Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија. Отвореноста, огледалноста и интертекстуалноста ја прават посебна, оригинална и пријателски настроена спрема читателот. Од тие причини, поезијата на Штрпка е книжевна и духовна придобивка која ги надминува рамките на Словачка. И во случајот со поезијата на Штрпка може да се каже дека – она кое постигнало степен на совршенство, не познава просторни и ...
„Распеано рибарче“ годинава полни 27 години а ова е 26 фестивалско издание кое годинава ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Оваа чудна пролет со снег, дожд ама и сонце е плодна на музичко – изведувачки план, ќе бидат изведени дури 33 нови детски песни. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе има 38 изведувачи а со балетските точки на сцената ќе продефилираат над 90 деца од нашиот убав Охрид. Во нив има нови детски ...
Францускипт музичар и светска ди џеј сензација, Хугел, го означи крајот на празничниот илинденски викенд, покрај езерскиор брег. За време на настапот во еден момент, тој го го развиори македонското знаме, покажувајќи почит кон празникот и кон Македонија. Синоќешниот перформанс е показател зошто овој миленик на младата публика во светски рамки е еден од најбараните музички продуценти, диџеи и изведувачи. Првите чекори кон славата ги направи со ...
Синоќа беше една од оние ѕвездени вечери за памтење, кога песната, гласот и чувствата се погласни и кажуваат повеќе од било кој искажан збор. Јелена Томашевиќ покажа и докажа зошто со години наназад публиката и музичката критика ја вбројуваат во водечките женски вокали, на поранешните југословенски простори. Пленејќи со енергијата и со желбата да направи нешто прекрасно, тоа и го стори, од мелодиите на ,,Кошава” и ,,дождовите кои што се движат ...
Кога мислевте дека летото полека ни бега, Пајак реши да нè врати на плажа со својата најнова песна – „Марија“. Новиот хит веќе е пуштен на YouTube и за неколку часа собра куп позитивни реакции – и не е чудо! „Марија“ е вистинска летна бомба, песна што крева од столица и ве тера да се сетите на сите авантури од ова лето. За музиката се потпиша самиот Пајак, текстот е во тандем со Елвир Мекиќ, а за препознатливиот „свеж“ звук заслужен е Иван ...
Сликовницата „Битолскиот клавир Петко“ на авторката Елена Наумовски ќе биде промовирана в понеделник (19 часот) во книжарницата Book’s House во Битола. Илустрациите се дело на Мирјана Бубевска. Нејзиниот автентичен стил ги оживува бајките носејќи на ,,сцена“ ликови во кои ќе се вљубите на прв поглед. Авторката и илустраторката најавуваат дека ова е само почеток – планот е да се создадат сликовници за сите градови во земјата, за на младите ...
Ќе се снима биографски филм посветен на легендарната ирска пејачка Шинед О’Конор, која почина во 2023 година на 56-годишна возраст. Како што пренесува „Вараети“, филмот ќе се фокусира на раните години од нејзиниот живот и почетоците во музичката индустрија. Режијата ќе ја потпише Џозефин Декер, а зад проектот стои ирската продуцентска куќа „IE: Entertainment“, позната по документарецот „Nothing Compares“, кој исто така ја раскажуваше приказната ...
Ријана официјално се врати на музичката сцена со нова песна, дел од саундтракот за претстојниот анимиран филм „Smurfs“. Нејзиниот сингл „Friend of Mine“ е објавен на 13 јуни и ја најавува новата соработка на поп-ѕвездата со филмската и анимирана индустрија. Покрај тоа што ја изведува водечката песна, Ријана го позајмува својот глас за главниот лик во филмот и е вклучена и како креативна продуцентка. Премиерата на филмот се одржа на 28 јуни во ...
Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, вечерва со прекрасна програма за битолската публика. Љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во извонреден концерт на триото „Интерарт“, составено од уметниците: Емилија Ристевска Стефановска (флејта), Александар Стефановски (флејта) и Татјана Божиновска (пијано). Прекрасната вечер на класичен сјај и виртуозност ќе го исполни Офицерскиот дом со почеток од 20 часот и најавува ...
Сузана Спасовска е родена во Скопје на 24 август 1964 година. Таа е македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 25 самостојни аудио, двд и видео изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и има настапувано на речиси сите фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“, „наследничка на Васка Илиева“ . Позната ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 295, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-24.8.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со словенечката режисерка и продуцентка на документарни филмови Петра Селишкар: Животот со планината ни стана лекција за човечката маленкост – разговор со авторот на анимирани филмови Крсте Господиновски: Создавањето ме ...
Претпладневните викенд-термини на „МакеДокс“ се резервирани за двата мастеркласа, кои годинава се одржуваат во „Лабораториум“. На првиот мастерклас, што се одржа на 23 август, беа претставени проектите „Солар синема“ и Патувачкото кино на „МакеДокс“, кои имаат сродна мисија во однос на прикажувањето филмови во неформални и амбиентални околности. Проектот „Солар синема“ го претстави Морин Принс, режисерка, монтажерка и продукциска дизајнерка од ...
Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска во резиденцијата во Охрид примила делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата. -Дружењето со господарите на зборот, нивното височество поетите покрај брегот на бисерното Охридско Езеро е посебно естетско и духовно доживување. Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од в.д. директорот, Никола Кукунеш заедно со добитниците ...
Фестивалот „БОШ“ и годинава во Гевгелија го отвора својот „слободен терен“ за урбана креативност преку мултимедијална програма – спој на изложби, филмови, видео-арт, инсталации и музика. „На 29ти и 30ти август со настани во Домот на културата, Амамот и стариот пазар, ќе завибрираме со ритамот на гевгелиското лето“, посочуваат организаторите. Тие потсетуваат дека „БОШ“ е повеќе од мултимедијален фестивал и платформа посветена на креативното ...
Поетската книга „Кораб“ од македонската поетеса Ратка Колева-Дамњановиќ е годинашен добитник наградата „Стојан Христов“ за 2025 година за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамките на 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. „Нејзините песни користат универзални мотиви и симболи – љубовта, осаменоста, поминувањето на времето, природните слики , но секогаш остануваат вкоренети во лично ...
Англискиот диџеј и продуцент Џекс Џонс ќе настапи на 7 септември во Градскиот парк во Струмица, на фестивалот „Гет егзит“. Џек Џонс, кој беше номиниран за Греми, претходно гостуваше во Скопје во март, на фестивалот „Електроник ритрит“. Роден е на 25 јули 1987, и стана популарен во 2014 со синглот број еден на Дјук Думонт „Те имам“ (I Got U). Потоа ги издаде своите синглови „Не ме познаваш“ (You Don’t Know Me) со Реј во 2016, па дуетот со Деми ...
Со енергија која ја полни сцената, со жар кој допира до срцето, и со талент што го надминува нивното искуство — младите актери од Едукативниот центар „Едусфера“ оставија незаборавен впечаток на битолската културна сцена. Театарската претстава „Зет за Кристина“, изведена во рамките на БИТ ФЕСТ, беше повеќе од аматерска претстава — беше вистинска прослава на младинската креативност и театарски дух. Публиката бараше место повеќе, а оние кои беа ...
Фото: Тоше Огњанов Љубов. Збор што ќе го изустите во еден здив, во еден миг, или во два и пол часа. По една буква на половина час. Длабока, тешка, бунтовна, драматична, сепак нежна, искрена, откорната од себе и подарена на луѓето. Љубов кон нашите љубени, кон оние што веќе ги нема, кон светот, кон Бога. Со сета своја љубов богатена и богатена со децении, точена и преточена во поезија и музика Ник Кејв синоќа ја опсипа публиката во Скопје. Ја ...
Збирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП), соопшти жирито на денешната прес-конференција. Претседател на жирито е Санде Стојчевски, членови се Зоран Анчевски, Иван Џепароски и Лулзим Хазири, а Иван Антоновски е секретар. „Големото творечко љубопитство, најверојатно, е мотивот Јулијана ...
Истражување на циклусот на материјата е заедничката уметничка потрага на уметниците од Македонија, Грција и Албанија-трите земји што се среќаваат на тромеѓето на Преспа, кои учествуваат во заедничката изложба „По Материјата“ што од 28 – 31 август 2025 година ќе се одржи во Агро кооперативата на производители на грав од Националниот Парк Преспа „Пеликан“, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото културно здружение „Дитикес пинелиес“ (Западни ...
Групата „Next to Silence“ ќе одржи концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија на 24 август, недела, со почеток од 18 часот, во рамки на „Prilep Jazz Weekend“. „Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во анплагд издание, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми. Концертот се одржува во рамки на ‘Prilep Jazz Weekend’, со што се афирмираат алтернативни простори за концертни настани, а ...
Ретроспективната изложба „Бојата на мојата душа“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски сликари, Ангел Петров, на 25 август, понеделник, од 19:30 часот во просториите на Ликовниот салон во Велес. „Изложбата претставува патување низ неговото богато творештво на 87 неизложувани дела: пејзажи, актови и коњи, што ја отсликуваат длабочината на емоцијата, јазикот на боите и искреноста на уметничкиот израз“, се вели во ...
Под мотото: „Кому му е гајле за реалноста?“, Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс се отвори по 16. пат, синоќа (21 август) во Куршумли ан, со високо кренати главици кромид во рацете на екипата и волонтерите, како традиционален поздрав до публиката. „Во овие осум дена, на пет различни локации, ќе можеме заедно да погледнеме повеќе од 75 филмови, да учествуваме во бројни дискусии со авторите по проекциите, да бидеме дел од два мастер ...
Славиот австралиски музичар Ник Кејв ја освои македонската публика со емоции, без патетика, со енергијата, страста, емоциите, со спојот на поезија и рокенрол на синоќешниот концерт (22 август) на Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Тричасовниот скопски концерт беше дел од неговата соло турнеја, без бендот „Бед сидс“, а го придружуваше само басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд. Дел од почетокот на концертот се поклопи со натпреварот ...
Синоќа во Ликовна галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков. Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази. Отворајќи ја ...
Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски се закити со три награди на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Дебитантското долгометражно остварување освои „Перспективи на младите“, наградата на порталот „Cineuropa“, како и Уникредит наградата на публиката за најдобар игран филм. Жирито посочи дека специјалната награда „Перспективи на младите“ се доделува за ведра и хумористична, но и трогателна приказна, која ...
Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година словачкиот поет Иван Штрпка во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 64. издание на Меѓународната поетска манифестација. Претходно на прес-конфереција ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Во потесен избор ...
Нашата обврска е до 1 февруари 2026 година со Република Албанија да доставиме извештај за напредокот во заштитата на Охридскиот Регион. Тоа е предизвик, но и можност да покажеме дека кога станува збор за национален интерес, можеме обединето и одговорно да делуваме, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на вчерашната седница на Националната комисија за УНЕСКО. На состанокот се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 47. Сесија на ...
Комплексна градба со неколку глинени структури (сандаци), извонредно сочуван компактен под, садови сликани со импресивни орнаменти карактеристични за Пелагонија, открија археолозите на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука. Ова е десетта сезона археолошки ископувања на локалитетот што ги спроведува Центарот за истражување на предисторијата и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп. – Целта на ова мултидисциплинарно ...
Млади луѓе, публика на која и е гајле за добар филм, видовме синоќа на отворањето на 16. „Македокс“, што беше отворен во Куршумли ан во Скопје. Високо кренати главици кромид во рацете на екипата и волонтерите е традиционалниот поздрав до публиката на отворањето на фестивалот на креативен документарен филм. Од името на екипата се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков, кои прво упатија благодарност до публиката што беше присутна во Куршумли ан на ...