Ла Лига го одложи утрешниот натпревар Гранада-Валенсија

Ла-Лига-го-одложи-утрешниот-натпревар-Гранада-Валенсија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Натпреварот од 26. коло на шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Валенсија, кој требаше да се одигра во сабота е одложен откако градот Валенсија прогласи тридневна жалост поради пожарот во кој загинаа неколку лица. Новиот датум на натпреварот се уште не е познат.

Челниците на Ла Лига позитивно одговорија на барањето на фудбалскиот клуб Валенсија, да го одложат натпреварот, закажан за 14 часот. Градот Гранада и неговиот фудбалски клуб изразија солидарност со граѓаните на Валенсија откако во четвртокот попладне избувна пожар во зграда, во кој досега загинаа четири лица, а по 14 се уште се трага.

Во градот Валенсија откажани се сите настани, вклучително и второлигашкиот натпревар помеѓу Леванте и Андора.

Валенсија е на осмото место, а Гранада е претпоследна на табелата во Примера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK