
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Сомалија, Сирија, Мјанмар, Боко Харам - и Израел. Тие не се случајно заедно. Одлуката на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да го вклучи Израел во црната листа земји кои повредуваат деца, го навреди и зашемети Израел. Ние сме на списокот со Сирија? Да, ние и Сирија. Во Израел веднаш тргнаа во напад, без никој да праша: што мислевме додека армијата убива илјадници деца? Дека светот ќе молчи? Дека Обединетите нации ќе се ...
Низ Европа кружи добро познатото сениште, кое редовно ни се враќа секои пет години. Додека граѓаните се упатуваат кон гласачките места за да го изберат новиот Европски парламент, коментаторите повторно се прашуваат дали екстремно десничарските антиевропски партии ќе освојат повеќе простор и ќе се обединат за да ја уништат Европската унија однатре. Вистина е дека оние кои не веруваат во ваквото сценарио за судниот ден отсекогаш тврделе дека ...
Станува збор за перформанс кој обединува уметници од различни области. Изведувачки уметници се: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Уметници – ментори на перформансот се Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ. „Алхемија на дивината“ ве предизвикува да размислувате за природата на ...
Во вторник, 18 јуни, во 19:00 часот во КСП Центар –Јадро ќе се одржи еднодневна работилница која се надоврзува на работилницата „Звучни собирања“, организирана во соработка со Studio PLAY.ground и К.Ц. Медиа Артес во ноември 2023 во рамки на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА- имерсивен и партиципативен театар како алатка за социјални промени“ поддржан од Швајцарска амбасада. Во оваа работилница, учесниците ќе истражат како звукот ни помага да се ...
Во сабота, 15 јуни 2024, во БруталиСК, Скопје, во 20 часот, ќе разговараат Никола Гелевски, главниот уредник на списанието Маргина и порталот Окно, и Васко Маглешов, новинар на порталот Призма. Главната тема на разговорот ќе бидат двата важни јубилеи на книгоиздателството Темплум: 30 години Маргина и 15 години Окно. Но, се разбира, разговорот ќе оди и во други насоки и кон други теми, за општеството, културата, животот, предизвиците... Како ...
За јубилеите 30 години „Маргина“ и 15 години „Окно“ пишуваат: Драги Неделчевски, Ана Голејшка Џикова, Билјана Ѓонеска и Димитрие Дурацовски. Драги Неделчевски Маргиналецот од тетовското кино „Братство“ Зимата 1999 старото кино „Братство“ во Тетово беше преуредено во голема дискотека. Беше тоа тренди место за излегување. Јас тогаш бев продавач на влезници во дискотеката. Благајната беше едно сопче метар на метар, со прозорче 20 на 20 ...
Во организација на Кооператива - Регионална платформа за култура, на 13 јуни (четврток) во 18 часот, во просториите на КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата „Архиви на пријателство - поетики на отпорот”. „Главната мотивација зад оваа скромна рефлексија на работата на „Кооператива” и нејзините членови е да се создаде можна мапа на поврзувања преку споделени искуства, заедничка работа и продукција во рамките на независната културна сцена. ...
Првата концесија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ веќе е направена. Интересно било ноќта меѓу 7 и 8 јуни во Собранието кога Мицкоски и неговите челници преговарале со ДУИ да ги убедат дека треба да ги прифатат измените на Законот на организација на органите на државната управа. Дилот за гласовите што недостасуваа и со кои поминаа измените, е ад-хок комисија во Собранието за правична застапеност. Да се чудиш, да се изначудиш! Прво којзнае што е ...
Преземено од Дојче Веле Со голема љубопитност и внимание ги чекав реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери, особено на „Вреди“, за големото изненадување на наивните поради, да не речам, обнова на старото партнерство, туку постигнување заеднички став со ДУИ за важни државни прашања, како што е зголемувањето на бројот на министерствата и на министрите и на државната администрација. Ќе има изобилство функции и нови работни места за ...
На 15 јуни во 21 часот, во рамките на Викендот на гордоста – Скопје 2024, во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи танцовиот дует Lounge во изведба на Marga Alfeirão и Mariana Benenge во чија основа се наоѓа двојната природа на одморањето, чекањето, движењето и придвижувањето. Lounge претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките ...
Културните работници ги повикуваат уметниците привремено да ги прекинат своите програми во име на солидарност со народот на Палестина, за да испратат порака до државните институции дека не сакаат да бидат учесници во геноцидот врз палестинскиот народ. За К.Р.У.Х., иницијативата за чесно платена работа во културата и Иницијативата за слободна Палестина ги повикуваат уметничките, културните работници и сите останати на 15 минути, половина час, ...
(Кон претставата „Сексуално образование II: дијагноза, конзистентност, способност, игри, борба”, во режија на Тјаша Чрнигој, а во копродукција на „Нова пошта” (Словенскиот младински театар и Маска) и Градот на жените” и во авторство на Тјаша Чрнигој, Лина Акиф, Сенди Бакотиќ, Ника Розман, Ванда Велагиќ, Тијана Тодоровиќ, Барбара Капељ, Теа Видмар, Лене Лекше. Главни улоги: Лина Акиф, Сенди Бакотиќ, Лина Розман, Ванда Велагиќ) Отворајќи ги ...
Сомалија, Сирија, Мјанмар, Боко Харам - и Израел. Не се заедно случајно. Одлуката на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да го стави Израел на црната листа држави кои повредуваат деца го навреди и запрепасти Израел. Ние на листа со Сирија? Да, ние и Сирија. Во Израел веднаш почнаа со напад, а никој не се запраша: што мислевме додека војската убива илјадници деца? Дека светот ќе молчи? Дека Обединетите нации ќе се воздржат ...
Kомпанијата за филмска продукција, уметност и издаваштво „Шорткат” и редакцијата на порталот „Фронтлајн” имаат чест да го претстават своето најново издание, книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог” од Џабир Дерала и Валентин Нешовски. Промотори на книгата ќе бидат проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски. Промоцијата ќе се одржи денес, 11 јуни (вторник) во 19:30 часот, во рок бар „Гарсон”. Најголем дел од книгата е во форма на дијалози меѓу ...
Сама си се наместив да се чувствувам обврзана со мои коментари под туѓи фејсбук постови, ама ако, завредува да срочам и јас нешто, иако опасноста кај нас секогаш лежи во претерувањето со пригодно-чествувачки текстови заедно со комплетното игнорирање и заборав, чудно, а вистинито. Конечно денес му седнав на текстов оти вечер ќе се разделам со првиот број на Маргина, ќе му го подарам на млад гладен читач што го посакува, а кому ќе му појдам на ...
Проектот „Нишки како воздишки” е реализиран по избор на учесниците - ученици од шесто, осмо и деветто одделение), членови на клубот „Млади библиотекари” во ООУ„Војдан Чернодрински” – Скопје, со целосна поддршка од директорката на училиштето и во соработка со наставниот кадар. Во периодот од први март до двесет и осми мај две илјади дваесет и четврта година, во училишната библиотека, иницирани и под менторство на Дијана Петкова-библиотекарка, се ...
Зголемувањето на бројот на министерства не води до ефикасност. Ефикасноста секогаш вели со помали трошоци да се добива повеќе. Напротив. Повеќе институции доведуваат до поголема бирократија, непотребно трошење на ресурси и дополнителни компликации во координацијата на различните институции, реагираше пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на синоќешната собраниска дебата за предложениот закон за зголемување на бројот на министерства, односно ...
„Вистината во време на војна се состои единствено од пропагандните лаги на завојуваните страни“. Се изненадив кога открив дека оваа контроверзна, но просветлувачка мудрост е срочена токму од авторот на овие редови, некоја година порано. Желбата цитатот да ја доживее вечноста, морав сепак да ја надбијам со наплив на скромност, па признавам дека таа само на друг начин ја искажува старата изрека, дека вистината е првата жртва на војната. Како е ...
За „Маргина“ и „Окно“ зборуваат Наташа Атанасова, Тања Аждаја, Живко Грозданоски, Кирил Мечалов, Искра Димковска, Калина Малеска, Александар Маџаревски - Читачот и Фросина Пармаковска. Живко Грозданоски „Маргина“ е окно, богато засолниште скраја од отапувачката инерција на мејнстрим културата, цели триесет години. „Маргина“ пргаво ги лови во лет најсвежите идеи од светот на книжевноста и на уметноста, но и грижливо ни ја пренесува актуелната ...
(Скопје, 6.6.2024 година) Во четири фестивалски денови, помеѓу 20 и 23 јуни 2024 година, во Паркот Македонија – Општина Кисела Вода, Здружението Икуалити ќе зрачи со љубов, позитивна енергија и преку бројни настани наменети за сите генерации ќе ги разбуди најдлабоките емоции кај граѓаните. Поделен во 4 тематски зони - Паркот Македонија ќе биде дом на сите оние кои се отворени за дружење, кои несебично сакаат да споделуваат и создаваат ...
Во рамки на овогодишниот фестивал Skopje Pride Weekend, на 10 и 15 јуни, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар, ќе се одржат перформанси на Харалд Бехари (10 јуни, 20 часот) и Марга Алфеиро со Маријана Бененге, Миријам Лукас и Шака Лајон (15 јуни, 21 часот). 10 јуни, 20 часот Harald Beharie Batty Bwoy - Соло танцов перформанс Харалд Бехари (тој/тие) е норвешко-јамајски изведувач и кореограф кој живее и работи во Осло, Норвешка. ...
Преземено од Дојче Веле Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува адреналинот што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за меѓуетничките односи во земјата. Но, првите чекори по изборната ...
На 6 јуни (четврток) во „Бруталиск” (Илинденска 38А), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на пет џебни книги од едициjата OK.NO. во издание на издавачката куќа „Темплум”. Книгите ќе ги промовираат Никола Гелевски, Здравко Савевски и Еди Фрцовски. Во петте џебни книги се застапени авторите: Ахмад Кадура, Мохамед Сабанех, Омар Ал Абдалат, Наоми Клајн, Гидеон Леви, Јанис Варуфакис и Славој Жижек. Книгите ги носат следниве наслови: ...
Една од петте книги што ќе бидат промовирани во БруталиСК на 06.06.24. е „Карикатури за Палестина“ од Омар Ал Абдалат. Овде пренесуваме 16 карикатури од книгата. Омар Ал Абдалат (Omar Adnan Al Abdallat) е роден во Англија (1978), а живее во Јордан. Меѓународно е познат и наградуван карикатурист; јавен и мотивациски говорник; активист за социјални медиуми со повеќе награди; искусен предавач за креативна продукција, цртање, ...
Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство. Овие песни станале исклучително популарни по војната, а Партизанскиот хор од Љубљана покрена иницијатива за нивно внесување во регистарот. Со оваа акција стотина песни ќе бидат сочувани за идните генерации. Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовничките и народни воени песни создадени за време ...
Уништувањето на повеќе од една третина од зградите во Газа за само неколку месеци израелски бомбардирања ги поттикна експертите за меѓународно право да предложат воведување нов правен концепт: „домицид“, масовно уништување на станбени единици за да се направи територија непогодна за живеење. Независни експерти проценуваат дека во војната во Газа, која започна по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, дури 40 отсто од ...
Преземено од Дојче Веле Не престанува да ме изненадува лаконската леснотија со која поголемите македонски партии живеат во балон на сопствената реалност, целосно одвоени од објективната вистина и надворешниот свет. Дотолку повеќе што таквата, напати шизофрена, дискрепанција, раѓа патолошки синдром на намерно замижување пред очигледната реална состојба, создавајќи општествено-политичка шизма која потоа се реперкуира назад кон електоратот, се ...
Пред официјалното отворање на овогодинешниот фестивал Skopje Pride Weekend 2024 на 8 јуни, на 5 јуни во 19:00 часот во МСУ, ќе се одржи предавање на светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед, на тема „Смарањето (Killing Joy) како квир проект”. Вечерта ќе заврши со концертна промоција на новиот албум на „Светлост”, насловен Everything Was As It Had Been a Minute Ago, која ќе започне во 21 часот на платото на МСУ. Овој настап, во ...
Денес (вторник), 4 јули, од 13 до 14 часот, на Факултетот за драмски уметности (Мал базен) ќе се одржи завршна презентација на меѓународниот проект Е.Т.Е.Р.И.А. Македонскиот дел од проектот е ко-финансиран од Европската агенција ЕАЦЕА/Креативна Европа и Министерството за култура на Р.С. Македонија; Македонски центар ИТИ/Продукција. Координатори и партнери на проектот се: Италијанскиот центар ИТИ/Астрагали театро, Лече, Р.Италија; Театро Тци ...
Инфантилизирани и интелектуално декапацитирани политички елити повторно го милитаризираат и го туркаат во самоуништување европскиот континент како што тоа го правеа пред 110 години, пред Првата светска војна. Но, овој пат заканата од нуклеарен холокауст се однесува на целата планета, не само затоа што полудените елити го ескалираат засега индиректниот судир помеѓу најмоќните нуклеарни воени сили, туку и поради тоа што и милитаризацијата на ...