Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
„Д Фестивал“ е избран меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија, соопшти „Пасворд продукција“. За номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа. – Ова е историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена. Според европските стандарди за музички фестивали, „Д Фестивал“ е во ...
Мадлен Викам, најпозната по својот бестселер „Исповедите на една купохоличарка“ и под псевдонимот Софи Кинсела, почина на 55-годишна возраст. Викам, која романописецот Џоџо Мојес ја нарече „кралица на романтичната комедија“, напиша повеќе од 30 книги за возрасни, деца и тинејџери, кои се продадени во повеќе од 45 милиони примероци. Во април 2024 година, Викам објави дека кон крајот на 2022 година ѝ е дијагностициран глиобластом, агресивен вид ...
Во петок, 12 декември, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград, на адресата Кнез Михаилова 53, ќе биде отворена изложбата „Нишки / Threads“, најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до понеделник, 29 декември 2025 година. „Нишки“ претставува мултимедиумска поставка со дела од ...
Во сончевиот и навидум обичен петок, на 13 јануари 2006 година, инструктор за боречки вештини, Фернандо Араухо, и неговата лично избрана четиричлена екипа упаднаа во филијалата на Банко Рио во богатата населба Акасусо во Буенос Аирес. Додека крадците работат брзо, празнејќи десетици сефови преполни со милиони долари, скапоцен накит и тешки златни шипки, главниот преговарач Мигел Силео и неговите до заби вооружени луѓе ја опкружуваат двокатната ...
Зорица Поп-Панкова доби голем аплауз за премиерата на новата песна „Поминува сѐ“ вчера (10 декември) во малата сала на Филхармонијата, на промоцијата на мултимедијалната книга „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов, издание на „Сигмапрес“. Претходно, Поп-Панкова ни рече дека е среќна што по 25 години некој се сетил на неа, а Чешларов ѝ напишал вистинска песна, затоа што ѝ ја знаел приказната во изминатите 30 години. Легендарната пејачка ...
Проекцијата на филмот во рамките на редовниот репертоар на Синеплекс ќе се одржува од 11 до 18 декември. „Луда љубов”, на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки. Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во ...
По фантастично успешната премиера во Скопје и меѓународната премиера во Париз, Франција, делото „Дон Кихот во Скопје“ ќе ја има и својата битолска премиера. В недела, на 14 декември, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 20 часот, овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес ќе биде претставен и пред битолската публика. Делото е создадено по повод Националниот ден на Шпанија – 12 ...
На 13 декември 2025 година, во 20 ч., на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild of America) во категоријата Outstanding ...
„Силјан“ на Тамара Котевска, кој е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, а иствремено е во конкуренција и за Оскар во категоријата Најдобар документарец, доби номинација за награда на Здружението на продуценти на Америја (Producers Guild of America -PGA). Котевска и кинематограферот Жан Дакар, кои се продуценти на филмот, се номинирани во категоријата Најдобар продуцент на документарен филм, за наградите кои се ...
Охрид и Република Македонија на 11 и 12 декември 2025 година се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. Конференцијата официјално ќе биде отворена на 12 декември во 10:00 часот во х. „Јуник“ во Охрид, со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и ...
Утре, 12 декември, со почеток во 18 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја промовира монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“, објавена по повод 85 години живот и 60 години научно-истражувачка работа на истакнатиот професор. Автори на монографијата се научните работници Златко Жоглев и и Ружица Цацаноска. Промотори на изданието ќе ...
Во понеделник, на 15 декември, во 20 часот во Кинотека ќе се одржи специјална проекција на вознемирувачкиот и исклучителен шпански трилер „Пиги“. Филм што ѝ го отвори патот на режисерката Карлота Переда кон меѓународната сцена и ја утврди како едно од најзначајните имиња во современиот хорор. Настанот се реализира како соработка на Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Шпанија во нашата земја. Во задушливото лето на рурална Екстремадура, ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild of America) во категоријата Outstanding ...
„Лили и Снешкото“ е новогодишен цртан филм кој нè потсетува дека секогаш треба да одвојуваме време за работите што ги сакаме. Во животот на едно девојче се случило чудо – нејзиниот Снешко оживеа и со помош на магијата со сенка и раскажуваше величествени бајки и приказни. За да го заштити својот пријател Снешко во топлата сезона, таа го „смести“ во стар фрижидер. Но, времето минува, а девојката повеќе не е заинтересирана за бајки – работата и ...
Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. Маестро Александар Земцов зад себе има навистина богата кариера како виолист, но во последниве години тој е и ...
Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“. „Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата ‘Азбука на ...
Крива Паланка, 10 декември 2025 (МИА) - Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на дела од уметницата Биљана Јовчевска, насловена "Вода". Изложени се вкупно 31 дело работени во техника акрил на платно. - Секој бран има своја личност. Ако го разбереш бранот, ќе го разбереш морето. Оваа јапонска поговорка можеби најдобро ја сублимира ликовно- изразната порака од колекцијата ...
Есма Реџепова е родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел ...
Горан Кукиќ е роден на 11 декември 1970 година во Струмица. Тој е познат фолк пејач, истакнат македонски музичар и долгогодишен член на групата Јупитер, еден од најпрепознатливите бендови од струмичкиот регион. Музиката ја носи во себе од најмала возраст. Опкружен со музичари во семејството – неговите вујковци имале бенд – уште во основно училиште сонувал да има своја група. Желбата му се остварила во осмо одделение, кога ја формирал групата ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник” од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна” (1994) и „Лаж и паралаж” (1996). ...
На 19 февруари во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа ралични музички жанрови, а е инспирирана од џипси музиката. На ...
Откако уживаше огромна популарност во минатиот век, сега госпел музиката се враќа на голема врата. Се’ повеќе музичари и изведувачи го наоѓаат својот глас токму во госпелот и духовните пораки полни надеж и верба, кои ги испраќаат преку песните. А најдобриот начин да ја доживеете и искусите одблизу госпел музиката е преку концертот на Стефани Барбутова, кој ќе се одржи на 30.03.2025 во домот на Македонската Филхармонија. Македонската пејачка на ...
Директорот на Македонски народен театар, Никола Кимовски, заедно со еминентниот режисер, Дејан Пројковски, престојуваат во официјална посета во Унгарија, по повод потпишувањето на меморандумот за соработка со еден од најголемите и најзначајни театри во Европа – Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта. Со овој договор Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери кои што ќе реализираат заеднички ...
По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје. Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции ...
Како и сите приказни, така и МНТ има своја – приказна која се испишува, се раскажува и трае веќе 80 години. Тоа е приказна која започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 ...
По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви” во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван Вуковиќ, ...
На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗЕМЈОТРЕС, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе ...
ИЗЛОЖБА НА ИЛУСТРАЦИИ НА НАРОДНИ ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦА ОД ВОДЕН И ВОДЕНСКО Во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност од Битола како и гости од Грција, во Галеријата ,,Ранко Струмениковски” синоќа беше отворена изложба на илустрации на академскиот сликар Јанис Происос од Солун. Илустрациите се инспирирани од народните приказни за деца од Воден и Воденско, а забележени кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. За значењето на народното ...
Од 10 до 13 декември во киното „Мис Стон“ во Прилеп, ќе се одржи јубилејното десетто издание на интернационалниот филмски фестивал „Винтер aприкотс”(„Winter apricots”) Филмската програма, поделена на македонска, балканска и интернационална селекција, ќе прикаже краткометражни дела кои ја истражуваат современата визуелна естетика, наративната концентрација и темите на современиот свет. Селектираните дела се одбрани од 760 пријавени филмови од 77 ...