Да продолжиме да создаваме и креираме музика зошто никогаш повеќе не ни требала културата нам, и ние нејзе!, вели оперската примадона Весна Гиновска Илкова, авторка на годинешната македонска порака за Светскиот ден на операта, 25 октомври. Весна Ѓиновска-Илкова ( 1972, Скопје) е првенка на операта на МНТ. Таа е вистинска оперска ѕвезда на домашната сцена, уметник со богат гласовен материјал, динамична и вдахновена артстична визија, вокална ...
„Операта – вековно дело од хармонии и бои, музички и драмски колорити, преплетена во епохите низ различни стилови, која допира длабоко во душата на секој поединец и зрачи со својата енергија и моќ, нè спојува со уметникот, неговиот дух и креативност, неговата ранливост и емотивност, со неговата потреба за проникнување во најдлабоките чувства како доказ дека е жив, опстојува, твори. А што е операта, ако не игра? Игра на гласот, говорот, телото. ...

