Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 13 различни јазици, соопшти издавачот „Антолог“ ...
Крива Паланка, 20 август 2025 (МИА) - Во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка беше промовирана книгата "1999 година", семеен дневник напишан во дванаесетерец, од Драган Стојановски. -Драган Стојановски уметнички ја реализира идејата да го претстави својот емоционален вознес од сопствените доживувања и случувања од 1999-та, последната година од претходниот милениум, од сознанието дека природата и природното се неговото ...
Под мотото „Човечка интеракција“, ова лето Градскиот парк во Битола повторно ќе пулсира во ритамот на музиката, уметноста и заедништвото. Утревечер и на 23 август ќе се одржи 4. издание на музичкиот фестивал „Парко“, кој ветува два дена исполнети со летна магија, дружење и инспиративни креативни активности. Фестивалот ќе донесе настапи од врвни артисти: DJ Iron Curtis (Германија), Lufthanza, Bon Praskiza & Donpleya, Herzel, Dejan Dex, ...
Ана Франговска, кустос-советник и одговорна за проектот тврди дека се нафатила да работи со реномираниот уметник од Албанија иако користела годишен одмор. Директорот Али Синани во 5 до 12 го одложил неговото доаѓање Три историчарки на уметност, искусни кустоси со реномирани биографии кои со години работат во Националната галерија на РС Македонија и беа противкандидати на новиот директор на Галеријата, Али Синани, тврдат дека веќе се соочуваат со ...
Енергичниот настап на виртуозот на изворни народни инструменти, Стефче Стојкоски во придружба на ансамблот „МакЕдинство“, ја одбележа втората вечер во рамки на „Карпошовото културно лето 2025“. Во спонтана атмосфера пред многубројната публика, искусните музичари се претставија со широк опус на староградски изворни македонски песни и ора кои ги воодушевија присутните посетители. Нивниот концерт беше заокружен со живописната сценографија и ...
Охрид, 20 август 2025 (МИА) – Културните збиднувања во Охрид по завршувањето на „Охридско лето“ продолжуваат веќе од утре, кога почнува 16.издание на Меѓународниот хорски фестивал. „Охридскиот хорски фестивал“ претставува една од манифестациите што ја одржуваат културната рамнотежа на Охрид. Вљубениците во хорското пеење наредните денови ќе можат да уживаат во изведбите на уметниците од 21 хор од неколку европски држави. За нивните настапи и ...
Синоќа , на 20.08.2025 во просториите на Европската куќа во Велес беше отворен 22 Мегународен стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во нашата дрежава. Пред многите стрип фанови , организаторот ги додели следните награди и признанија Прва награда „Златен стрип”: „Мрак” – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија Втора награда „Златен стрип” – „Back to the past” – Никола Видачковиќ, Србија (сценарио) и ...
Топла препорака филмот „Виктор“ да го погледнете на „МакеДокс“ на 22 август во 23 часот во Куршумли ан. „Војната не е сè во животот. Воопшто. Војната е најверојатно возбудлива за едни, но сè е реалистично таму, не е романтично како што си мислиш.“ Ова е една од мислите водилки на документарецот „Виктор“ на францускиот режисер Оливие Сарбил, што ќе биде прикажан на претстојниот „МакеДокс“ на 22 август во 23 часот во Куршумли ан. Филмот е ...
Кочани, 20 август 2025 (МИА) - Фолклорниот ансамбл „Мугри“ при Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани веќе пристигна во Тиват, Црна Гора, каде денеска започнува шестиот Меѓународен фолклорен фестивал „Коло без граници“, во организација на КУД „Бока“. Членовите на ФА „Мугри" ќе настапат на два концерти со по две кореографии. На првиот концерт ќе се претстават со сплетот од ора „Водарки и сплетот „Потрчулка". На вториот ќе ...
Фестивалот „Охридско лето“, најголемата музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, ова лето го одржа своето јубилејно 65. издание со богата програма во која учествуваа врвни уметници од областа на класичната музика и театарот. Настаните се реализираа пред преполни гледалишта, истакна директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски. „Од самото спектакуларно отворање на 12 јули, морам да изразам огромно задоволство од тоа како помина целиот ...
Гевгелија, 20 август 2025 (МИА) - Вечер на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“ е монодрамата „Прво лице еднина“ во изведба на актерката Владанка Крстевски од НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово. Како што се наведува во информацијата, објавена на општинската фејсбук страница, монодрамата е авторски текст на актерката Владанка Крстевски, инспириран од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа ...
Отворањето на 16. „МакеДокс“ ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Како што објаснуваат од фестивалот, филмот „Бардо“ (Чешка, Словачка / 2025 / 27 мин.) носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. ...
Заврши снимањето на осмиот филм на Милчо Манчевски, „Збогум, Копакабано“. Социјалната трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје, започна да се снима на 15 јули. „Заврши снимањето. “Збогум, Копакабано” – побрзо од планираното, во предвидениот буџет, со богати слики и монументални улоги. Наспроти иницијалните сопки од филмската мафија. Фала на секој поединец во исклучително посветената меѓународна екипа. Никогаш не сум доживеал ...
Лондонскиот дистрибутер Dogwoof ги откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ (The Tale of Silyan), најновиот документарец на Тамара Котевска. По успехот на „Медена земја“, ова е нивна втора соработка, а вклучувањето на Dogwoof е силен индикатор дека филмот се смета за кандидат за Оскар. „Сиљан“ ќе има светска премиера во Венеција 2025 во селекцијата Out of Competition, а потоа и северноамериканската премиера во Торонто, во ...
Неговите скулптури се поставени и добро чувани во над 20 земји во светот, но не и дома. Скулпторот Сашо Саздовски е револтиран поради оштетувањата на постаментот на неговата мермерна скулптура „ Бесконечна циркулација“ , поставена на кејот на Вардар , пред ГТЦ. На неа и недостасува и плочката со информации за авторот и делото. Уметникот се сомнева дека оштетувањата се направени кога се менувале плочките на шеталиштето на кејот. Покрај оваа, ...
Интересно е што оригиналната музика за „Силјан“ ја потпишуваат Џо Вилсон Дејвис и Хун Оукпарк, композитори од студиото на Ханс Цимер. Цимер е германски филмски композитор познат по музиката во филмовите „Интерстелар“, „Гладијатор“, „Дина“, „Почеток“ (Inception), „Пиратите од Карибите“… Најновиот документарец на Тамара Котевска „Силјан“ (The Tale of Silyan) по својата светска премиера која ќе ја има наскоро во селекцијата Out of Competition на ...
Потпишувањето на Меморандумот на Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт за истражување, вчера, го врати од заборав римскиот град Скупи, едно од најзначајните археолошки места во Македонија, лоциран на падините на Зајчев Рид и оддалечен одвај пет километри од центарот на Скопје. Локалитетот, дотогаш запуштен, со густа вегетација, диви животни и отпад, „блесна“ уреден, со искосена трева и исчистени патеки, за ...
Отворањето на 16. „МакеДокс“ ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на ...
Утре, 21 август во 10 часот почнува 64-то издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка. 10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година Парк на поезијата 12:30 ...
64-тото издание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува утре, 21 август. Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе почне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка (10 ...
Во рамките на културниот настан „Бит Фест“, во книжарницата Book’s House се одржа промоцијата на сликовницата „Битолскиот клавир Петко“ од авторката Елена Наумовски Нена, со илустрации на Мирјана Бубевска. Настанот се одвиваше во волшебна атмосфера и предизвика огромен интерес кај публиката. Целиот прв тираж на книгата беше распродаден уште за време на промоцијата, а веќе се печати ново издание кое наскоро ќе биде достапно во книжарата Book’s ...
Охрид, 20. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – „Продолжи да сонуваш“ е насловена самостојната изложба на слики на професорката Жанета Стаиќ, што во вторник, 26-ти август, ќе биде отворена во Охрид. Жанета Стаиќ е родена во Штип, дипломира на отсекот за графика со графички дизајн на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во 1997 година. Од 2010 година живее во Охрид, а од 2016 година е вработена како професорка по ликовна уметност во ОЕМУЦ „Св. Наум ...
Од 10 до 13 септември годинава во скопската општина Аеродром ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Претставите ќе се одиграат во Парк Аеродром (Авионче). Селектор на Фестивалот е Роберт Ристов, а жири-комисијта ја сочинуваат: Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мими Ристов. На 10 септември во 20 часот, Фестивалот го отвора Градско позориште Јазавац – Бања Лука, Босна и Херцеговина со претставата ...
НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката помеѓу фестивалите, како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички. Спогодбата ја потпишаа директорот на НУ ...
На денешен ден во 1950 година во Скопје е роден Столе Попов. Тој е еден од најзначајните филмски режисери кои остави траен белег во историјата на македонската филмографија. Препорачано Попов дипломира филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1973 година, во класата на професорот Радош Новаковиќ. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови. Во периодот од 1974 до 1978 година, Попов има статус ...
Репертоарот на класична музика на годинешното 65.издание на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер беше заокружен со концерт на извонредните уметници на хармоника од „Моушн трио“ од Полска. Нивниот настап во црквата „Света Софија“ се одржа во рамките на традиционалната Полска вечер што секоја година се одржува на фестивалот. Вечерта ја отвори полскиот амбасадор во земјава, Мариуш Бримора. -Чест ни е што нашите полски уметници ќе бидат завршница ...
Англискиот дистрибутерски гигант Dogwoof од Лондон го откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. Dogwoof е компанија позната по современи документарци со Оскар и BAFTA номинации, а ова е нивна втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“. Вклучувањето на Dogwoof е силен индикатор дека „Сиљан“ веќе се гледа како сигурен кандидат за престижната ...
По црвениот килим екипата на филмот „DJ Ahmet“ го прослави својот момент на 31. Сараевски филмски фестивал со радост и емоции. „Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги Унковски имаше регионална премиера во конкуренцијата за наградата Срцето на Сараево на 31. Сараевски филмски фестивал. „Диџеј Ахмет“ ќе го затвори и 46.издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој ќе се одржи од 20 до 26 септември. Ова ќе биде и ...
Актуелниот директор Али Синани вели дека секој треба да добие шанса да покаже што може, а тој со своето искуство од долгогодишниот живот во Швајцарија може многу да придонесе во развојот на Галеријата Трите противкандидатки на д-р Али Синани, новиот директор на Националната галерија на РС Македонија, Маја Неделковска-Брзанова, кустос-советник (во тоа време в.д. директорка на Галеријата), Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос и д-р Ана ...
Фотографката Нина Рудиќ со изложбата „БруталСкоп“ и со фотографска мапа со истиот наслов на 16 август учествуваше на групната изложба „Под мостот“, која се одржа во организација на ДКЦ (Друштвени културни центар) во Сараево. Манифестацијата се одржува веќе 10 години, а годинава на истата учествуваа 15 излагачи од целиот Балкан. Препорачано Нина Рудиќ е визуелна уметница, графички дизајнер, преведувач и професионален фотограф од Скопје, со ...