
Скопје
5ᴼ /
5ᴼ



Кога не е на сцена, Дејвид Морон работи како професионален шминкер Секој што ќе „излезе од плакар” во Мјанмар се соочува со огромни културни и социјални бариери на секој чекор. За Дејвид Морон, да се биде геј во Мјанмар значело да се биде исфрлен од својата семејна куќа. Роден во мало село во близина на границата меѓу Мјанмар и Индија, Дејвид објаснува дека отсекогаш знаел дека не се вклопува во стереотипите поврзани со машкоста. Тој знаел дека ...
Имам 23 години, телото е младо и крцкаво, му давам сѐ, тоа лакомо граба, почнувам да сфаќам дека ќе ме издаде, години отсега телото ќе ми биде мојот сопствен Јуда. Духот трепери, штотуку ја напуштив мојата голема љубов, без зборови, само со погледи, се заколнавме на вечно отсуство, а сѐ што добивме беше вечен копнеж и студ кој ништо не го грее. Во младо тело, немирен дух. Ова се последните денови на мојата младост; телото почнува да се влече ...
Проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник: Спроведување на модел проекти за поддршка на одржлив развој во прекуграничниот регион долж Балканскиот зелен појас“, денес, од 14 до 16 часот организира вебинар за презентирање на резултати. Проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник: Спроведување на модел проекти за поддршка на одржлив развој во прекуграничниот регион долж Балканскиот зелен појас“, денес, 25 јануари, од ...
Во културата на Гватемала, на задгробниот живот му се посветува посебно внимание, а овој културен аспект е лесно видлив на нивните гробишта. Расфрлани низ селата на Гватемала можат да се видат гробишта чии надгробни споменици се насликани во широк спектар на колоритни нијанси. Пријателите и членовите на семејството ги бојадисуваат користејќи ги омилените бои на починатите како начин на оддавање почит и сеќавање на нивните животи. Некои од овие ...
Иницијативата „Спознавање” го објавува своето трето културно списание, во сабота (27 јануари), во „Лабораториум”, со почеток од 19 часот. „Новото издание има интервјуа со музичари од Балканот како „Свемирко”, но сепак го задржува фокусот на македонските музичари како Искра, Кем и други. На самиот настан ќе има изложби од Мила Добревска, Јана Танчевска и Марта Патлиџанковска, инсталација од „Партизан Принт”, фотографски книги на Никола Јовановиќ ...
На 27 јануари, од 11 до 19 часот, со адреса на улица Булевар Партизански одреди 7, ќе биде отворена новата кафе-книжарницата „Илика”. „Со огромна радост конечно сакаме да ве поканиме на отворањето на нашата мала кафе-книжарница „Илика”! Дојдете на отворањето на 27 јануари (од 11 до 19 часот), пробајте го нашето кафе и купете си некоја нова книга, а ние ќе ве почестиме со вкусни домашни колачиња и домашно вино. Низ разговор ќе ви раскажеме нешто ...
Дали радикалната десница ќе биде голем победник на изборите за Европскиот парламент во јуни? Што би значела таквата победа за Унијата? И која е радикалната десница? Пред пет години европските лидери со право зборуваа дека Европејците страдаат од вртоглавица. Според зборовите на Милан Кундера, вртоглавицата не иста со стравот од пад, туку тоа е желбата за пад од која, исплашени, се браниме. Тогаш гласачите флертуваа со десничарските популисти и ...
Прегледот на сликите на шпанскиот уметник Пако Помет од последните неколку години открива непоколеблива фасцинација со сонцето и месечината. Во далечината се појавуваат брилијантни блескави орбити кои ги осветлуваат сивите сцени, додека малите ликови со цртани нозе и раце талкаат низ домовите и се дружат на покривите. „Средба” Оваа тема која се повторува и станува препознатлива кулминира со нова монографија со ограничено издание во која се ...
Група атомски научници повторно го прикажаа панелот „Часовник на судниот ден” за да го истакнат ризикот од глобална катастрофа. На тој часовник, полноќ ја претставува точката во која светот потенцијално ќе се соочи со глобална катастрофа. Затоа, часовникот на судниот ден останува поблиску до полноќ од кога било досега, што ја одразува континуираната состојба на опасност со која се соочува светот. Билтенот на атомските научници, чувари на ...
На првиот меѓународен турнир во брзопотезен шах во Штип ќе учествуваат шахисти од десетина европски земји, од кои триесет се велемајстори, интернационални или ФИДЕ мајстори. Вака голем турнир се одржува во Штип 55 години од последниот интернационален турнир. Според досегашните пријави, најмногу учесници ќе има од балканските земји, но фаворит е норвешкиот велемајстор Евгени Романов (2.561), кој со овој рејтинг беше еден од најуспешните учесници ...
Зошто зборувам за „накази и сакати“, плус киборзи, а не ги користам другите, политички покоректни ознаки од типот „инвалиди“, „хендикепирани“, „неспособни“, дури и „онеспособени“ или „попречени“? Причините за тоа произлегуваат од мојата пристрасна позиција: бивајќи и самиот инвалидно тело, се решив за погрдните, непримерени термини „наказа“ и „сакат“ („киборг“ засега не е погрден, иако е амбивалентен) зашто тие ја истакнуваат различноста на ...
Во уметничкиот центар „Арт хаб” (во Градскиот трговски центар,2 кат, локал 306), вечерва, 24 јануари, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Сашо Саракинов. „На изложбата ќе бидат претставени околу триесет фотографии, кои ќе бидат поставени во неколку групи. Тоа се настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција. Фотографиите го отсликуваат ...
Тој ми призна дека ноќе ја затвора мачката во лифт. Криците нејзини, очајни, бесни, удираат во ѕидовите, а најмногу дивиот мјаук, го потсетува, вели, на мене. Целата долга ноќ мирната синокоса женичка крај него спие. Тој слуша: мачката во лифтот, веќе луда, со главата се залетува во стаклото со канџата себе кожа си кине бесниот ѕвер вреска џунглата низ рбетот накострешен со главата в ѕид, со ситните коски на шепата директно в ѕид! И точно тогаш ...
Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад” од писателoт и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана денес, 24 јануари (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор” во „Скопје сити мол”. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска. „Трибун, Хронистерик, Номад” е широка, длабока и пловна есеистичка книга на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс. Содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три ...
Фамилија откорнати Тродимензионалноста на скулптурата е обврзувачка. Природата на медиумот бара од уметникот концептуализацијата да ја изведе не преку оптички илузии, туку во реален простор и со реален материјал како медиум за уметничкото дело. На овој начин, уметникот истовремено добива поголема слобода, но е и повеќе ограничен. Самата гравитација и самиот простор бараат да бидат земани предвид. Тоа неминовно го наведува уметникот постојано да ...
Светот во кој доминира капитализмот е слободниот свет. Капитализмот, кој сега го нарекуваме либерализам, е модерниот свет. Тоа е единствениот модел на општество, ако не е идеален, тогаш барем е задоволителен. Немало и никогаш нема да има друг. Ова е едногласната песна што ја пеат не само економските лидери и повеќето политички лидери, туку и интелектуалците и новинарите со пристап до главните медиуми: аудиовизуелни, печатени, големи издавачки ...
Едноставни хранилки за птици можат да им бидат од голема помош на птиците во ладните зимски денови, особено кога температурите паѓат под нулата и има снежна покривка, кога тие имаат потешкотии да најдат храна во околината. „За среќа е потребно малку. Непечени кикирики, суво овошје, непечени семиња – сончоглед, семки од тиква, пченица… Сето ова може да биде вистинска гозба за птиците кои со денови се во потрага по храна”, велат од Македонското ...
На 26 јануари од 11 до 15:30 часот во „Јавна соба” ќе се одржи националната конференција за активно граѓанство „КритикУМ”. Конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ” претставува простор којшто ги обединува граѓанските активист(к)и, младите, луѓето коишто се загрижени за состојбите во државата, независните уметници, едукатор(к)и, но и воопшто граѓаните што имаат некаков порив за промена. Првото издание на конференцијата „КритикУМ” ќе биде ...
По шокот што го доживеа Израел на 7 октомври следеше шок заради реакцијата на „глобалната левица“, особено американската. Како се случи наместо солидарност заради убиствaтa на невини граѓани на Израел, да избијат жестоки демонстрации против израелската влада и повици за моментален прекин на огнот? Зошто на оние кои секогаш беа за солидарност и мир, сега им беше тешко да сочувствуваат со израелското страдање? Запрашаноста набрзо ја заменија ...
Зимата е прилично тешка во Јапонија. Куќите и становите имаат степен на изолација кој варира, што често ги прави недоволно загреаните простории неподносливо студени. Покрај тоа, секој што патува до и од работа е во голема мера изложен на снег и други мали непријатности додека минува низ градот. Во зависност од ситуацијата, внатрешното греење, кое почесто е ѕидна единица отколку централно греење, честопати ги остава луѓето со многу нереализирани ...
Познатиот актер Диклиќ пред една недела напиша дека веќе нема да чита и зборува за тоа кој колку крадел, кој што расипал и сличните политички и веќе сеопшти обвинувања. Сакам ова што ми преостана од животот да го одживеам со обични човечки теми. Овој негов заклучок дека има теми кои се човечки и во нив не спаѓаат постојаните обвинувања ми е некако слика и на мојава заедница и тоа од најситната клетка, па до врвот на хиерархијата. Навикнавме да ...
На својата конститутивна седница комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнале 35 романи. Комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на ...
Во рамките на осмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, годинава тематски насловен како „Заробени во слободата”, Андреј Мирчев ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Иконокластични изведби: Кон агонистичката политика на слики”. Настанот ќе се одржи во четврток на 25 јануари со почеток во 18 часот во просториите на КСП Центар Јадро. Фокусирајќи се на концептот на иконoкластична изведба, предавањето го обмислува на ...
Измината седмица, македонската и албанската нација се разбудија „попарени“ од наодите на глобалното истражување за коефициентот на интелигенција на нациите, објавено на порталот „Преглед на светската популација“, а кое ги рангираше како најнеинтелигентни нации во Европа. Наодите беа пренесени безмалку од сите медиуми во републиката, целосно некритички, без притоа да се направи напор да се истражи позадината на порталот и особено на авторите на ...
Како можеме да придонесеме за намалувањето на влијанието на модната индустрија врз климатската состојба? Пет автор(к)и на различни начини се обидуваат да го дознаат тоа. „Ги чистам дамките на џемперите, фармерките, панталоните и кошулите веќе еден месец и не изгледам понеуредно од вообичаено” Мислам дека треба да почнам со проветрување на валканите алишта. Јас сум средовечна мајка на мали деца која не ја пере облеката дома. Знам, се однесувам ...
Таму каде што е љубовта спрема таткото тука е и клинецот забоден во синот. Таму каде што е свеста за Израел тука е и веста за Алах. Во предградието на Ерусалим постои маслина која и не знае дека е маслина, а камоли дека е маслина во Израел. Нејзиното незнаење е постаро од леопардовите пеги или од листовите на Тора. Во паузата од убивањето на еден бог и правењето друг од кал, во паузата меѓу симнувањето гнили црепови и поставувањето нови, во ...
Лаеше, и лаеше, и лаеше пес. И не бидна ништо. Само ноќта потемна стана. Седам во мрак. Не слушам шум, не слушам Глас. А сè ми се чини дека дома имам Гостин, Што го гледа само тој пес. Превод: П. В. Ќамил Сијариќ (Ćamil Sijarić, 1913 – 1989) е еден од најзначајните бошњачки и црногорски писатели. Писателот Зувдија Хоџиќ за него рекол дека имал неверојатна дарба за усно раскажување и дека прво усно ја раскажувал секоја своја приказна, а дури ...
„Птици во аквариум” е насловот на уникатната неодамна објавена книга од професорите Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, со која се одбележуваат сто години по објавувањето на „Првиот манифест на надреализмот“. „Книгата „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024” од Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска претставува сеопфатна аналитичка студија и преглед на генезата, развојот, теоријата, темите, ...
Братислава има револуционерна иницијатива да ги рециклира отпушоците од цигари и да ги користи како додаток на асфалт за производство на патишта. Словачка е пионер во областа на рециклирање отпушоци, а јавното претпријатие за управување со отпад Odvoz a Likvidacia Odpadu (OLO) соопшти дека од годинава ќе постави специјално дизајнирани контејнери за отпушоци од цигари на сите јавни настани. Во соработка со Градското собрание на Братислава и ...
Вечерва, 19 јануари, во „Бруталсик” во 21 часот ќе се одржи промоција на монографијата „25 години творештво” на уметницата Пандора Апостолоска-Саздовска. Делото ги презентира актуелните визуелни истражувања на авторката во период од 25 години. Текстот е на историчарот на уметност и ликовен критичар, Златко Теодосиевски. Според него, Апостолоска-Саздовска е мултимедијална уметница која работи цртеж, сликарство, објекти/инсталации, перформанс, ...