Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На денот посветен на Св. Климент Охридски, Друштвото на писателите на Македонија )ДПМ) известува за излегувањето од печат на „Она што се памети живее“, со поднаслов „Никогаш докрај раскажани приказни“ – збирка раскази напишани за поранешни членови на Друштвото што не се физички меѓу нас. Книгата е пред сè исход од текстовите објавени во рубриката „Амаркорд“, која излегуваше во „Стожер“ на ДПМ во периодот од 2018 до 2022 г., и во која членови на ...
Хуманитарна оперска гала-вечер во Велес, ќе се одржи на сцената на Велешкиот театар на 20 декември од 19 часот. Цената на билетот е 1.000 денари, а приходот од влезниците од концертот е наменет за поддршка на лицата со попреченост, корисници на социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“. Гостите ќе настапат со популарни оперски арии, новогодишна програма и Божикни песни. Најавени се: Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, концерт одржа извонредниот квинтет „СаксКлар“, кој претставуваше музички настан од редот на оние што создаваат уметнички спомени, кои ќе бидат неизбришливо впишува во културната меморија. Концертот го отвори директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, а пред гостите и публиката се обрати и Македонската амбасадорка Агнеза Руси-Поповска. И уште веднаш може да се каже ...
Еминентната египетска издавачка куќа „Ал Араби“ од Каиро ја објави новелата „Ѕиркачот“ на македонскиот писател Александар Прокопиев, богато и необично илустрирана. Интересен е патот на преводите на „Ѕиркачот“ – започнат најпрвин на италијански (излегоа две изданија) брзо по неговото појавување во 2007-та, за потоа, со паузи од по неколку години, да се јават и следните преводи кај реномирани странски издавачи. Така на пример, во последниве две ...
Денес (8 декември) на 24. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс, во киното Фросина (Младински културен центар), во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Бело се пере на деведесет” на словенечкиот режисер Марко Набершник, во кој главната улога ја има легендарната српска актерка Аница Добра, која е и гостинка на вечерашната проекција. Филмот е македонска копродукција, каде учесник е продукцијата „Црна мачка“ од Скопје и продуцентот Томи ...
Филмот „Бело се пере на деведесет“, во кој Македонија е копродуцент заедно со Словенија, Италија, Хрватска, Србија и Црна Гора, ќе биде премиерно прикажан вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Синедејс“. Режисер на филмот Марко Набершник, кој заедно со писателката Броња Жакељ го напишаа и сценариото. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“. Во филмот игра и Аница Добра, која ќе биде ...
Богата, празнична програма на вечерашното 24. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Во киното Фросина, со почеток од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Бело се пере на деведесет” во режија на словенечкиот режисер Марко Набершник, во кој главната улога ја има легендарната српска актерка Аница Добра, која е и гостинка на вечерашната проекција. Филмот е македонска ко-продукција, каде учесник е продукцијата „Црна мачкa” од Скопје и ...
Ви ја претставуваме петтата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правен од Pro Peace во соработка со Радио МОФ. Во епизодата „Два јазици, една приказна“ поетот и писател Љуљзим Хазири и Сашо Огненовски писател, преведувач и издавач, разговаат дали во домашната книжевна сцена се обработуваат темите поврзани со конфликтот од 2001 година. Дали македонските и албанските автори имаат храброст да се соочат со темите на конфликтот, ...
Венко Андоновски Најпрвин, да кажам како се чувствувам. Се чувствувам недостојно да бидам на ова место и да говорам на оваа тема. Стручно гледано, јас немам ништо умно да кажам по она што за нашиот светец,просветител и писател, благоутробниот Климент Охридски, го напишаа оние, кои според моето мислење и знаат најмногу за него – Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ. Затоа, ќе говорам за моето лично искуство со Климента. Првпат се сретнав со ...
На денешен ден, 8 декември 1980 година, светот остана без еден од највлијателните музичари на сите времиња – Џон Ленон. Основач на „Битлси“, визионер, музичар и активист, Ленон беше смртно застрелан пред зградата „Дакота“ во Њујорк, каде што живееше со својата сопруга Јоко Оно и нивниот син Шон. Неговиот убиец, 25-годишниот Марк Дејвид Чапман, истиот ден му пријде и побара автограм, а вечерта го изврши нападот кој ја потресе целата планета. ...
Георги Константиновски е роден во Крагуевац на 12 септември 1930 година. Дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам при Народниот одбор на Скопската околија во Скопје. Во 1958 година бил примен како асистент на Архитектонски отсек во Скопје по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. ...
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје најавува исклучителен музички настан што ќе се одржи на 12 декември со почеток во 20:00 часот во Филхармониjaта на Северна Македонија. Под наслов „Музика. Сега“, концертот ќе претстави богата симфониска програма со врвни уметнички интерпретации. Во Концертната сала ќе настапи Филхармонијата на Република Северна Македонија под диригентската палка на светски познатиот бугарски диригент ...
Концертна вечер во која ќе се свири опусот од музичките дела на Сеад Хаџиќ – Сецко, кои се создавани во изминативе 40 години со бендовите „Ласт експедишн“, „Ексик“, „Мугер фугер“ и „Карла Левински“, ќе се одржи на 12 декември во МКЦ. Препорачано Директен повод за концертот се четириесет години музички непокор, движење зглобови и прсти без компромис со никого и ништо, чист талент, енергија, љубов и човечка искреност целосно во служба на ...
Нашите пријатели и соработници од најслушано радио во Скопје, околината и низ светот, Зона М1 Радио, вчера вечер го прославија и одбележаа својот 32-ри роденден, потсетувајќи на патеката исполнета со музика, забава и препознатлива енергија која со години ја гради врската со своите слушатели. Од првиот емитуван сигнал до денешните модерни радиофреквенции, ова радио останува симбол на континуитет, доверба и блискост со публиката. Три децении ...
Во мултимедијалниот центар „Јавна соба“ во Скопје на 3 декември се одржа промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Препорачано Монографското издание „Рисима“ го објави „ПНВ Публикации“ со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Рисима Рисимкин и Јасна Франговска ја претстави Јулијана ...
Миланска Скала вечерва ја отвора својата нова сезона со премиерата на „Леди Магбет од Мценскиот округ“ од рускиот композитор Дмитриј Шостакович, опера која ги промовира правата на жените и која некогаш била забранета во Русија. Миланската оперска куќа го поставува делото како почит кон Шостакович, одбележувајќи 50 години од неговата смрт. Операта, заснована на драма од Николај Лесков, дебитираше во Санкт Петербург во 1934 и првично била ...
Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2026 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com . Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска триумфираше на 41. Интернационалните документарни награди (IDA Documentary Awards) во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера за Жан Дакар. – Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот – изјави Котевска. IDA признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) ноќта на 31 декември ќе се случува „LoVERAve 2026“ – новогодишен фестивал кој, како што велат организаторите, носи енергија на поврзување и љубов, преку музика и танц. „LoVERAve прави спој на старата екипа и новата генерација, ветераните од пултот и најсвежите имиња од македонската диџејска култура – сите на едно место, во една ноќ, токму за Нова година“, посочуваат од „LoVERAve“ Оттаму посочуваат ...
Документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера. „Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот.“ – Тамара Котевска Наградата за најдобра камера оди во рацете на кинематограферот на „Приказната за Силјан“ – Жан Дакар (Jean Dakar) која несомнено ...
„Силјан“ на режисерката Тамара Котевска ја освои наградата за најдобар документарен филм на 41. доделување на наградите за документарни филмови на ИДА во Лос Анџелес, со што значително се зголемија шансите за номинација за Оскар. Жан Дакар, кинематограферот на „Силјан’, а исто така е продуцент заедно со Котевска и Ана Хашми, ја освои наградата на ИДА за најдобра камера. Ова е една од најважните награди за документарци, а ја доделува ...
Во период кога концертната сцена изобилува со „спектакли“, Скопје ќе биде домаќин на настан кој ветува вистинска музичка историја. Авалон продукција го најави својот прв голем проект за 2026 година – ексклузивен заеднички концерт на двајцата најголеми хитмејкери на Балканот, Бајага и Владо Јаневски. Концертот ќе се одржи на 14-ти февруари во арената „Борис Трајковски“, во ноќ која ќе ги спои празниците на љубовта и виното – Свети Валентин и ...
Францускиот филм A Private Life (Vie privée, 2025), новото остварување на режисерката Ребека Злотковски, веќе се издвојува како едно од најкоментираните европски филмски проекти на годината. Со впечатлива актерска екипа предводена од неповторливата Џоди Фостер, овој црн комичен трилер успеа да го привлече вниманието и на критиката и на публиката. A Private Life ја имаше својата светска премиера на 20 мај 2025 година, во програмата „Out of ...
На 7 декември 1967 година, во студиото на Stax Records во Мемфис, Отис Рединг застана пред микрофонот за да ги сними вокалите за песната што подоцна ќе стане неговиот најголем хит – „(Sittin’ On) The Dock of the Bay“. Никој тогаш не можеше да претпостави дека ова ќе биде неговата последна снимка. Само три дена подоцна, Рединг трагично загина во авионска несреќа, на само 26 години. Песната почнала да се создава неколку месеци претходно, во август ...
Книги напишани од македонски новинари - три одлични викенд предлози Книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите деца пред спиење или крими-трилер напишан од спортски новинар - што и да изберете, нема да се покаете. Македонските новинари, луѓе кои целиот свој живот го посветуваат на зборовите и приказните, без оглед дали се во пишана или снимена форма, се покажаа и како одлични писатели. Тие многу умешно ...
Љупка Арсова-Џундева е родена на 11 јули 1934 година во Скопје. Таа беше истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжува да биде активна во театарот. Деството го ...
Наум Петрески е роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Со музика се занимавал од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб. Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу ...
Викенд програмата на „CINEDAYS“ Фестивалот на европски филм носи две значајни македонски копродукции, последниот филм на нашиот филмски бард Мето Јовановски „Павилјон“ во режија на Дино Мустафиќ, копродукција со Круг филм од Скопје и детскиот филм „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан, во копродукција со Круг филм од Скопје. -Имам огромна чест што мојот филм ќе биде прикажан на Синедејс во Скопје, а истовремено ми е жал што не можам да присуствувам ...
На 6 декември, македонската музичка сцена се потсетува на 14 години од заминувањето на легендарниот Гоце Арнаудов, пејачот со препознатлива насмевка, искрена енергија и глас кој допираше директно до срцето на публиката. Арнаудов беше еден од најтрофејните македонски уметници, појава што не се заборава. Неговите настапи беа експлозивни, полни со движење и харизма, додека надвор од сцената тој беше скромен, повлечен човек со огромно срце, кој ...
МАРХ ПРИЗНАНИЕТО ЗА 2025 ГОДИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АРХРИД 06.12.2025 • Информации МАРХ Македонска архитектура секоја година по својот роденден, доделува признание или благодарница кон некој од чинителите на домашната сцена. Оваа година едногласно тимот на МАРХ одлучи ова признание да го додели на колективот АРХРИД, за придонесот кон афирмацијата на македонската архитектура и градителско наследство пред домашната и меѓународната јавност. Нивниот ...