
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Нетанјаху го смени Галант од владата во ноември по неколкумесечни несогласувања околу водењето на војната против Хамас во Газа, но тој го задржа своето место како избран член на Кнесетот. -Како што е на бојното поле, така е и во јавна служба. Има моменти кога човекот мора да застане, да оцени и да избере насока за да ги постигне своите цели, рече Галант синоќа во телевизиска изјава. Галант како министер често пати се судираше со Нетанјаху и ...
Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници. ФБИ соопшти дека на камионот имало знаме на Исламска држава и го сметаат инцидентот за можен терористички напад. И додека истрагата е во тек, засега нема информации кои би објасниле зошто Џабар, американски државјанин кој пораснал во Тексас, би го извршил нападот во Њу Орлеанс. Напаѓачот бил убиен на местото на злосторството во ...
Денеска САД континуирано градат бази во Сирија. Овие бази несомнено ќе бидат прегазени под нозете на сириската младина“, рече Хамнеи на платформата X. Американскиот портал „ Њусвик“ (Newsweek) оценува дека ова предупредување потенцијално може да ги влоши односите меѓу Иран и САД пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи дека односите меѓу двете земји за време на неговиот прв мандат веќе беа спорни. Во серија ...
Мартиновиќ, кој беше во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње. -Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар, изјави ноќеска на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ. Тој додаде дека напаѓачот убил најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има две ...
Вчера во меч од Чемпионшип дивизијата, се постигна неверојатен гол, можеби и гол на сезоната во оваа конкуренција во Англија. Имено на мечот меѓу Шефилд Венздеј и Дерби, домашниот играч за врска, Џош Виндас постигна мајсторски гол од повеќе од шеесетина метри. Интересно тој во игра влезе на почетокот на второто полувреме, а во 61.минута го постигна тој ефектен гол. Тоа беше вториот гол за домашните, инаку резултатот на крајот гласеше 4:2 за ...
Крис Ланган (72) има коефициент на интелигенција за 30 до 50 поени повисок од Алберт Ајнштајн, а неговиот поглед на задгробниот живот е многу интересен. Едно од најдлабоките и највозбудливи прашања со кои се соочуваат луѓето е: што се случува по смртта? Оваа егзистенцијална енигма носи толку многу прашања, стравови и надежи што стана предмет на филозофски, религиозни и научни дискусии низ историјата. Но, можеби најинтригантниот одговор досега го ...
Жена која исчезнала пред 52 години била пронајдена жива и здрава, пишува Би-Би-Си. Шејла Фокс, која исчезна од Ковентри, Англија во 1972 година кога имала 16 години, е безбедна и живее во друг дел од земјата, соопшти полицијата на Вест Мидлендс. Во декември, полицијата упати нов апел за помош за пронаоѓање на исчезнатата жена и на својата веб-страница и на социјалните мрежи објави нејзина фотографија од времето на нејзиното исчезнување. Неколку ...
Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години. Кога свети Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Бил ученик на ап. и ев. Јован Богослов. Во ...
Осомничениот за злосторот во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, починал од повреди здобиени во обид за самоубиство, неофицијално дознава „Вијести“ од повеќе извори. Министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ изјави дека Мартиновиќ починал за време на транспортот до Клиничкиот Центар Црна Гора. Според истите информации, тешко ранетиот Мартиновиќ бил пронајден во близина на неговата куќа во населбата Хумци. Најмалку 10 лица, меѓу кои две деца загинаа ...
-Сега потврдивме дека експлозијата била предизвикана од многу голема количина пиротехника и/или бомба што се носела во седиштето на изнајмениот Сајбертрак и не е поврзана со самото возило. Целата телеметрија на возилото била позитивна во моментот на експлозијата, се огласи предмалку Елон Маск во врска со експлозијата на Сајбертрак возилото пред Трамп зградата во Њујорк синоќа. Тој предходно објави дека целиот негов тим работи на утврдување на ...
Голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд кој е и поранешен репрезентативец на Англија со девет настапи, на 31 декември заврши во болница. Батланд имал сериозно внатрешно крварење и тоа по само 11 денови откако по четврти пат стана татко. Голманот на шкотскиот гигант ја минал новогодишната ноќ во болница но на 1 јануари е пуштен на домашно лекување. Ова значи дека Батланд нема да биде дел од големото дерби во Шкотска, а тоа е дербито Глазгов ...
Во масовното злосторство во Цетиње загинаа 10 лица, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица во моментов се борат за животите на четворица жители на Цетиње, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ. Сите полициски единици, како и припадниците на СЈП со часови трагаат по осомничениот Ацо Мартиновиќ. Мартиновиќ злосторството го започнал во кафаната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар. По злосторството во таа ...
Иако му е кажано дека Манчестер Јунајтед, освен ако не продаде играчи, оваа зима нема шанси да ангажира нови имиња на, сепак тренерот Рубен Аморим е тврдоглав и бара од раководството по секоја цена да му се донесе уште сега Виктор Ѓокерес. Познато е дека фантастичниот Швеѓанец е трансфарна цел на повеќе клубови, ама поради Аморим со кого Ѓокерес соработуваше во Спортинг Лисабон, се очекува неговиот избор да биде “Олд Трафорд“. Се шпекулираше ...
Џоселин Вилденштајн, позната како „Жена мачка“, почина на 84-годишна возраст. Нејзиниот партнер Лојд Клајн за АФП изјави дека Вилденштајн починала од белодробна емболија во вторникот во париската палата, пренесоа светските медиуми. „Со тага ја објавуваме смртта на Џоселин Вилденштајн во Париз на 80-годишна возраст. Една икона ја нема“, рече Лојд Клајн. Со 1,1 милион следбеници на Инстаграм, Џоселин Вилденштајн беше позната по многуте естетски и ...
Идната прва дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп го прослави доаѓањето на новата година во елегантен црн фустан. Меланија, чиј сопруг ќе ја преземе функцијата претседател на САД на крајот на јануари, блесна во нејзиниот фустан додека седеше до Доналд на новогодишната манифестација. Доналд и Меланија Трамп беа во центарот на вниманието за време на новогодишната прослава во Мар-а-Лаго, Флорида. Мрежите се запалија Познатата ...
Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни. Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата. РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ ...
Пред три дена Ненад Бјелица, поради очајните резултати во ХНЛ, доби отказ во Динамо Загреб а место него раководството на “модрите“ го назначија Фабио Канаваро. Тоа значи дека на нашите интернационалци во Динамо, Стефан Ристовски и Аријан Адеми тренер ќе им биде славниот Италијанец. Ама и Бјелица нема време за многу тагување. Имено како што пренесуваат медиумите во Хрватска, тој веќе има два атрактивни понуди од кои едната е од славниот унгарски ...
Деновиве низ светот одекна веста дека по осум години драма, Бред Пит и Анџелина Џоли ги договориле деталите за нивниот развод. „Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите имоти што ги споделија со Пит и оттогаш се фокусираше на наоѓање мир и исцеление за нивното семејство. Ова е само дел од долгорочниот процес кој започна пред осум години. Да бидам искрен, Анџелина е исцрпена, но и ...
Скриените апликации, познати и како „измамнички“ или „тајни“ апликации, станаа нов предизвик за родителите кои сакаат да ги разберат дигиталните активности на своите деца. Овие апликации маскираат приватна содржина зад безопасни икони како калкулатори, бележници или музички плеери, што им отежнува на родителите да откријат што всушност се крие на телефоните на нивните деца. На прв поглед, овие апликации делуваат како стандардни функции на ...
Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни. Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата. РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ ...
Дури 61,7% од испитаниците чувствуваат притисок да си ги постават новогодишните цели, а резултатите ги изненадија сите. Кога доаѓа полноќ и започнува новата година, многу луѓе одлучуваат да постават новогодишни одлуки. Веруваме дека и вие сте постапиле исто. Според истражувањето спроведено од Forbes Health во соработка со OnePoll, резултатите се изненадувачки. Исто така, околу 66,5% од испитаниците планираат да постават три или повеќе цели за ...
Веќе неколку дена топ – тема на Островот е заминувањето на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед. Има две приказни на таа тема. Првата е дека напаѓачот мора да си оди поради фактот дека Рубен Аморим не смета на него, а втората е дека тој самиот сака да си оди. По се опва напаѓачот на репрезентацијата на Англија на своите социјални мрежи напиша: „Овие денови беа напишани и кажани многу лаги, а оваа последнта е многу смешна. Ниту сум се сретнал со ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце. Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти. Повтори ...
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, со којшто се очекува да се средат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците. Прекршочната постапка пред Комисијата се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице, а глобите шо може ...
Иако наскоро ќе влезе во седмата деценија од живото, британската актерка и модел продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед и да собира комплименти од целиот свет, и од жени и од мажи. Сега сексапилната Лиз позираше во бордо кожна јакна и ја „разгоре“ фантазијата со својата „влажна“ фризура, притоа заземајќи најпредизвикувачките пози и флертувајќи со камерата. View this post on Instagram A post shared by Elizabeth Hurley ...
Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ разговараше со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ по крвавиот масакр во Цетиње, во кој беа убиени најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца. Шефот на српската држава и ја понуди сета помош на Црна Гора, која се соочи со трагедија во која масовен убиец, во крвава гозба, покрај другите жртви, ги уби родителите и двете деца. Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ ...
На Нова година беа прекинати руските извозни гасоводи кои минуваа низ Украина, со што беше означен крајот на една деценија доминација на Москва над европскиот енергетски пазар. Иако војната трае речиси три години, гасот сепак течеше. Сепак, „Газпром“, рускиот гасен гигант, објави дека трансферот е стопиран во 05:00 часот утринава, откако Украина одби да го обнови договорот за транзит. Очекуваниот прекин не треба да влијае на цените за ...
Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни. Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата. РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ ...
Иако Томас Тухел уште на 16 октомври беше промовиран како нов селектор на Англија, Германецот од денеска ја презема и официјално селекторската клупа на еден од најсилните репрезентативни тимови во светот. Имено познато е дека неговиот договор со ФА е потпишан на 1,5 години, се разбира со можност истиот да се продолжи а почнува од 01.01.2025, значи од денеска. Познато е дека по заминувањето на Герет Саутгејт, цела есен како В.Д. селектор беше Ли ...
Прв меч во Премиер-лигата, прв меч за Арсенал во новата 2025 година и веднаш победа. Вечерва во меч од 19.коло тимот на Микел Артета славеше со 1:3 на гостувањето кај Брентфорд. Беше интересно и квалитетно фудбалско издание на двата тима. Прво домашните поведоа со голот на Мбеумо во 13.минута, за да потоа се случи пресврт. Прво Жезус во 29.минута израмни на 1:1, потоа Мерино во 50.миниута донесе водство од 1:2 а Мартинели зголеми на 1:3 во ...