
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Веднаш по неговата смрт, започнала истрага и тестирање на неговите најблиски членови на семејството, како и пријатели за да се утврди дали некој од нив бил заразен со оваа болест, пишува Месаџеро. Инаку, Јан работел како месар и бил познат во својот град. Веста за неговата смрт ги изненади сите негови сограѓани, од кои многумина лично го познавале. Младиот човек два дена пред смртта имал висока температура придружена со треска, но сето тоа ...
Во интервју за Фокс њуз, таа рече дека нема трајно да се пресели во Белата куќа за време на вториот мандат на Трамп. Кога ја прашале каде ќе го поминува поголемиот дел од своето време, таа одговорила: „Ќе бидам во Белата куќа. Кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк. Кога ќе треба да бидам во Палм Бич, ќе бидам во Палм Бич“. „Мојот приоритет е да бидам мајка, прва дама, сопруга“, додаде таа. Таа се осврна и на нејзиниот син Барон, ...
Но, што е уште полошо, тоа беше и првата година во која просечната глобална температура беше повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек, што е прагот поставен со Парискиот договор за климатски промени што не смееме да го надминеме. Сепак, многу луѓе не разбираат што значи тоа и зошто е важен овој праг, ниту колку е важно што ја поминавме таа граница многу побрзо од очекуваното. Помина само една година, но истражувачите велат ...
Тој бил незадоволен од условите и од начинот на кој се однесувал медицинскиот персонал, поради што во текот на ноќта нападнал медицинска сестра со „остар инструмент“, кој не бил нож. Кралската болница Олдам соопшти дека се „шокирани и тажни“ по синоќешниот напад во одделот за итни случаи. Медицинската сестра на 50-годишна возраст е во критична состојба со повреди кои се опасни по живот. На местото на настанот е уапсен 37-годишен маж под сомнение ...
Се играше 51.минута кога Такефуса Кубо успеа да го матира гостинскиот голман и со тоа да му донесе победа на својот Сосиедад на мечот против Виљареал кој се одигра вечерва во Сан Себастијан во рамките на 19.коло. Еден гол доволно за три бода. Сепак не беше се така лесно за домашниот состав ако се знае дека гостите во неколку наврати опасно се заканија по домашниот гол, но херој на мечот беше домашниот голман Ремиро кој секогаш беше на своето ...
Полицијата во врска со случајот досега уапсила 28 лица. Мажите се во притвор и не дале никакви изјави во јавноста, јавува Би-Би-Си. Меѓу обвинетите, на возраст меѓу 17 и 47 години, има соседи на девојчето, спортски тренери и пријатели на нејзиниот татко, потврди полицијата. Девојката ја пријавила наводната злоупотреба откако била посетена од тим советници кои работеле како дел од владината програма за поддршка. Полицијата регистрирала 18 случаи ...
По 35 месеци војна, можно е Украинците да имаат предност кога станува збор за бројот на тенкови. Сепак, ова важи само за некои делови од фронтот долг 1.300 километри, пишува Форбс. „Можеме да користиме тенкови само од тајни позиции“, се жали еден руски блогер во долгиот пост преведен од естонски аналитичар кој го користи прекарот WarTranslated. Сведени на криење во камуфлирани позиции на милји подалеку од линијата на фронтот, руските тенкови ...
Монца на свој терен во рамките на 20.коло во Серија А, вечерва успеа со 2:1 да ја победи Фиорентина. Секако дека ова е изненадувачки резултат ако се знае дека и покрај оваа победа, тимот на Монца се наоѓа на последното место на табелата. Ова е само втор триумф на овој тим и тоа по 11 средби и прва победа на свој терен уште од март 2024 година. Чиуриа во 44.минута донесе водство на Монца, Даниел Малдини во 63.минута зголеми на 2:0. Белтран во ...
Кога го видела глодарот, почнала да излегува од водата, наназад, но паднала, а капибарата се нафрлила врз неа. Животното ѝ скокна на грбот и се обидуваше да ѝ ја гризне главата. Ја повлекол за коса и неколку пати ја потопил во водата. За среќа, сè се случило во плитка вода, објави Њујорк Пост. Се слуша крик на нападнатата девојка и врисокот на најмалку уште едно женско лице на брегот. Кога веќе се одбранила и успеала да излезе од водата, се ...
Така, сите оние што кодошат, т.е. пријавувањето на возач кој направил прекршок ќе биде наградено со пет милиони донг (што е околу 200 американски долари), објави агенцијата АФП, а пренесува порталот Баронс. Од почетокот на оваа година, властите во Виетнам драстично ги зголемија казните на ниво кое е речиси недостапно за просечниот возач. Највисоките казни се за поминување на црвено светло и користење мобилен телефон додека се вози. Според новите ...
Началникот со црвеното ферари Сашо Мијалов од Монте Карло „пристигна“ во Вевчани. Друштво му правеа Груби и министрите кои ја продолжија недовршениот натпревар од кабинетот на василичарскиот карневал со куферчето на Државна лотарија, а Мицкоски им даваше црвен картон, пренесе ТВ24. Сашо Мијалков забележан во Монако со луксузно „ферари“ Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков е снимен во Монако, пред луксузен хотел, излегувајќи од црвено „ферари“, ...
Бајден во изјавата од Стејт департментот рече дека преговарачите се блиску до постигнување договор со кој ќе се ослободат заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа и ќе ги запре борбите во палестинската енклава, што ќе овозможи голема испорака на хуманитарна помош, објави британски Телеграф. „Толку многу невини луѓе се убиени, толку многу заедници се уништени. Палестинскиот народ заслужува мир“, рече тој. Бајден рече дека му помогнал на ...
Сега проговори нејзината ќерка Каролин Даријан - се сомнева дека и таа била жртва на сексуална злоупотреба од страна на нејзиниот татко, пишува People. За разлика од случајот на нејзината мајка, во моментов нема докази за тоа што Пеликот можеби ѝ направил на Даријан. Во новото интервју за Би-Би-Си, Керолин Даријан - ќерката на Жизел и Доминик Пеликот - рече дека е убедена дека нејзиниот татко исто така ја дрогирал и верува дека тоа го направил ...
Иако и онака беше мала казната, само два меча во “аут“ заради инцидентот со Столе Димитревски, кога Винисус го удри Македонецот, сепак Реал Мадрид се жалеше на одлуката на Дисциплинската комисија на Ла Лига. Но таа жалба денеска Комсијата за жалби ја одби, па Бразилецот и дефитивно нема право да настапи на наредните два меча на “кралевите“ во Ла Лига. Да потсетиме дека пред две недели, на “Местаља“ на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, Винисиус ...
Актерката откри дека го евакуирала својот дом и дека ќе донира за погодените од пожарот. „Тоа беше луда недела. Ужасно за многу луѓе. Толку многу од моите пријатели ги загубија своите домови. Не се работи за предмети, туку за спомени. Овие луѓе навистина напорно работеа за своите домови. Во суштина, решивме да се евакуираме затоа што добивме предупредување, „и тогаш нашиот аларм продолжи да ѕвони“, рекла видно потресената актерка, додавајќи дека ...
Украина го прекина протокот на гас кон Европа претходно оваа година, откако заврши транзитниот договор меѓу Киев и Москва, со цел да се запрат приходите од енергијата да одат во Москва за да ја финансира нејзината речиси тригодишна инвазија. Фицо вели дека овој потег ја чини Словачка, која граничи со Украина, повисоки цени на бензинот и губење на таксите за транзит на гас понатаму во Европа, и бара обновување на протокот на гас. Во отвореното ...
И покрај тоа што се пофали дека две третини од земјите-членки на НАТО достигнале ниво од најмалку два отсто од БДП во одбранбените инвестиции, генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека тоа е премалку и дека сите европски земји мора да се подготват да инвестираат значително повеќе во одбраната. Иако не наведе бројки, рече дека потребите се приближно 3,7 отсто од БДП. Тој го кажа ова на дебата во комисиите за надворешна политика и одбрана ...
Републиканските пратеници во Претставничкиот дом на САД се обидуваат да добијат поддршка за нацрт-законот со кој се овластуваат разговори за купување на Гренланд, според нацрт-законот „Да го направиме Гренланд повторно голем“, чии копии беа дистрибуирани денеска, јавија американските медиуми. Тоа го потврдија канцелариите на републиканските конгресмени Енди Оглс и Дијана Харшбаргер. Ако биде усвоен, законот ќе му овозможи на новоизбраниот ...
Моментално е во тешка состојба во болница во Бергамо, објави Анса. Девојчето ја пронашло беретата на нејзиниот татко во собата и се застрелала во образот, при што куршумот продрел во черепот и по пат ѝ го оштетил мозокот. Веднаш по инцидентот, кој се случил на 1 јануари, девојчето било хоспитализирано. Според зборовите на таткото, тој законски ја поседувал беретата, а пиштолот бил на ноќната масичка во спалната соба бидејќи се плашеле крадци да ...
Познато е дека Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од надобрите во Премиер-лигата и во светотм, сеуште нема кажано – ДА, за нов договор со “Редси“. Постоечкиот му истекува во јуни, па така сега тој е трансферна цел на речиси сите големи клубови во светот. Познато е дека пред некој ден ПСЖ му испрати понуда од 500.000 фунти неделна плата, но Салах не одговори на таа понуда, барем не јавно. Познато е дека неколку клубови во ...
Строгите правила на Унијата за буџетскиот дефицит и долгот, познати како Пакт за стабилност и раст, предвидуваат дефицитот на општата влада да не надминува три проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг треба да остане под 60 проценти од БДП. Евроскептична и пријателска кон Русија, ФПО постигна најдобар резултат на парламентарните избори во септември со 29 отсто од гласовите, но не ѝ беше дозволено да формира влада сѐ додека ...
Во контекст на руската војна против Украина, не може да се исклучи дека германските воени бази и одбранбените компании биле шпионирани со беспилотни летала, соопшти Баварската државна канцеларија за криминални истраги. Последниот инцидент се случил доцна синоќа кога беспилотно летало било забележано над воената база во близина на Манхинг, соопшти полицијата, мислејќи на огромен објект каде германските сили тестираат нови летала со екипаж и ...
Активни забрани за тешки товарни возила попладнево има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, како и на планинските премини Плетвар, Пресека и Ѓавато. Покрај забраната за движење на автобуси и товарни моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема, покажуваат информациите од Авто-мото сојузот од 18 часот. Укинати се ...
Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи која беше обвинета во случајот „Тврдина“. Таа изјави дека е задоволна од денешната пресуда на Основниот кривичен суд. „Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат. – Ново во законот е тоа што не се врши дополнителна проверка што ...
Интересно беше вчера по мечот меѓу Барселона и Реал Мадрид кога играчите на двете екипи, заедно со тренерите, одејќи кон подиумот да ги примат медалите, се поздравуваа со двајцата претседатели на двата гиганти Фклорентино Перез и Хоан Лапорта. Впечатливо беше што младата ѕвезда на Барса, Гави и тоа како срдечно се поздрави со Дон Флорентино, а и се прегрна. Гави потоа објасни зошто тоа го направил: “Сакав уште еднаш да му се заблагодарам за ...
Кортни била на одмор во Кута, Бали, кога се случил трагичен настан во кој го загубила животот. Таа била на одмор со нејзините две кучиња на островот кога паднала од балкон и се здобила со сериозни повреди. Итно била пренесена во болница и починала неколку дена подоцна. Нејзиното семејство дошло директно од Мелбурн на Бали за да ги помине последните моменти со Кортни, пишува Mirror. Кортни се здобила со сериозни повреди и била итно пренесена во ...
Уште пред да ја преземе функцијата претседател на Европскиот совет, Коста најави дека сака да организира повремени неформални состаноци на лидерите на ЕУ за да можат „да разговараат за актуелните теми за мир, без присуство на новинари и без обврска да носат какви било одлуки или заклучоци.“ „Верувам дека споделуваме слична оценка за заканите со кои се соочува Европа“, се вели во писмото со покана од претседателот на Европскиот совет до лидерите ...
Западниот Балкан е клучното соседство на НАТО и случувањата таму, пред се ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и односите меѓу Србија и Косово, се причина за загриженост, изјави генералниот секретар на Алијансата во обраќањето ва Европскиот парламент на заедничкиот состанок на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДЕ) и на Делегацијата за односи со Парламентарното собрание на Алијансата. ...
„Ќе збогатиме ураниум и ќе го продаваме“, рече министерот, додавајќи дека имаат намера да произведат „жолт колач“, концентрат од ураниум оксид што се користи за производство на гориво за нуклеарни реактори. Нуклеарната програма на Саудиска Арабија е сè уште во зародиш и се очекува да се прошири и на крајот да вклучи збогатување ураниум. Планот е чувствителен бидејќи збогатениот ураниум се користи и во нуклеарното оружје, забележува Ројтерс. ...