Обвинението против 34 лица за трагедијата во „Пулс“, се уште нема оценка од судот. По две и пол недели откако Јавното обвинителство го достави до судот во Кочани, таму денеска предметот е повторно вратен. Изминатите денови прво патуваше до Апелациониот суд во Штип кој реши дека нема услови да се суди во тоа подрачје, па го испрати до Скопје во Врховниот суд. Тој минатата недела одлучи надлежност да добие скопскиот Кривичен суд, но обвинението ...
Предметот со обвинението и доказите за пожарот во дискотеката на смртта „Пулс“ конечно се очекува утре да стигне до скопскиот кривичен суд каде што ќе се оценува и обвинението и ќе им се суди на 34-цата обвинети за катастрофалниот пожар во Кочани во кои загинаа 62 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Според информациите на ТВ 24, врховниот суд го насочи целиот предмет во скопска единица, досиетото речиси три недели патуваше низ македонија на ...