Мерјем има двојно државјанство и порасна во средина која ги комбинира двете култури. Студирала глума во Schauspielstudio Frese во Хамбург, каде што била најмладата студентка, запишувајќи се на 17-годишна возраст. Мерјем има две ќерки: Лара Џемина, родена 2014 година и Лили Кои, родена 2021 година. По раѓањето на нејзината прва ќерка, таа се преселила во Берлин, каде што моментално живее. Иако Мерјем е прилично позната, таа се труди својот ...

Неименуван египетски државјанин ранил четири лица со нож во близина на италијанскиот град Римини, меѓу кои и една постара двојка, пред карабинерите да пукаат во него и да го убијат, објави денеска агенцијата АГИ. Маж синоќа со нож избодел 18-годишен млад човек додека купувал цигари во Вила Верукио, во близина на Римини, по што на лице место биле повикани карабинерите. Потоа нападнал постар брачен пар и девојка, пред да се обиде со нож да избоде ...

Полициската управа на Црна Гора вечерва објави фотографија од Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за повеќекратните убиства во Цетиње, што ги изврши попладнево. Тој е во бегство, по него трагаат специјалци. Според она што досега е познато, Мартиновиќ убил најмалку 6 лица. Мартиновиќ бил во конфликт со Д.К. со кого се сретнал во кафана во населбата Бајице. Потоа отишол дома за да земе пиштол, по што се вратил во кафеаната и почнал да пука. Во ...

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ вечерва пристигна во Клиничкиот центар на Црна Гора каде се лекуваат тешко ранетите по денешниот масакар во Цетиње, во кој се убиени 7 лица, меѓу кои и 2 деца, а четворица се борат за живот. – Страшна трагедија која нè погоди сите во Цетиње, односно селото Бајице. Сите екипи, специјалци, сè што е на располагање во Подгорица е во Цетиње и на добар пат сме да го најдеме. Имаме четири тешко повредени и лекарите ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е потребен нов закон за помилување, во чиј фокус би биле луѓето затвореници. Таа смета дека актуелниот закон не е системски поставен. Таа потврди дека била запозната со кривичните дела на неколкуте осудени лица кои се помилувани по повод новогодишните празници. – Се разбира дека знам. Работата е во рацете на Комисијата за помилување. Претходно стигна предлог од Министерството за правда, се ...

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Владата, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на Градските гробишта Бутел во Скопје, во израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија. „Делегацијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и со буџетски дефицит под 4 проценти. – Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 година. Растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти – рече денеска премиерот Мицкоски. Според него, ...

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да бидат казнети, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој упати апел до полициските службеници да ги има предвид законските одредби што се однесуваат на укажувања, опомени, … – Сметам дека ниеден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци, затоа што македонскиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните. Тој нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и со институционална меморија позади себе, односно новите членови да имаат биографија и тежина. Мицкоски ова го одговори на прашањето дали останува на ставот ...

Според неофицијални информации, осомничениот прво убил повеќе лица во кафеана, а потоа убил уште неколку на други локации. Од црногорската полиција засега не го соопштуваат точниот број на загинати, но изјавиле дека се трага по лице со иницијали А.М. Како што неофицијално дознава црногорски „Дан“, по убиствата извршени во кафеаната, осомничениот отишол во куќа каде убил уште неколку лица. Се шпекулира дека меѓу мртвите има и деца. - Напоменуваме ...

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да знаете дека стоите на чело на армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала, таа е најголемиот гарант за нашиот мир, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова која на првиот ден од новата година ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Претседателката Силјановска ...

Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој навистина прекрасен објект, а дозволете ми да се заблагодарам и на сите општествено одговорни компании што учествуваа во изградбата на оваа ски-патека, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на отварањето на новиот скијачки центар „Михајлово“, на планината Кожуф. – Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите ...

Јаков е првороденчето на Клиникатта за гинекологија во Скопје, а неколку секунди по него се роди и девојчето Аја во болицата во Чаир Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков – првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје. – Ако ...

Во новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот од нив има 14 години. Тринаесет годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет. Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно, со помал обем на работа. – На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина ...

Во првиот дел од сезоната во шпанската Ла Лига имало најмногу ВАР одлуки во корист на Барселона. Во досегашните 18 одиграни кола ВАР технологијата интервенирала вкупно 83 пати, а најмногу интервенции имало во корист на Барселона. Досега во корист на Барселона биле 8 ВАР одлуки, најмногу од сите тимови во лигата. На второто место со 7 ВАР одлуки во нивна корист е Виљареал, а на третата позиција е Атлетик Билбао со 6 ВАР одлуки. За разлика од ...

Сè започнало во 1979 година, кога Лери Стјуарт, бизнисмен од Канзас, минувал низ тежок период во својот живот. Откако добил неочекувана помош од непознато лице, решил да му возврати. Во следните 25 години, тој анонимно им дава пари на луѓето на улиците, рестораните и продавниците, често во форма на банкноти од 100 долари. Неговата цел е да донесе радост во животите на оние на кои им е потребна. Лери остана анонимен до 2006 година, кога реши да ...

Искусниот бразилски репрезентативец Каземиро е на излезни врати од Манчестер Јунајтед. По неодамнешните лоши резултати кои ги бележи тимот предводен од Рубен Аморим, неколку фудбалери ќе си заминат од таборот на „црвените ѓаволи“ меѓу кои е и Каземиро. Фабрицио Романо пренесува дека доколку Манчестер Јунајтед добие добра понуда за бразилецот тие не би имале ништо против тој да го напушти клубот. Освен Каземиро на излезни врати од Јунајтед се и ...

Шест од 20-те најпосетувани фудбалски стадиони ширум светот во 2024 година се во Германија, додека првото место овојпат оди за стадион кој е надвор од Европа. Домот на аргентинска Ривер Плата во областа Белграно на аргентинската престолнина Буенос Аирес беше најпосетуваната арена во светот за 2024 година. Таму минатата година на натпреварите имало во просек по 84.025 навивачи, со што го симна Камп Ноу од првото место на листата, откако овој ...

Таа на концертот пристигна на патерици откако неодамна го повреди зглобот на концертот во Арена Загреб. За време на концертот Брена седеше на специјално дизајнирано столче, а за новогодишниот концерт се одлучи да облеже елегантен долг фустан со светки. Инаку, Брена се повреди на концерт во Загреб поради што заврши на загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што по концертот заврши на операција. Концертите што таа требаше ...

Барселона се уште се надева дека Дани Олмо ќе биде во тимот и за вториот дел од сезоната. Ла Лига ги отстрани Олмо и Виктор од списокот на Барса за оваа сезона, откако не беа прифатени гаранциите на Каталонците за нивна регистрација. Новинарот Хозе Алварез Аја изјави дека каталонскиот клуб не се откажува од ова прашање. До крајот на неделата ќе ги обезбеди гаранциите што ги бара Ла Лига. Претходно, Барса навремено достави документи за ...

Охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. -На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ...

Тинејџер во Гостивар со автомобил удрил во паркирано возило и пешак, притоа тројца се повредени. „На 31.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак ...

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов Мохамед Салах од денеска е слободен да преговара со кој било клуб, а тоа наводно веќе му донело феноменална понуда од Франција. Салах може да преговара без да знае Ливерпул, бидејќи неговиот договор истекува во следните шест месеци, според правилата на УЕФА. Иако англиските медиуми претходно објавија дека Салах се согласил да ја продолжи соработката со Ливерпул, тоа никогаш не се случило формално. ...

Грк со автомобил излетал од автопатот кај Смоквица, при што е повредена сопатничката. На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец кон Гевгелија, патничко возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од И.Е.(62) од Р.Грција излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, констатирани во ...

По долгите преговори со шпанската фудбалска федерација, Барселона сепак не успеа да го регистрира големото летно засилување Дани Олмо. Пред неколку недели пристигнаа информации дека Барса нема финансиски средства за да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната. Челниците на каталонскиот клуб водеа долги преговори со шпанската фудбалска федерација и бараа решенија за покривање на финансиските средства потребни за ...

Тоа е првиот руски напад на првиот ден од 2025 година, додека синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот новогодишен говор рече дека Новата година ќе биде „година на преговори кои треба да стават крај на војната“. Рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември се закани дека ќе го нападне центарот на Киев како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел врз неговата земја. -По утринскиот ...

Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам. Неколку лица низ државата се тешко повредени од употреба на пиротехнички средства. Полициските службеници ја опишаа ноќта како „полна со уништување и насилство“, со значителни инциденти во градовите низ земјата. Во неколку градови, вклучувајќи ги Харлем, Заандам, Ротердам, Хаг, Амстердам, Бреда и Гронинген, ...

Србија е на врвот на трката во вооружување со нејзиниот балкански сосед Хрватска - која припаѓа и на НАТО и на Европската унија, а српскиот претседател Александар Вучиќ се пофали дека новите системи се дури и подобри од американските системи што ги купи Хрватска. Според Вучиќ новите аквизиции ќе и овозможат на Србија да одговори на секој предизвик, вклучително и на оние „кои мислат дека имаат предност пред“ Србија. Купувањето дојде во време на ...

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел инцидентот го нарече „терористички напад“, но ФБИ кој ја презеде истрагата соопшти дека не се работи за терористички напад и додаде дека на местото на настанот е пронајдена импровизирана експлозивна направа. Американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот, соопшти Белата куќа. Во соопштението се додава дека претседателот е во контакт со градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел ...

Рускиот државен гасен гигант Газпром соопшти дека го прекинал снабдувањето со гас НА Европа преку главниот гасовод што минува низ Украина, откако Киев одби да го обнови договорот за транзит потпишан пред сеопфатната инвазија на Москва. „Во 7 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство наведувајќи дека за тоа ги известила ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
44%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
43%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.68
59%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
43%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
53%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.69
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52