Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано со радост се подготвува за концертот на 7 март во салата „Борис Трајковски“, за кој вели дека сценски ќе биде на високо ниво. Овој концерт доаѓа седум години по претходниот во истата сала, а Лозано за себеси вели дека оттогаш е музички посигурен, а приватно е посмирен и со појасни приоритети. Негова инспирација сега е синот Марко, кој се роди во октомври 2024. „Овој концерт ќе биде поразличен затоа што ...

Еден од најомилените македонски изведувачи, кичевчанецот Влатко Лозаноски – Лозано, денес ја претстави својата сосема нова песна „Купи ме“, со која воедно го најавува и својот голем концерт во март. Песната доби и видеоспот што ја збогатува приказната и ја засилува емоционалната порака. Во главната женска улога се појавува манекенката Марта Михајловски, а режијата е потпишана од Гордан Божиновски, со продукција на Верица Донев Божиновски. ...