативата. Најголем ...

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката и за 2027/2028 година. 28-годишниот левокрилен ракометар, висок 186 сантиметри, во новата сезона ќе ја носи деветката на сино-белите. Кеита во Охрид пристигнува од АЕК од Грција, а претходно цели осум сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ, со кој освои голем број трофеи. ...

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот клуб од градот под Исарот. Кам Хамилтон, доаѓа од Шарлот, Северна Каролина, со себе носи големо меѓународно искуство стекнато покрај во САД и во Албанија, Кипар и Полска. Ланската сезона 2025/2026 Хамилтон настапуваше во полскиот шампионат каде имаше блескава статистика со 19,9 поени, 5,7 ...

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото коло на домашен терен загубија со 0:2 од Детонит Плачковица од Радовиш. За Шкупи ова е продолжение на серијата негативни резултати која трае уште од минатата сезона. Во Првата македонска фудбалска лига тимот од Чаир имаше само едно реми, додека забележа дури 32 порази, што ...

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК Академија Мојсов, и им донира фудбалски топки кои се неопходни за тренажниот процес. Од ФК Академија Мојсов информираа дека во ФФМ Детските лиги ќе се натпреваруваат во 2019, 2018, 2017, 2016, 2015 и генерација 2014. Уписите се во тек и вратите на ФК Академија Мојсов ...

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027 да се пријават најдоцна до 25 август (вторник). Сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во новата сезона ќе треба да се пријават во канцелариите на ОФС Кичево за доставување на документи и за понатамошни чекори. По истекот на рокот за пријавување ќе биде познато ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на Лука Ѓеоргиевски. Младиот битолчанец повторно ќе го облече „зелено-белиот“ дрес, откако минатата сезона во пролетниот дел настапуваше за Прилеп. Со прилепскиот тим Ѓеоргиевски го освои првото место во суперлигашкиот плеј-аут, а сега повторно се враќа во составот на Еурофарм Пелистер 2. ...

Брегалница утре во вечерен термин на Градскиот стадион во Штип ќе го пречека Башкими, кој во градот под Исарот доаѓа во многу лоша форма со три порази од толку натпревари. Сепак, младиот Благој Хаџи-Кимов вели дека ова е Прва лига и дека нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој. „Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање ...

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ПАРОВИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим ...

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за дуелите Детонит Плачковица – Охрид Лихнидос и Тетекс – Работнички, кои нема да се одиграат овој викенд. Натпреварите се презакажани за 24 септември 2026 година (четврток), со почеток во 16:00 часот. Така, во рамки на 2. коло од ВМФЛ овој викенд ќе се одиграат останатите предвидени натпревари, додека овие ...

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за офанзивен фудбалер кој најчесто настапува на десната крилна позиција, но може да одговори и на задачите во нападот. Неговата поливалентност во офанзивниот дел од теренот се очекува да биде дополнителен квалитет за тимот. Акинлосоту во Струга Трим Лум пристигнува како млад и перспективен ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
60%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.9
62%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.71
55%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
98%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
60%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
54%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
53%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
84%
1012
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
9.26
70%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
73%
1011
Currency

61.525

Currency

52.552

Currency

71.7053

Currency

37.6693

Currency

38.2474

Currency

65.829

Currency

7.83255

Currency

0.63599

Currency

0.33113

Currency

0.52487

Currency

1.09575

Currency

0.55011

Злато

147970.60

Паладиум

42792.64

Цинк

0.00

Бакар

13.22

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

282926.57

Платина

60346.95

Сребро

2217.98

Калај

56.16

Алуминиум

3.25