Американка се изјаснила за виновна: го оставила бебето само и заминала на одмор

Американка-се-изјаснила-за-виновна-го-оставила-бебето-само-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Жена од Охајо (32) вчера се изјаснила за виновна за убиство на дете откако ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома на 10 дена за да оди на одмор. „На 6 јуни 2023 година, Кристел Канделарио ја остави својата ќерка Џејлин Канделарио сама и без надзор. Таа се врати дома дури на 16 јуни“, рече окружниот обвинител Мајкл К.

Кога Канделарио се вратила во својот дом во Кливленд по патувањето во Детроит и Порторико, видела дека нејзината ќерка не реагира и повикала полиција. Надлежните велат дека околината на детето била полна со валкани прекривки натопени со урина и измет. Кога брзата помош пристигнала на местото, констатирале дека бебето починало. „Беше екстремно дехидрирана“, соопшти полицијата.

Канделарио се изјасни за виновна за тешко убиство. Таа ќе биде осудена во март. Засега не е познато зошто Канделарио не побарала некој да и го чува детето додека таа била на пат.

Семеен пријател за „News5“ минатата година изјави дека ова не е прв пат Канделарио да ја остави ќерка си сама дома: „Постојано и велевме да не ја остава сама. Не само јас, туку и мојата пријателка која живее од другата страна на улицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK