(Видео) Зеленски за првпат зборуваше за украинските жртви: „Десетици илјади беа убиени…“

Видео-Зеленски-за-првпат-зборуваше-за-украинските-жртви-„Десетици-илјади.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Замената на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни е резултат на „ресетирање“ на военото раководство, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за каналот „Фокс њуз“. Зеленски разговараше со американскиот водител на „Фокс њуз“, Брет Баер, на една од локациите во близина на линијата на фронтот во Харков.

Одговарајќи на прашањето зошто се разрешени врховниот командант на армијата Валериј Залужни и остатокот од раководството на украинските вооружени сили, Зеленски рече дека станува збор за „ресетирање“, реструктуирање и промена на раководството на воената команда.

„Мораме да бидеме побрзи. Тоа значи да се ослободиме од сета бирократија што ја имаме. Во спротивно, нема да имаме шанси“, изјави тој за „Фокс њуз“.

Зеленски нагласи дека „мора да бидеме паметни, технолошки поопремени и, се разбира, брзи“.

„Времето е пари, но во нашиот случај тоа не се пари, тоа се луѓе, животи на луѓе“, додаде тој.

Зеленски беше прашан и за доделувањето на титулата Херој на Украина на Валери Залужни и дали тоа значеше континуирана поддршка на генералот за политиката на претседателот или потенцијална промена кон опозицијата. Претседателот одговори дека тоа е избор на самиот Залужни.

„Тој го бранеше нашиот народ, нашата земја. Затоа му ја доделив титулата Херој на Украина. Многу сум му благодарен“, изјави Зеленски.

Новинарот на „Фокс њуз“ го праша украинскиот лидер дали знае колку Украина загуби во оваа војна.

„Знаеме дека загинаа неколку десетици илјади луѓе. И десетици илјади деца беа депортирани, знаеме за тоа“, рече Зеленски.

„Односот е еден спрема пет. За еден убиен украински војник, има пет убиени руски војници“, додаде тој. Во текот на изминатите неколку месеци, во украинските медиуми редовно се појавуваа гласини за конфликтот меѓу Залужни и Зеленски и за намерите на претседателот да го смени врховниот командант.

Зеленски на 8 февруари објави разрешување на врховниот командант на вооружените сили на Украина. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски изјави дека се сретнал со Залужни и му изразил благодарност за двегодишната одбрана на Украина. Се разговараше за неопходното обновување на вооружените сили и се разговараше за потенцијалните кандидати за влез во обновеното раководство на вооружените сили.

Зеленски побарал од Залужни да остане дел од тимот, но тој наводно одбил. Откако потврди дека е отпуштен, Залужни објави: „Задачите во 2022 година се различни од оние во 2024 година. Затоа, сите мора да се сменат и да се прилагодат на новата реалност за да победиме заедно“.

Залужни беше заменет со Олександр Сирски, кој командуваше со украинските сили кои успешно ги бранеа Киев и Харков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK