Словачка – Македонија 24:31 е исходот од првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на СП 2027. Квалитетно издание на четата на селекторот Кирил Лазаров. Едноставно Македонија го искажа својот квалитет, иако реално оваа предност можеше да биде уште поубедлива. Но и вака е добро, ако се знае дека реваншот се игра во недела во Скопје, каде треба да ставиме заверка на пласманот на Мундијалот. Не смее да биде поинаку, зошто вечерва покажавме ...

Македонија е на чекор до нов пласман на едно големо натпреварување. Вечерва во Прешов во рамките на првиот натпревар од бараж двомечот со Словачка, нашите ракометари славеа убедлива победа со 24:31. Одлична Македонија, разиграна Македонија, иако искрено можеше да славиме уште поубедливо. Сепак селекторот Кирил Лазаров е задоволен и јавно им честиташе на своите избраници на победата по мечот: “Честитки за ангжманот на играчите. Не очекував ...