Општина Гевгелија со свој штанд учествуваше на годинешниот 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија. Прифаќајќи ја поканата на Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Република Македонија, Општина Гевгелија на оваа престижна туристичка манифестација ги промовираше туристичките потенцијали на гевгелиското поднебје. Со самото учество, локалната самоуправа ја продолжи својата заложба за промоција и развој на туристичките ...

Сподели Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС организира интерактивен изложбен настан во чест на Обичајот Мартинки, нематеријално културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Настанот ќе се одржи на 28 февруари 2025 во Јуроп Хаус Скопје од 10:00 до 18:00 часот, каде посетителите ќе имаат можност да се запознаат со оваа вредна традиција. Како правен носител на Обичајот Мартинки ви УНЕСКО, ХАЕМУС ...

Кинотеката на Македонија е национален филмски архив формирана со Закон во 1974 година како Кинотека на Македонија, и се занимава со прибирање, чување, заштита, обработка, истражување и презентирање филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено на националното филмско наследство. Покрај тоа, Кинотеката ги прибира и филмовите и филмските материјали кои се однесуваат за Македонија, а се ...

На барање на публиката повторно изведба на детската претставата „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ во САБОТА, 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот. „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, ...

На 26 февруари во Македонска опера и балет со почеток во 19 часот, концерт ќе одржи маестро Симон Трпчески за промоција на специјална донација – концертно пијано за Факултетот за музичка уметност – Скопје! Многу работи се чинат невозможни, а еве денес броиме ситно до еден голем концерт за промоција на широкограда донација за Факултет за музичка уметност – Скопје – концертно пијано Feurich. Сè станува возможно, ако се вклучат добри луѓе во ...

Утре од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски. Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опее чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него. Стихозбирката е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Промотор ...

Во 14 часот денеска ќе се одржи online-претставување на два универзитети од Бугарија, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Настанот ќе се одржи на следниот линк: http://meet.google.com/abh-powz-esa Вишата школа за осигурување и финансии – Софија и Медицинскиот универзитет – Плевен ќе ги презентираат условите за аплицирање и ќе одговорат на вашите прашања. Дополнително, ќе ве информираме за претстојната средба со претставници ...

НУ „Завод и музеј“ Струмица за оваа година ќе располага со зголемен буџет за повеќе од 2 милиони денари во споредба со лани за реализирање на програмските активности на музејската дејност, како и на секторот за заштита и конзервација на недвижното културно наследство финансиран од страна на Министерството за култура и туризам и тој изнесува 6.490.000 денари, истакна на денешната прес конференција в.д.директорот на оваа установа, Бранко Ѓоргиев. ...

Вториот циклус на мултимедијалниот настан „Клинци“ ќе се реализира в петок (28 февруари) во 20 часот во Јуроп хаус во Скопје. Станува збор за шесто издание на кое ќе бидат претставени четворица млади книжевници и една млада визуелна уметница. На „Клинци“ ќе читаат: Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Бисера Стефановска и Емануела Ковачевска Китановска. Ќе биде отворена и изложба на фотографката Емилија Трајковска. Модератор на настанот ќе биде ...

Љупчо Коцарев е роден во на 25 февруари 1955 година во Скопје. Основно, средно и високо образование (Електротехнички факултет) завршил во родниот град. Магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во периодите од 1985 до 1999 година и од 2007 до 2011 година бил вработен на Електротехничкиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско ...

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе ќе настапи тенорот од Кина, ...

Легендарната американска аренби и поп пејачка Роберта Флек, која се прослави со песните „The First Time Ever I Saw Your Face“ и „Killing Me Softly With His Song“, почина на 88 години, објави нејзиното семејство. Родена во музичко семејство, Флек се сметала за музичко чудо од дете откако на 15 години била примена на Универзитетот Харвард со полна школарина. По дипломирањето почнала да настапува во ноќни клубови, пред да потпише за „Атлантик ...

Македонскиот народ има свој уникатен светоглед кон небото, има свои имиња за соѕвездијата, небесните појави и месечевите мени кои биле важен дел од секојдневниот духовен живот на македонските села, а наскоро тоа може да биде признаено од УНЕСКО како македонско духовно културно наследство, вели Ванчо Стојкоски, претседател на Македонското истражувачко друштво, кој учествува во апликацијата за “Етноастрономската карта на македонскиот народ„ во ...

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот што ќе се одржи на 17 февруари од 20 часот во Филхармонијата. Како солистка ќе настапи трубачката Селина От од Австрија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се два концерта за труба и оркестар од Томази и Хајдн и Симфонијата бр. 2 од Брамс. Селина От ја доби наградата Opus Klassik во 2021 за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“. Како прва жена во 70-годишната ...

Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола и оваа година во Програмата за култура за 2025 година има предвидено и поддршка на програмски активности и настани на културно уметничките друштва, соопштија од Општина Битола. Во информацијата се вели дека предмет на јавниот ...

Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје, денес, организираше приватна обиколка за медиумите на изложбата „Остен биенале Скопје 2024 и 80 години Остен“, во чест на грчките добитници на наградите: Тодорис Трампас, Пантелис Цацис, Лиа Лапити и за најдобра групна презентација – BUFF Group. Симболично, на изложбата која свечено беше отворена на 6 февруари, во НГ „Чифте амам“, изложуваат 80 наградени уметници и финалисти ...

Минатата недела во НДК се одржа премиерата на документарниот филм „Милен“, посветен на новинарот Милен Цветков. Документарната приказна го опфаќа животот и професионалниот пат на еден од најбескомпромисните бугарски новинари. Филмот вклучува интервјуа со колеги, пријатели и роднини на Милен Цветков, како и архивски снимки од неговите емисии и интервјуа. Режисери и сценаристи на документарниот филм „Милен“ се Веселин Диманов и Димитар Стафидов. ...

Сцената на Драмскиот театар „Адријана Будевска“ ќе биде дом на една емотивна исповед на која никој не може да остане рамнодушен. Продукцијата е заснована на истоимениот роман на Неделко Славов, а режијата е дело на самиот Донков, чија склоност кон експериментирање доведува до посебен филмски импакт на претставата. „Камбаната“ е приказна за човечкиот дух, за искупувањето и за моќта на љубовта и верата. Публиката ќе стане соучесник во катарзата и ...

Скопје, 23 февруари 2025 (МИА) - Словенечкиот центар - Скопје по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден 2025 организира вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во Младинскиот културен центар Скопје. Соња Каранџулоска работела во Македонскиот народен театар во Скопје и е позната театарска, филмска и телевизиска глумица која има словенечко потекло. На прославата, како што информираат од Словенечкиот центар - Скопје, ќе ...

Македонската актерка Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма Berlinale Talents коja ќе одржа во рамките на овогодишното издание на Берлинскиот филмски фестивал, еден од најзначајните филмски фестивали во светот. На 23. издание на оваа програма Ристоска е избрана помеѓу 3.836 апликанти од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот. Горди сме што македонската актерка Тамара Ристоска беше единствениот учесник од регионот во ...

Во среда, на 26 февруари, во просториите на Везилка, ќе се случи претставувањето на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, една од најзначајните македонски авторки. Овој роман, кој носи највисока книжевна награда во земјава, претставува длабока и влијателна истражување на сегашните македонски услови, особено на начин кој ги изнесува на виделина несреќите што водат до човечкото внатрешно отуѓување. „Единствен матичен број“ ...

Американската глумица Џејн Фонда синоќа ја доби наградата на „Здружението на глумци – Американска федерација на телевизиски и радио-уметници (САГ-АФТРА)“ за животно дело. Во говорот потоа, таа се осврна и на новите политички збиднувања. Имено, говорејќи за одговорноста на актерот да се соживува со ликовите што ги глумат, посочувајќи го Себастијан Стен како добар пример, Фонда очигледно целеше кон претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесува ...

На 1 март, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена една од најпознатите и најомилени опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Ова безвременско музичко ремек-дело ја раскажува приказната за заводливата и независна Кармен, жена која го освојува срцето на војникот Дон Хозе, но љубовта меѓу нив завршува трагично. Во насловната улога ќе настапи мецосопранот Николина Јаневска, додека улогата на Дон Хозе ...

Екипата на популарниот регионален сатиричен сајт „Њуз.нет“ ќе гостува во Скопје на 22 март. Настанот ќе се одржи во Центар Јадро со почеток во 20:30 часот, а билетите се по цена од 800 денари. Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, кои се автори и сценаристи на „Њуз.нет“ и дел од емисијата „24 минути со Зоран Кесиќ“. „Њуз.нет“ постои од 2010 и објавува измислени вести под слоганот „вести во ...

Во вторник, на 25 февруари 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан францускиот игран филм „Само ние двајца“. Тобијас и Алмат се спојуваат на една ненадејна средба што ќе ги промени нивните животи. Преку снимката од нивниот заеднички живот – заљубување, градење дом, создавање семејство – се открива тешка вистина која ги тресе темелите. Како што тргнуваат на ново животно патување, предизвикани од ...

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 април во Филхармонијата, објави „Евентум“. Таа последен пат настапи во Скопје на 27 октомври лани. На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Лани во Скопје ја испеа нејзината верзија на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, што ја сними за албумот на браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“ од 2012. Народната ...

На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗЕМЈОТРЕС, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе ...

Издавачки центар ТРИ продолжува да ја следи европската книжевна сцена и во домашно издание на македонски јазик ја објави популарната графичка новела од француската авторка и илустраторка Катрин Мерис со наслов „Големите пространства“. Книгата е во превод на Офелија Ковиловска, од оригиналниот француски текст. „’Големите пространства’ е прекрасен потсетник дека уметноста и природата – сè што расте, сѐ што живее наспроти сите препреки, секогаш ни ...

Пред неколку дена од печат излегоа романите „Смртта на девојчето со кибритчињата“ и „Додека ја преминуваш реката“ на еден од најпопуларните и наградувани современи хрватски писатели, Зоран Фериќ. И двата романа се во превод на Владимир Јанковски. Смртта на девојчето со кибритчињата е првиот роман на Зоран Фериќ, објавен во Хрватска во 2002 година по неколкуте успешни збирки раскази. Наизглед едноставната криминалистичка приказна за убиството на ...

24/02/2025 10:50 - МРТ

Зачинети холивудски приказни од линијата на фронтот. Зборува за филмскиот бизнис одвнатре, за гнев, задоволство, цинизам и општа недоверба и страв од следната криза. Со Де Ниро глумат познати актерки како: Кетрин Кинер, Брус Вилис, Шон Пен, Робин Рајт Пен, Стенли Тучи, Кристин Стјуарт и Мајкл Винкот. Како бесна воденица која меле се што ќе наиде, минува една недела во животот на продуцентот Бен (Р. Де Ниро), кој се бори со изопачениот режисер ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.69
62%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
61%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.34
42%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.23
50%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.74
51%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
56%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
41%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.06
59%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.94
61%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
83%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.92
47%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
0.88
85%
1012
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1037.98

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68