Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%. Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, ...

Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина е прогласена епидемија на заразната болест морбили, објавено е во Службен весник на Федерацијата Босна и Херцеговина. Во документот се наведени мерките што ќе се преземат за сузбивање на епидемијата. Според соопштението, за време на траењето на епидемијата ќе се спроведуваат мерките предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести. Мерките вклучуваат едукација за превенција од ...

Од укинувањето на квотите за вработување на странци на почетокот на 2021 година, бројот на агенции за привремени вработувања и посредување при вработување на странски работници порасна на неколку стотици. „До сега не сме виделе толку брзо закрепнување од кризата, а токму тоа го отвори пазарот на трудот за странските работници“, вели економистот Дамир Новотни за големиот пораст на бројот на странски работници. Според податоците на хрватското ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, недела, од 17:00 часот, поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, ...

ДПМНЕ е партија на феномени во светски рамки со целосно загубен политички компас. Кога требаше да гласаат за своите министри во техничката влада, не ги гласаа, не ги бранеа. Целата дискусија во македонското Собрание за изборот на техничката Влада помина со еден говор на еден пратеник и заврши за само некој час. Но затоа пратениците на ДПМНЕ вчера ревносно ги бранеа министрите на Таравари кои беа разрешени. Зошто ДПМНЕ за своите министри не кажа ...

На состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок. За денеска, пак, во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села. Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во ...

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира мерки и проекти со кои Македонија економски ќе се развива и расте, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи од Македонија економски силна и моќна држава во која граѓаните ќе имаат повисок животен стандард, а домашните компании ќе бидат стимулирани да ги реинвестираат своите добивки и да отвораат ново работни места. – За таа цел ќе се продолжи политиката на ...

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, како што тврдат италијанските медиуми, размислува да го ангажира тренерот Стефано Пиоли, кој најверојатно ќе го напушти Милан ова лето. Пиоли се под притисок во Милано бидејќи тимот заостана во трката за титулата и доживеа елиминација од Лигата на шампионите. И покрај тоа што има договор до јуни 2025 година, италијанските медиуми објавија дека се очекува Пиоли да го напушти „Сан Сиро“ на лето. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието, информираат од УХМР. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. И во Скопје се очекува променливо облачно време ...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како ...

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, за првпат се огласи на Телеграм по неговото разрешување, истакнувајќи дека моментално не извршува никаква функција. – Честа и одговорноста ја чувствувам пред секој бранител на Украина и покрај тоа што моментално не ја извршувам функцијата – напиша тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ден претходно најави оставка на Залужни и на негово место го ...

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан од затвор прогласи победа на општите избори во земјата, преку аудио-визуелна порака направена со помош на вештачка интелигенција (АИ). Во пораката објавена на платформата X, Кан го отфрли тврдењето на неговиот ривал, поранешниот премиер Наваз Шариф, за победата на неговата партија PLM. Кан ги повика своите приврзаници да ја прослават постигнатата победа, и покрај, како што вели, пресметка со неговата ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот, по разрешувањето на Серхи Шаптала. Во своето видео обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен поединец кој ги разбира задачите на оваа војна и целите на Украина“, пренесува Ројтерс. Тој рече дека именувањето е извршено по препорака на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. ...

Постои позитивен моментум за проширување на Европската Унија што доаѓа од високи претставници на Унијата и сакаме да бидеме меѓу оние земји што ќе се приклучат порано. Значајната и недвосмислена поддршка од СР Германија и посебно од канцеларот, Олаф Шолц, за брза интеграција на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан во ЕУ, како и изјавите на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, но и претседателот на Европскиот ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон го повика американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина. „Би било добро помошта да биде достапна многу брзо, бидејќи без придонесот на САД, ситуацијата во Украина би била многу, многу комплицирана“, изјави Шолц за новинарите пред средбата во Белата куќа со претседателот Џозеф Бајден. Шолц ја нагласува итноста за зголемување на воената помош за Украина, во услови на конфликт ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија Н.Е. Фредерик Мерис. На средбата министерот Тошковски го запозна амбасадорот Мерис за активностите кои во моментов се преземаат во министерството за внатрешни работи како дел од техничката Влада, а се во насока на спроведувањето на изборите процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка ...

Репрезентациите на Аргентина и Нигерија следниот месец нема да одиграат пријателски натпревар во Гуангжу, бидејќи властите на тој град решија да го откажат натпреварот. Причината е невообичаена, во Кина стравуваат дека мечот може да биде еден вид навивачка одмазда кон иконата на Аргентина, Лионел Меси. Затоа го откажаа претходно закажаниот натпревар. Меси не е омилена личност во тој дел од светот овие денови бидејќи го навлече гневот на ...

Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф на прес-конференција кога ги помеша претседателите на Египет и Мексико. – Како што знаете, на почетокот мексиканскиот претседател Сиси не сакаше да ја отвори границата за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. Разговарав со него. Го убедив да ја отвори портата – рече Бајден на конференцијата. Проблемот е што претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси е тој што овозможил ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала околу 18 часот и 50 минути погоди делови од Хрватска. Според граѓаните, земјотресот бил почувствуван во Бановина, но и на околу 10 километри од Сисак, и на 48 километри од Загреб. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 8 километри. – Нозете ми беа отсечени. Беше силен удар – напишаа граѓани кои го почувствуваа земјотресот. #Earthquake (#potres) possibly felt 26 sec ...

Модернизација на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Затоа, пред нас си имаме поставено јасни цели, креираме конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати, истакна министерот Николовски на средбата со земјоделците денска во Свети Николе. „Мерката поддршка на бизнис план во земјоделствто, која стартуваше во 2023 година, ги даде своите резултати. Преку оваа нова мерка овозможивме секој ...

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...

„ДПМНЕ нема никогаш да признае и да прифати дека благодарение на СДСМ нашата земја се врати на мапата на прогресивниот свет“, порача при реплика од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска, наведувајќи повеќе факти и показатели. „Според последниот извештај на Глобалниот индекс за мир, институтот за економија и мир, нашата земја е рангирана на 38 место, пред нас од регионот се само Хрватска и Словенија. Заборавате дека во ...

Кенан Јилдиз (18) е новата турска сензација. Станува збор за офанзивецот на Јувентус кој досега одигра три натпревари за турската репрезентација, а дебитираше во победата над Хрватска (1:0) во Осиек во октомври. Јилдиз има договор со Јувентус до летото 2027 година, а во клубот пристигна во летото 2022 година откако му истече договорот со Баерн. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, оваа сезона на младиот напаѓач му даде 13 настапи во ...

Новиот „Оскар“ за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која го организира доделувањето на „Оскарите“. Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг-директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“. „Како што Академијата се развива, ние се гордееме што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, ...

Од понеделник во Министерството за економија за ваучер за одмор во вредност од 300 евра ќе може да аплицираат семејствата чиј месечен буџет е 50.000 денари. Ваучерите ќе може да ги искористат во домашните угостителски објекти кои се на листата на Министерството за економија, но вон сезона. Министерот Крешник Бектеши вели дека главна цел на оваа мерка е да им се овозможи одмор на лицата со ниски примања, а во исто време да им се помогне на ...

„Трансформација на македонската економија е она што следи со формирањето на следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Препознатливоста на ВМРО-ДПМНЕ во делот на оданочувањето и економијата се ниските даночни стапки на оданочување, која што политика повторно ќе ја вратиме“, рече Aнастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ. „Во такви услови на економско опкружување компаниите олеснето ќе стопанисуваат, а за граѓаните тоа ќе донесе повисок стандард на ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против А.Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ ...

Во општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод на крајот на јануари починало бебе при породување, потврдија од болницата. Од Општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ рекоа дека е извршен внатрешен увид и дека се уште се утврдуваат околностите на настанот. „Извршен е вонреден внатрешен мониторинг и во тек се активности за утврдување на околностите за настанување на несаканиот настан“, одговорија од управата на болницата. Трудницата ...

Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен и јавен повик. За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „За прв пат: Општина Гази Баба доделува субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1011
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
61%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
80%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
48%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52