
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Миртл Корбин, „девојката со четири нозе“, поради состојбата позната како дипигус, била родена со две одделни карлици сместени една до друга. Со секоја карлица, таа имала и два пара нозе. Миртл во поголемиот дел од нејзиниот шеесетгодишен живот била предмет на фасцинација, одбивност и љубопитност. Називот „четириножна жена“ е всушност погрешен назив, бидејќи само еден пар нозе ѝ припаѓале на Корбин - другиот пар ѝ припаѓал на нејзината дипигус ...
Изненадување, изненадување. Насилниот отпор на Палестинците на Западниот брег ја покажа главата. Човечките чудовишта се разбудија и почнаа да се разнесуваат со експлозиви. Терористите самоубијци се вратија во нашите животи, а армија израелски аналитичари имаат научно објаснување за тоа: се работи за ирански пари. Без нив Западниот брег би бил мирен, луѓето се подготвени да се убијат за да добијат пари. Тоа е ирански октопод. Колку е лесно сè да ...
Платформата Skopje Design Week во соработка со Стопанска банка, оваа година под мотото Cycling & Recycling, со цел да се подобри велосипедската инфраструктура, сообраќајна култура и безбедност во Скопје и поинтензивно и побезбедно користење на велосипедот во урбана средина како и подигнување на јавната свест за присутност на велосипедите во сообраќајот, отвора повик за дизајн решенија. Краен рок за пријавување: 14. септември, 2024. На ...
Некој еднаш рече дека национализмот е најконтрадикторната политичка идеја. Иако може да води директно во гасни комори, може и да ве ослободи од угнетувачките империјални сили. На секој Франко или Моди доаѓа некој Џорџ Вашингтон или Махатма Ганди. Национализмот може да спаси култури и јазици на кои им се заканува изумирање, но исто така може да нè наведе да си замислиме дека сме подобри од сите останати. Како најуспешно револуционерно движење на ...
Палестина е главна тема на Маргина #96. Промоција: сабота, 31.08., 19.30., Кафе Станица. Од новиот број на списанието Маргина го пренесуваме краткиот текст на славниот палестински поет Махмуд Дарвиш, со кој се заблагодари за Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2007. година. Во Маргина #96, освен Дарвиш, претставени се и Едвард Саид, најпознатиот палестинско-американски филозоф и теоретичар, Гил Аниџар, брилијантен современ ...
Сетете се на крајот на јуни и почетокот на јули. Француската радикална десница беше фаворит за победа на вонредните парламентарни избори. Судиите наклонети кон Трамп во САД соодветно ги решаваа правните неволји на поранешниот претседател, кој изгледаше дека е на сигурен пат кон победата по катастрофалниот настап на претседателот Џо Бајден на дебатата. И додека во Британија власта ја преземаше Лабуристичката партија, новата антиимиграциска ...
Ова е важен момент за нашиот град, потребно е да застанеме и да ја согледаме ситуацијата. Пред да донесеме одлуки за расформирање на ЈП Паркови и зеленило и поделбата на неговите надлежности по општини, неопходно е да имаме анализа и отворена дебата. Одржувањето на нашите паркови, зелените површини, и јавната хигиена е од витално значење за квалитетот на живот во Скопје, и тоа на целата површина на градот подеднакво, а не која општина како сака ...
(Кон претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, фестивалска премиера на Дубровничките летни игри во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Лука Перош, Адријан Пездирц, Фрањо Дијак, Ружица Маурус, Филип Шоваговиќ) Последната пиеса на големиот драматичар Вилијам Шекспир не би можеле да ја одредиме ни како комедија, ниту како трагедија, така што тоа е дело чија жанровска амбивалентност предивикува големо интересирање и кај режисерите, но и кај актерите. ...
Хозе Мухика Пред една деценија светот накратко се фасцинираше од Хозе Мухика. Тој беше народен претседател на Уругвај кој ја избегнуваше претседателската палата на неговата нација за да живее во мал дом со лимен покрив со неговата сопруга и кучето со три нозе. Во говорите пред светските лидери, интервјуата со странски новинари и документарните филмови на Нетфликс, Пепе Мухика, како што е општо познат, сподели безброј приказни од животната ...
На конкурсот за микро приказна (до две страници) или песна (до шеесетина редови) на тема Туѓо тело стигнаа околу 150 творби од 60 автор(к)и. Наместо три или пет награди, заради воедначеноста на трудовите, решивме да доделиме 10 рамноправни награди во вкупна вредност од 10.000 денари, на следниве автор(к)и): Ана Мрак, Анета Попова, Билјана Ѓонеска, Будимка Поповска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Добрин Коцев, Евдокија Заркова Иванова, Филипа ...
Бескрајно повторливи линии, декоративни мотиви, амблеми и историски личности се спојуваат во хипнотичката анимација на режисерот Лахлан Турзан од Лос Анџелес. Во комбинација со придушената композиција на Блејк Милс насловена „Money Is The One True God“, музичкото видео се состои од скенови со висока резолуција споени во воодушевувачка ротација. Компилацијата открива колоритни парчиња на валути од 23 земји кои датираат од 1800-тите до денес. ...
На 21.08.2024, повеќе медиуми известија за најновите статистички податоци за просечната (нето) плата, а темата „минимална плата“ се најде во фокусот на медиумското внимание по барањето на синдикатите (ССМ) за исполнување на ветувањето за зголемувањето на минималната плата на најмалку 450 евра. Но, како и многу пати претходно, и овој пат медиумите не известија за најновите статистички податоци за реалната нето – плата, иако податоците за „реална ...
Кити О’Нил изведува сцена од Wonder Woman. Сценариото барало Wonder Woman да скокне од 12-катница. Фото: Архива Бетман Сето она што што го правеше суперхероината Чудесна жена (Wonder Woman) на екранот, Кити О'Нил го правела во реалниот живот. Таа поставила светски рекорди, и на копно и во вода и воздух. Излетување од оган, падови, судири и експлозии биле нејзината специјалност. Легендарната каскадерка почина на седумдесет и две годишна возраст, ...
Конвенција за правата на децата За сите нас кои во некое својство, како родители и/или наставници, се грижиме за деца, почетокот на новата учебна година е добра прилика да се преиспитаме: до каде сме, со кои предизвици се соочуваме, каде сакаме да одиме. Една корисна рамка за вакво преиспитување е Конвенцијата за правата на децата, достапна во резимирана верзија и на македонски тука. Во конвенцијата, детето е дефинирано како “секое човечко ...
Фра Махапраном Дамалангкаро, игумен на храмот Ват Чак Даенг, со Хипо, бродот за собирање отпад на соларна енергија зад него. Со над дваесет милиони килограми пластичен отпад што во текот на годината завршува во океаните, Тајланд е еден од најголемите светски загадувачи на морските води со пластика. Како што се проценува, реката Чао Праја, која тече и низ главниот град Бангкок, е водечки национален виновник за тоа загадување. Реката годишно ...
Хади Матар со нож го нападна писателот Салман Ружди и му нанесе неколку убодни рани, што е многу радикален облик на книжевна критика. Во име на Бога. Банатскиот Владика Никанор повика на вооружена борба против припадниците на ЛГБТ популацијата. Во име на Бога, православието, традиционалните вредности и останатите свети нешта. Патријархот на Руската православна црква Кирил ги благослови масакрите над невините цивили во Украина, за него ...
Сцена од претставата „Дождлив ден во Гурлич“ Фото: Нада Жганк (Кон претставата „Дождлив ден во Гурлич“, по текст на Милан Рамшак Марковиќ, во продукција на Прешерновиот театар од Крањ и во копродукција на Градскиот театар од Птуј, а во режија на Себастијан Хорват. Главни улоги: Алјоша Треновшек, Весна Пернарчиќ, Дарја Рајхман, Борут Веселко, Миха Родман.) Навидум лесниот разговор и лежерното секојдневие можат да донесат бура која на прв поглед е ...
„Триумфот на смртта“, 1562 година Според Мајкл Мекормик, историчар од „Харвард“, најлошата година за живеење на Земјата била 536 година од нашата ера. Мекормик ја избрал 536 година кога поголемиот дел од светот бил во „мрак“. Тогаш започнале да се одвиваат низа настани кои им го загорчиле животот на оние кои биле доволно несреќни да живеат во тој период. Европа, Азија и Блискиот Исток биле погодени од мистериозна магла, така што тие области биле ...
Основачот на Тајм.мк, Игор Трајковски, денеска објави дека добиле известување од Бирото за јавни набавки дека на најпосетуваниот агрегатор на вести отсега па натаму нема да има автоматски пристап за преземање на податоците за јавни набавки. Основачот на Тајм.мк (time.mk) Игор Трајковски, денеска на социјалната мрежа Х објави дека добиле известување од Бирото за јавни набавки (БЈН) дека на најпосетуваниот агрегатор на вести отсега понатаму нема ...
Семездин Мехмединовиќ е добитник на главната награда на книжевниот фестивал Друга приказна за 2024 година. Тој ќе биде гостин на фестивалот кој ќе се одржи од 30 август до 1 септември во Скопје, во Кафе Станица, Јадро и Ла Кања. Пренесуваме три цртички, проследени со цртежи на авторот, од малата фестивалска книга на Мехмединовиќ со наслов Изложба во лифт. Изложба во лифт К. го запознав во 2006 година, по читањето на универзитетот во Џорџтаун, ...
Кертис сега го живее животот по свои услови, правејќи го она што сака да го прави секој ден. Во интервју со Ли Сандерс, специјалист за кариера во Розвел, Џорџија, таа вели: „ Наутро подготвувам гриз, јајца и колбаси, потоа го чистам подот. Понекогаш јадам надвор. Одам на часови по сликање. Цртам убави слики и заработувам. Одам во град и ги продавам своите дела. Одам во црква и му се молам на Бога. Високо кревам глас! Во лето одам на базен и ги ...
(Кон Хрватскиот шоукејс на Хрватското ИТИ, од 8 до 12 мај, 2024, во Загреб, Хрватска). Хрватскиот ИТИ секоја година, под водство на динамичната и елоквентна Жељка Турчиновиќ се труди да направи пресек на театарските движења во Хрватска, на она што е најинтересно во годината меѓу двата шоукејса. Од 2005 година наваму, Хравтскиот ИТИ со овој шоукејс, веќе дваесет години ни го презентира она што е највозбудливо во театарското живеење во Хрватска. ...
Адолф Рацка е роден на 20-ти ноември 1943 година во Германија. Бил заговорник на правата на лицата со инвалидитет и одиграл клучна улога во промовирањето на правото за самостоен живот во Европа. Бил корисник на лична асистенција, аспиратор и електромоторна количка од 1961 година, кога на 17 години останал парализиран заради последици од детска парализа. Оттогаш континуирано се борел за поголема автономија и инклузија на лицата со инвалидитет. По ...
Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс развија нова протетичка нога која може да се контролира преку мозочни сигнали. Ова е достигнување што може значително да го подобри искуството на движење со бионичка нога. Како што е објаснето во новиот труд објавен во списанието Nature medicine, истражувачите откриле дека нивната невропротетика ја зголемила брзината на движење за неверојатни 41 отсто во споредба со контролната група која ...
Луѓето се вид кој прави алати. Но, дали можеме да ги контролираме? Кога Роберт Опенхајмер и другите физичари во четириесеттите години од минатиот век го развиле првото нуклеарно оружје ги загрижувало тоа што нивниот пронајдок би можел да го уништи човештвото. Досега тоа не се случи, но оттогаш контролата на атомското оружје е упорен предизвик. Денес, многу научници гледаат на вештачката интелигенција - алгоритмите и софтверот кои им овозможуваат ...
Се случија севселенски проколнувања, о ереси, заради неколкуте трансродови лица на отворањето на Олимписките игри во Париз. Потоа и заради учеството на алжирската боксерка Иман Халиф, на која таблоидно ѝ ја отстрануваа долната облека и ѝ ги гледаа гениталиите, проверувајќи дали е доволно жена за тој фајт. Негодуваше секој десничар, конзервативец и националист на планетата земја, од Илон Маск до Информативната служба на Српската православна ...
Годинава „МакеДокс“ слави 15 години. На јубилејното издание кое фестивалот го посвети на архивите, на тоа скапоцено наследство што нè претвора во времепловци, ние решивме да „копаме“ по архивите на фестивалот. Да се присетиме на почетоците, да ѕирнеме во спомените, да се навратиме на филмовите и на луѓето кои што го одбележаа фестивалот и да ја раскажеме неговата приказна. За МакеДокс разговаравме со Сара Феро и со Дарко Набаков. Почнавме со тоа ...
Утринава, на 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, македонска и југословенска кошаркарска легенда, уникатна личност која што засегогаш ја задолжи кошарката на овие простори. Како тренер остави длабока и неизбришлива трага во кошарката на овие простори, особено во Македонија. Луциден, темпераментен и на многу начини уникатна личност, Лечиќ беше една од најомилените фигури во македонската и југословенската кошарка. Пред пет години, во мај 2019 ...
На 13 јули, 20-годишниот помошник готвач Томас Метју Крукс се искачи на покривот на погонот и пукаше кон претседателскиот кандидат Доналд Трамп за време на неговиот предизборен претседателски собир во Батлер, Пенсилванија. Светот го заобиколија фотографии од она што следеше и без потребната временска дистанца веќе изгледаат епохално, како нешто што ја дефинира ерата што доаѓа. Трамп, крварејќи од десното уво низ кое помина куршумот, пркосно ја ...
Здружението ИКУАЛИТИ на 31 мај успешно го спроведе и Третиот менторски форум за млади лидери од Општина Битола, од вкупно пет менторски форуми, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”. (Скопје, 12.08.2024) Во Општина Битола беше одржан третиот од петте менторски форуми во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, организиран од Здружението Икуалити. На форумот учество земаа учесници на возраст од 16 до 24 години од Битола, ...