Османи: Нови избори на северот на Косово по потврда за смена на градоначалниците

Османи-Нови-избори-на-северот-на-Косово-по-потврда-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека по смената на градоначалниците во четири општини на северот на Косово ќе распише нови избори во рок од 30 до 45 дена.

„Централната изборна комисија (ЦИК) продолжува со конечното потврдување на потписите и верувам дека многу брзо ќе го одобрат она што се нарекува оперативен план со кој се предвидуваат датумите на сите други процедури, вклучително и кога ќе се одржи смената на градоначалниците. Веднаш по таа потврда, за која се потребни повеќе од 50 проценти од целото гласачко тело да гласа „за“, во рок од 30 до 45 дена како претседател ќе закажам локални избори“, рече Османи, пренесува Радио Ким.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK