
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари заради подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето на географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само дел од прашањата за кои се дискутираше на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и Винарската визба ...
Властите во САД уапсија 11 лица осомничени дека користеле дронови за шверц на дрога во затвор во Западна Вирџинија. Дванаесеттиот осомничен, кој побегнал од полицијата, подоцна бил пронајден мртов, пишува ABC News. Шерифот на округот Мекдауел, Џејмс Манси, рече дека неговата канцеларија била контактирана во ноември од страна на официјални лица во Федералниот затвор Мекдауел во Велч за зголемената употреба на дронови во областа. При истрагата ...
Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема пратка, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев. Тој тврди дека никој никого не саботира, а дента кога Тошковски застанал на министерската позиција, стигнале 50.000 обрасци, потоа пред некој ден стигале уште 20.000, а до крајот на месецот се очекува оголема пратка. Исто така, ...
Лука Модриќ не е задоволен од статусот во тимот на Реал Мадрид, нема да го продолжи договорот и веројатно кариерата ќе ја продолжи на некое друго место. Сепак постои опција тој да остане во Мадрид. Шпанците тврдат дека тренеорт Карло Анчелоти му понудил на Модриќ место во неговиот стручен штаб! Тренерот го цени знаењето и лидерските способности на Модриќ, поради што смета дека би било извонредно доколку тој остане во стручниот штаб на крајот ...
Заменик министерот за правда во техничката Влада, Викторија Мадиќ Аврамовска остварила билатерална средба со заменик на министерот за правда на Украина, Олександр Банчук, на маргините на Меѓународната конференцијата „Иднината на проширувањето на ЕУ: Правосудство и темелни права”, која се одржа во Загреб. Како што соопшти Министерството за правда, соговорниците констатирале дека Република Северна Македонија и Украина треба да работат на реформи ...
Министерот за труд и социјална политика по вчерашното обелоденување на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во „Ранка Милановиќ“ денес заедно со градоначалникот на Општина Гази баба, Бобан Стефковски, ја започнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот. Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект. „Живеат во крајно нехумани услови. ...
Премиерот Талат Џафери, денеска го посети кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза”, при што оствари средба со ректорот, проректорите и претседателката на Сенатот на Универзитетот, а посети и дел од амфитеатрите. По посетата Џафери посочи дека: „Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, иако е еден од помладите универзитети во државата, сепак бележи успеси, особено во однос на бројот на студенти кои сакаат да ја следат наставата на факултетите ...
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци. Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“. Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала ...
Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК? На ова прашање треба да одговорат власта на СДС и ДУИ, а по избори треба да знаат дека ќе има одговорност сите инволвирани во тендерот од 46 милиони евра за ископ на јаглен кој на неколку дена пред избори го зема фирмата на белорускиот конзул во Македонија, истакна денеска на прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. „30% е разликата во цена за ископ на еден килоџул јаглен кој го ...
Незадоволните земјоделци од цела Грција денеска тргнаа кон Атина по строго организиран план усогласен со полицијата. Се проценува дека земјоделските возила ќе пристигнат на плоштадот по 17:30 часот по локално време, по што ќе следат говори на официјални претставници на земјоделците. „Тука сме да ги слушнеме нивните барања“, нагласи Павлос Маринакис, претставник на грчката влада, додавајќи дека „можностите се исцрпени и нема основа за преголеми ...
Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб „Иднината на проширувањето на ЕУ: правосудство и темелни права“. Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите. ,,Од ...
Foto/ kfsm.mk Американецот Итан Хап (27) го одработи првиот тренинг со кошаркарската репрезентација на Македонија. Играчот на Гран Канарија треба да биде адутот на Макеоднија во рекетот. „Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку ...
Вчера на регионалниот пат Гостивар – Градец, на излезот од селото Неготино, „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од малолетник од гостиварско Сенокосе, излетал од коловозот и удрил во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски ознаки, сопственост на жител од Неготино, објави СВР Тетово. Во несреќата, возачот се здобил со телесни, а неговиот малолетен сопатник од истото село со тешки телесни повреди, констатирани во ...
На стадионите „Џузепе Меаца“ во Милано и на „Филипс“ во Ајндховен ќе се одиграат првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ривали се Интер – Атлетико Мадрид и ПСВ – Борусија Дортмунд. Интер и Атлетико Мадрид се среќаваат во меч за кој повеќето фудбалски стручњаци велат дека може да биде најинтересен од сите осминафинални натпревари. Нероаѕурите во добро расположение го дочекуваат овој натпревар. Блиску се по пауза од три ...
Во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско. При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин. Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле ...
Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста, лидерот на ДУИ Али Ахмети да претендира за функцијата претседател на државата. „Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. „Нема потреба тој да покажува кој е, и колку е, после 50 години свој придонес за оваа држава и за граѓаните во оваа држава“, ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола му се извини на Калвин Филипс затоа што му кажал дека е дебел. Кон крајот на 2022 година, Гвардиола јавно го критикуваше, посочувајќи дека Англичанецот од Мундијалот се вратил со вишок килограми. Филипс, во зимскиот преоден рок, замина на позајмица во Вест Хем, но и таму игра во ужасна форма. Новинарите го прашаа шпанскиот стручњак дали се кае за своите зборови. „Да, извинете. Згрешив еднаш во осум ...
32-годишен маж од Македонија е убиен во германскиот град Есен, а како што пренесуваат локалните медиуми, младиот Македонец бил претепан до смрт. Според германските медиуми, жртвата во саботата околу 2 часот по полноќ во центарот на Есен се скарала со двајца млади момчиња од Еритреја на возраст од 25 и 29 години. По кратка вербална расправија, следела брутална тепачка каде двајцата млади со раце и нозе, како и со пивско шише го удирале ...
Во СВР Куманово, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководството на СВР Куманово и раководствата на Одделенијата за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово, како прва дестинација во рамки на серијата посети што ќе следуваат периодов низ Секторите за внатрешни работи низ целата држава. „Од страна на раководството на ...
Паула Бадоса (26) во солзи го напушти ВТА турнирот во Дубаи. Шпанката поради повреда мураше да и го предаде мечот на Лулу Сан. Бадоса беше втората тенисерка во светот во пролетта 2022 година. Две години подоцна, вирални станаа нејзините солзи во Дубаи. Тоа го направи од болка и очај што мораше да го предаде мечот против Лулу Сан по првиот сет поради повреда. По завршувањето на сетот побара лекарска помош, а физиотерапевтот ја советувал да го ...
Четири лица во Австралија се пренесени вчера во болница откако гром ги удрил во близина на операта во Сиднеј, соопштија локалните власти. За време на силна бура, четири лица се сокриле под дрво во близина на познатата знаменитост и биле погодени од гром. Доминик Вонг од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс изјави за новинарите дека жртвите претрпеле изгореници и некои проблеми со срцето по инцидентот во ботаничката градина во Сиднеј. „Сите ...
Од еден од лавовите за кои се грижел речиси една деценија бил убиен чувар на зоолошката градина на универзитет во Нигерија. Олабоде Олавуџи, кој беше одговорен за зоолошката градина на Универзитетот Обафеми Аволово (ОАУ), бил нападнат додека ги хранел лавовите, соопшти Универзитетот. Колегите не можеле да го спасат чуварот бидејќи лавот му нанел фатални повреди, јавува Би-Би-Си. Лавот потоа бил евтаназиран. Чуварот, по професија ветеринарен ...
Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме почина на 64-годишна возраст во Минхен, јавуваат локалните медиуми. Според информациите, тој починал од срцев удар. Бреме беше член на генерацијата која ја освои титулата на Светското првенство во Италија во 1990 година. Во финалето против Аргентина, предводена од Диего Арманод Марадона, Бреме го постигна единствениот гол од пенал. Кариерата ја започна во 1978 година во ХСВ Бармбек, потоа играше за ...
Маскиран натрапник во неделата намерно пролеал околу 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарија, а вредноста на уништеното вино се проценува на околу 2,5 милиони евра. Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објави новинската агенција „Европа прес“ и други шпански медиуми. 👮🏻♂ Asaltan la prestigiosa bodega de José Moro en Valladolid y vacían 60.000 litros de vino ...
Рускиот претседател Владимир Путин му подари автомобил на својот севернокорејски колега Ким Џонг Ун, објавија севернокорејските државни медиуми. Тоа е уште еден знак за одмрзнување на односите меѓу двете земји кои предизвикаа загриженост ширум светот. Автомобил од руско производство за лична употреба на Ким беше испорачан од руска делегација во неделата, објави државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА). Сестрата на Ким – и висок ...
Марио Хезоња веројатно ќе го напушти Реал по завршувањето на сезоната. „Марка“ пишува дека одбил две понуди од Реал за продолжување на договорот: првата во декември, а потоа уште една. Репрезентативецот на Хрватска, не е задоволен од финасискиот дел, смета дека Реал треба да му понуди повеќе пари. „Панатинаикос, каде што Хезоња веќе играше, сака да го врати. Хезоња е еден од приоритетите на грчкиот клуб за следната сезона. Панатинаикос му нуди ...
Алармантниот недостиг на храна, зголемената неухранетост и неконтролираното ширење на болести може да предизвикаат експлозија во смртноста на децата во Газа, предупредија Обединетите нации. Дваесет недели по почетокот на израелската војна против Хамас во Појасот Газа, агенциите на ОН предупредија дека храната и безбедната вода станале „неверојатно оскудни“ на палестинската територија, додавајќи дека речиси сите мали деца имаат заразни болести. ...
За разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција. Во време на СДС синот на заменик министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за полициско возило со ...
Вчера во Судот во Ахен започна судењето на 41-годишниот Манфред Г., кој е осомничен дека ја убил својата сопруга во куќа во Гилрат во 2016 година. Случајот се сметаше за затворен се додека телото на убиената Дороти, која за време на убиството имала 29 години, не беше пронајдено во август минатата година. Телото било пронајдено во новата куќа во која живеел 41-годишникот со синот и новата партнерка. Во судот беше кажано дека 41-годишникот ги ...
Нетси пред паузата за Ол-стар викендот доживеаја убедлив пораз во Масачусетс од Бостон со дури 50 поени разлика. Тоа беше петти пораз во последните шест меча за Бруклин, поради што Вон доби отказ „Ова е само потсетување дека ни претстои уште многу работа“, рече Вон по катастрофата, но тој нема да биде тренерт што ќе се обиде да го смени текот на сезоната. Нетс се 11-ти во Источната конференција со 21 победа и 33 порази. Жак Вон Тој го презеде ...