
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



За разлика од изборите во авторитарните политички системи, суштинска одлика на изборите во еден демократски систем е начелото на еднаквост, односно секој од нас има загарантирано право да учествува на изборите и има еднаков глас, без оглед на политичките определби, социо-економскиот статус или етничкото потекло. Во еден демократски поредок што го одликува политички плурализам и инклузивност, изборите се можност за граѓаните да слушнат различна ...
Домородните народи во Амазон користат модерна технологија за да ја одбранат својата земја и својот начин на живот. „Сакаме светот да нѐ види за да ни помогнат”, велат тие. Во долината Јавари, еден од најизолираните региони на Амазон во Бразил, жените Канамари берат маниока, плодот кој е главен дел од нивната исхрана. Канамарите главно живеат од земјата, но тие и шумата што ги одржува се загрозени од надворешни лица кои сакаат да ги искористат ...
Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години. Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) претрпе убедлив пораз на локалните избори што го сигнализира почетокот на крајот на нејзиниот дводецениски монопол на власта и сериозно ги поткопува темелите на авторитарното владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Водечката опозициска Народна републиканска партија (ЦХП) ја постигна својата прва победа од 1977 година и не само што ...
Бројот на корисници на интернет ширум светот брзо расте и генерално, земјите со повеќе жители имаат повеќе корисници, но тоа не е правило. Клучните статистички показатели велат дека од 59,9% до 68,3% од глобалното население е онлајн, а Кина е единствената земја во светот со над милијарда корисници. Една четвртина од корисниците на интернет живеат во источна Азија и во северна Европа, односно нордиските земји имаат највисока стапка на користење ...
Завршувајќи го својот мандат како претседателка на Националниот совет на Републиканската партија, Рона МекДаниел ги повика своите сопартијци да го поддржат изборот на двајца луѓе кои Доналд Трамп лично ги избра да ја наследат на оваа функција. По овациите на присутните таа заклучи дека нема потреба да прашува дали има некој што ќе гласа против. Тоа беше интересен момент бидејќи покажа дека процедурите воспоставени за заштита на демократскиот ...
Сè поголем број луѓе во светот се соочуваат со тешкотии од менталните болести како што се депресијата или фобиите. Во Германија, погодена е третина од населението, во САД, Турција или Мексико уште повеќе, а тој број се зголемува, се вели во Извештајот за ментално здравје. Моментално, 31 отсто од населението во Германија е погодено од психички болести. Голем е бројот на болни и во Кина. Во САД, дури 40 отсто од населението страда од психички ...
Смртта на Мирко Попов е огромна загуба за нашата култура. Кога велам култура мислам на широкото значење на зборот, на целокупниот наш контекст, особено градски, на односите меѓу луѓето и на смислата на создавањето артефакти во една ваква брутализирана средина. Оти Мирко беше поврзувач на сцената (ми се чини, еден од последните), позитивен дури и во негативна смисла ‒ поврзувач или судирач на орбитите и световите. Притоа пак зборувам за сцена во ...
Александар Пејовски, бескомпромисен уметник кој сиот живот го посветува на творештвото. Компонира во различни музички жанрови, прави и музика за филмови и театар, сосема далеку од политичките гарнитури, интереси, далеку од завидливите очи на јавноста, од индустријализмот и популизмот. Верува во вдахновение и во занает. Пејовски е еден од најпродуктивните композитори во земјава, чии дела често се изведуваат во различни формации и наидувајќи на ...
Планетарните граници претставуваат точки кои, коа ќе се поминат, можат да предизвикаат непоправливи промени во екосистемите и климата, а со тоа и непредвидливи последици за човечкото општество. Пречекорувањето на овие граници го зголемува ризикот од генерирање големи, нагли или неповратни промени во животната средина. Границите на растот, истражување кое го предводеше глобалниот економски труст Римски клуб во раните седумдесетти години од ...
Амбасадата на Јапонија најавува дека на 5 мај ќе го прослави Денот на децата во Јапонија, со натпревар за цртање и сликање. „По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите земји поттикнете ги децата да творат за нашето пријателство, за важноста на „кизуна” (силна и длабока врска) со своите „томодачи” (пријатели)”- велат организаторите на настанот. Конкурсот е отворен за сите деца до 12-годишна возраст кои уживаат да ...
Пролетта во КСП-Центар Јадро донесе многу настани, сончеви денови и сезонски алергии. КСП Центар Јадро започнува со априлската разнолика програма во која секој може да најде свое катче за уживање и културно дегустирање. • „Rib or All Parts Matter of Fact” - изложба на Аница Бебиќ и Тома Димовски (2 април, 12 часот) • Концерт на Дина Марковска (флејта) и Јована Удовиќ (виолина) (6 април, 18 часот) • „Мојот сон” – промоција на автобиографија д-р ...
Првиот услов за бесмртноста е смртта, напишал бесмртниот Станислав Јежи Лец, и по овој афоризам одвишок е да се каже и збор повеќе за портите на бесмртноста. А пак, сказната за тоа кој и како станува бесмртен по смртта, е толку обемна и сложена што и не вреди да се раскажува. Вреди да се спомне, меѓутоа, веројатно најважната вистина за бесмртноста: дека таа е создадена од културата на сеќавање и чествување на името и делото на оние мртви од кои ...
Низ процесот за исполнување на критериумите и решавање на пречките кои стоеја на патот, добиваме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Јазикот се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Од држава со многу проблеми и ...
Оваа седмица, во наш хелиоцентричен манир ќе се занимаваме со партискиот кастинг и составувањето на листите на кандидати за претстојните собраниски избори како и со содржината на програмите на партиите, сето ова проследено и со континуитет на жестоко спротивставени наративи, вербална пиротехника и по некоја пикантерија, за забава или замајување на широките партиски избирачки бази и по некој неопределен избирач. Истовремено, развојот на настаните ...
Тешко ми е денеска да ги најдам вистинските зборови за да можам барем малку да Ви го доближам, и да му оддадам почит на Мирко Попов, мојата љубов, партнер и најдобар другар. Треба да се напише книга за да се доближи неговиот лик и дело, како вистинска движечка тридецениска сила на македонската култура, идентитет и урбано Скопје. Мирко сакаше сам да ја напише оваа книга, но не како негова биографија, туку како запис и сведоштво за секое движење, ...
Според славниот коментар на книжевниот критичар Фредрик Џејмсон, „полесно е да се замисли крај на светот отколку крај на капитализмот“. Првпат во два века, забележува Џејмсон, капитализмот се гледа како деструктивен и непоправлив. Слабеењето на верата во можноста за посткапиталистичка иднина е извор на длабок песимизам. Ваквиот преовладувачки очај го евоцира есејот на Џон Мајнард Кејнз од 1930-та година „Економските можности за нашите внуци“, во ...
Овој месец се навршуваат три децении од објавувањето на првиот број на „Маргина“. Добро се сеќавам, годината беше 1994, во некогашната заедничка држава војната сè уште не го имаше достигнато деструктивниот врв, а во „оазата на мирот“ се појави часописот за сурфање по рабови, како повик кон збунетите млади луѓе кои бараа поинакво мислење од она што секојдневно се сервираше во вестите на телевизиските канали. „Маргина“ одигра значајна улога во ...
Мирко Попов е културна појава која подолго време артикулура дел од скопската и македонската креативна сцена. Неговите колумни објавени во Трн секогаш предизвикуваат реакција од читателите, позитивна или негативна. Без оглед на тоа, Мирко секогаш е доследен на својата животна филозофија. Затоа едноставно моравме да го направиме ова интервју во кое ќе ни каже повеќе за себеси и за она што го води напред. Разговорот го води Васко Лазаревски. Трн: ...
„Семирот понекогаш е осамен и студен, но цврсто држам правец и речиси сум буден.“ Патувај мирно кон Розевата Планета, Мирко Попов. Вечно ќе живееш во нашите срца. Билјана Црвенковска Ај што го испиша саундтрекот на нашата младост и љубов, туку беше од оние ретки индивидуалци кои со своја лична сила, енергија и ум во ваква мала земја како нашата покренуваат и одржуваат цели културни традиции. Колку музика и текстови напиша Мирко, колку изданија ...
Со бесплатни претстави во Македонски народен театар, Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март – Светски ден на театарот. По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца” во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот и изведбата на претставата „Бесачи” во режија ...
Плачам зашто сум педесетгодишна будала која 30 години го прави истото: живее од денес за утре и ги собира најубавите песни за да им ги понуди на гладните, жедните и незаинтересираните. Плачам заради привилегијата да го живеам својот сон. Но, тоа е сон за кој сами се изборивме. Го изборивме поради тоа што бевме воспитани, образовани, култивирани, бестрашни и убави. Ова е приказна за убавите деца на овој град... убавите деца на оваа земја. Ги има ...
Во Европа повторно кружат военохушкачки гласови. Сè почесто се даваат неумерени изјави за новите воени опасности кои ни се закануваат, смислено се гради слика за нестабилност која се темели на деконтекстуализација на постоечките светски процеси (вклучувајќи ги и безбедносните предизвици), а каква било можност за разговор за структурните проблеми кои се наоѓаат во сржта на нестабилноста претставена како неизбежност, од јавноста и мејнстримот се ...
Легендарниот српски фотограф Томислав Петернек, кој ги овековечи последиците на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, почина на 91 година. Неговите фотографии беа објавувани во најзначајните светски весници. Роден во хрватскиот град Винковци во 1933, Петернек почнува да се занимава со фотографија во 1954 година. Со новинарска фотографија почнува да се занимава работејќи во весникот „Светлост” (Крагуевац). Набрзо доаѓа во Белград и ...
„Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството.“ Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е дека никогаш нема да се разбереме со мнозинството. Се ...
Уште на почетокот една фуснота, колку да не бидам обвинет за некакво лицемерие: повеќето од оние што ме познаваат или повнимателно ме следат на социјалните мрежи, знаат дека во последно време имав некои несогласувања со Мирко Попов (1972-2024), кои одвреме-навреме поминуваа во полемички расправи, а некогаш (ретко) и во навредливи испади (конечно, каква е таа полемика, ако нема навреди, што би рекол Мирослав Крлежа). Она што е битно тука да се ...
На 24 март, на 51 годишна возраст почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика и промотор на независната музичка сцена. Мирко Попов беше сеприсутна и значајна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари. Попов е роден во 1972 година во Скопје. ...
Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а мошне ретко се споменуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите. Феминизмот не би требало да го гледаме како движење кое им користи само на жените и кое стана „закана за националната безбедност, а мажите ги направи поплачливи и слабаци“, како што тврдат Фокс Њуз, туку како движење кое позитивно влијаеше на општеството во целина. Зерлина Максвел, позната политичарка и новинарка на The ...
Прегледот на 1930 студии посветени на работата од дома откри големи предности, но исто така и негативни страни, како што се развивање на асоцијалност и занемарување во однос на унапредување на работното место. Сепак, студијата покажува дека луѓето кои работат од дома повеќе се склони на конзумирање грицки, алкохол, цигари и покажуват склоност кон дебелеење. А работодавците кои веруваат дека луѓето што работат од дома се мрзливи, би требало да го ...
(Кон претставата „Моби Дик” по текст на Александар Секулов, во режија на Дијана Добрева и во изведба на Националниот театар „Иван Вазов ” од Софија. Главни улоги: Христо Петков, Владимир Пенев, Пламен Димов, Параскева Џукелова, Снежина Петрова) Митот за китот „убиец” е само структура која нѐ води во веќе проверените модели на борбата меѓу „доброто и злото”, каде што освојувачот е оној што се одлучил да ја скроти силата која доаѓа од морето. ...
Има малку економски термини кои се оптоварени со толкав идеолошки багаж како што е случајот со „слободната трговија“. Ако денес се залагате за слободна трговија, ќе ве прогласат за апологет на плутократите, финансиските и корпоративните штетници. Ако барате отворање на границите ќе ви речат дека сте наивец или, уште полошо, корисен идиот во служба на Комунистичката партија на Кина, кој не се грижи за човечките права на Кинезите и судбината на ...