
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



(Кон 59- то издание на Борштниковите средби, 3-18 јуни, 2024 година, Марибор, Словенија) Скоро шеесет години „Борштниковите средби“ на својот репертоар го носат она најинтересното и најинспиративното од Словенечкиот театар. Овие театарски средби се еден вид пресек на театарските збиднувања во Словенија, како и на режисерските видувања на Словенечките режисерски имиња. Дванаесетте претстави во официјалната компетиција на овогодинешниот фестивал ...
За прв пат е забележана активност на човечкиот мозок во последните моменти пред смртта, откривајќи ритмичка активност споредлива со онаа видена за време на сонот. Набљудувањето би можело да ги поддржи извештаите за искуства блиску до смртта за животот кој минува пред вашите очи во фазата позната како „потсетување на животот”. Откритието е направено за време на лекување на епилепсија на 87-годишен маж под надзор на д-р Раул Висенте на ...
Новата мантра на кандидатите на претседателските избори во САД, актуелниот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп е „единството“. Именката стана жешка стока по обидот за атентат врз кандидатот на Републиканската партија на предизборниот митинг во Батлер минатиот викенд. Приказната за атентатот е позната и веројатно нема да се промени во главните црти, можеби во некој детаљ: Томас Метју Крукс, 20-годишен регистриран ...
Последниве десетина години миграциите веројатно се најважната политичка тема во евроатлантскиот свет и придружните сателити. А дискусиите кои ја следат, кажано со жаргонот на современиот политички Пи Ар, ги поларизираат општествата. Приоритетниот статус на миграциите како тема не е предизвикан од некаков значаен раст во квантитетот во однос на претходните периоди на глобално ниво. Причините попрво треба да се бараат во неодамнешното економско ...
Го запознав Борис Буден, публицист, универзитетски професор, преведувач, активист и другар, на крајот на 1992 година во канцеларијата на Антивоената кампања на Ткалчиќева 38 во Загреб. Тогаш се подготвувавме да го рестартираме објавувањето на списанието ARKzin во поамбициозен формат, а Весна Кесиќ го покани да ни се придружи. Борис многу брзо доби постојана колумна „Blut und Buden“ во која безмилосно го деконструираше воено-националистичкиот ...
Во сабота, на 20 јули, со почеток во 19 часот, во рамки на манифестацијата Смилевски конгрес, во село Смилево ќе се одржат серија интересни културни настани: - Изложба на алтернативни фотографии „Вратнички на Улишта“ на Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија - Изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис, Темишвар, Романија - Проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на патувачкото ...
Кон средината на јуни, египетската војска и полиција уапси повеќе од 250 навивачи на каироскиот фудбалски клуб Ал Ахли во Александрија поради подигање на палестинското знаме на стадионот и скандирања во знак на солидарност со Газа. Меѓу приведените има и неколку тинејџери на возраст од 13 до 15 години. Дел од навивачите беа ослободени еден ден подоцна, некои останаа во затвор. Активистите сега ја повикуваат Африканската фудбалска конфедерација ...
Мултимилијардерот Илон Маск вложува многу повеќе од објавените 45 милиони долари месечно во предизборниот фонд на републиканците, очекувајќи дека евентуалниот втор мандат на Доналд Трамп би ги олеснил условите за развој на технолошката империја, од електричните автомобили, преку социјалната платформа, па сѐ до вселенските истражувања. Маск како „лажни гнуа“ (игра на зборови за лажна вест) ги опиша извештаите во весникот „Вол стрит џрнал“ дека ...
Наша соговорничка е познатата американска, меѓународно призната марксистка и политиколог Џоди Дин (Jodi Dean). Таа е уредничка и авторка на голем број публикации и книги. Честа гостинка е во Загреб, а разговорот го имавме по нејзиниот настап на овогодинешниот Subversive фестивал, каде што во рамките на Субверзивниот форум одржа предавање насловено „Полошо од Трамп“. Разговорот со Џоди Дин го води Среќко Пулиг. Рековте дека нема да зборувате за ...
Еколошката организација Гринпис на 7 јули објави графикон кој покажува дека неколку дена претходно температурата на површината на Атлантскиот океан во Мексиканскиот залив надминала 28 степени, а на некои места достигнала и 30 степени целзиусови. Графиконот беше проследен со реченицата „Факт: Потопли мориња = поразорни урагани“, реферирајќи на ураганот Берил за кој научниците констатираа дека се карактеризира со „интензификација без преседан“ со ...
Финска, според повеќе меѓународни истражувања, се смета за најмалку корумпирана земја во светот. Но во последните години во Финска се води дебата околу реформи, кои, меѓу другото, би го опфатиле и назначувањето на генерални директори на јавни институции, а со што оваа скандинавска земја уште повеќе би ја зацврстила својата водечка позиција во глобални рамки, како држава со најниско ниво на корупција. Политичките и партиските назначувања, како ...
Преземено од Дојче веле Температурите на северната хемисфера соборуваат рекорди секоја година. Во многу земји се забележуваат екстремни, смртоносни горештини. Според студијата објавена во мај 2023 година во списанието Nature Sustainability, доколку климата драстично се загрее, можно е сценарио според кое околу 3,3 милијарди луѓе би можеле да се соочат со екстремни температури до крајот на векот. Студијата, предводена од научниците од ...
Се чини дека уметниците не можат да избегаат од создавањето дела кои во себе ги содржат аспектите на доброто, лошото и грдото. Голем дел од нив ни презентираат дела кои го откриваат она што суштински ги одбележува - од културата до општествените притисоци и домот - овозможувајќи ни да ги толкуваме и да ги сметаме за достојни за почит. Англиската уметница Ања Пеинтсил од Честер, во својата уметничка практика, богата со текстил, полна со килими и ...
(Кон 69. издание на Стерииното позорје, 26 мај – 03 јуни, 2024 година, Нови Сад, Србија). Слоганот на овогодинешното издание на Стерииното позорје, како што вели неговата селекторка Ана Тасиќ алудира на „потрагата на протагонистите по делчињата од раздробениот идентитет во постапокалиптичното време, по кошмарот или во кошмарот, кој го живееме локално и глобално и понатаму, по опоравувањето од екс-југословенските војни, транзицијата, ...
Понекогаш се чини дека борбата за „правилно“ толкување на минатото во одредени периоди или земји е поогорчена, поемотивна и потенцијално подалекусежна од реалните физички конфликти. Можеби тоа произлегува од познатата изрека на Орвел дека „оној што ја контролира сегашноста го контролира и минатото, а оној што го контролира минатото - ја контролира и иднината“. Авторитарната контрола на јавниот говор може да има и злокобен контекст, особено кога ...
Чарлс Канингем Бојкот Се слуша речиси секојдневно ширум светот, се поврзува со протести, опструкции и колективно противење на некој производ, поединец или држава. Го користат групи за да го попречат развојот на општествените, економските или политичките мерки кои ги сметаат за неправедни. Термин со универзален карактер - бојкот. Овој израз првпат се појавува во англискиот речник, како boycott, од каде е изведен и изразот на шпански el boicot. Но ...
Извор: Дојче Веле Фудбалот е огромна машина за правење пари. И тој бизнис почнува веќе со дресови. Некои компании вложуваатмногу пари за да се рекламираат преку фудбалот. Нивната цел е да го направат својот бренд попознат, да го подобрат имиџот и да привлечат нови клиенти. Големите производители на спортска опрема како Адидас или Најк плаќаат стотици милиони евра за правото да ги опремат играчите со дресови. За возврат, нивното лого може да се ...
Од вкупно 46 пријавени проекти, проектот „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е избран во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа” за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи” (BMN), соопшти Музејот на современа уметност (МСУ). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне ...
Прашањето за кое треба да се дискутира многу повеќе и многу поинтензивно гласи: Дали ни е потребна националната држава? Тоа е чисто европско прашање, кое мора да се разреши во самата Европа. Националната држава се гледа како решение за ослободување на народите кои не можеле да се развијат во рамки на големи системи - монархии, односно империи. Во тие системи, народите кои не му припаѓале на привилегираното општество биле ограничени, па дури и ...
Несреќата не доаѓа тивко – со трубачи го прослави мандатот Данела Арсовска, најкатастрофалната градоначалничка на некогашниот град Скопје, кое сега е претворено во село невесело, во кое под нејзино раководство нема што нема. Нема автобуси, нема јавни чешми, нема простори за рекреација, нема хигиена, нема чист воздух, нема игралишта, нема култура, нема ред. Веќе немаме ни град. Ама затоа си ја имаме Данела која, пак, којзнае што сè веќе си има, ...
„Танцувањето значи предавање на телото и душата на незнајни можности. Слушам, мирисам, чувствуам, живеам, танцувам”, вели Мана Хашимото. Мана Хашимото е кореографка и танчерка од Њујорк. Нејзината четиринаесетгодишна кариера ја одвела од родниот град Токио на сцените ширум светот. Таа веќе била искусна танчерка во времето кога почнала да го губи видот. Хашимото се сеќава на последната боја што ја видела: пастелно сина. Тоа била една од многуте ...
Автопортрет (1930) Карл Швесиг е роден на 19 јуни 1898 година во Гелзенкирхен во семејство од работничка класа. Како дете развил рахитис кој му го запрел растот, а бил висок само четири и пол стапки. Неговиот низок раст и лошата здравствена состојба го спасиле од смртта во Првата светска војна: не бил испратен на првата линија, а во 1918 година, по три години воена служба во канцеларија, можел да ги започне студиите на Академијата за Ликовна ...
Неодамна еден кинески автор (судејќи според идеограмите во текстот) предложи нов модел за разбирање на меѓународните односи. (Благодарен сум на пријателот кој ми го испрати текстот вчера.) Авторот забележува (како и многу други, би рекол) дека се формирани четири (2×2) многу интересни коалиции врз основа на ставовите за војните што се водат денес. Има луѓе кои ги поддржуваат Палестина и Украина, оние кои ги поддржуваат Израел и Украина, оние кои ...
Кога се распадна Советскиот сојуз, а глобалниот комунизам почна да се повлекува, многумина се надеваа дека деновите на авторитарните лидери, кои негуваа „култови на личноста“, поминаа. Дојдовме до „крајот на историјата“ и победи либералната демократија. Редовната, мирна транзиција на власта помеѓу демократски избраните претставници требаше да стане норма и веќе никој да не се осуди да тврди дека е непогрешлив, а камоли божествен. Во СССР ...
Самоуверените елити се производ на успешни режими. Денешните елити од двете страни на Атлантикот се сè само не самоуверени. Веќе една година гледаат што се случува и со неверување ги тријат очите. Во САД центристите се згрозени од неблагодарноста на масите за економските успеси на претседателот Бајден и нивното свртување кон Трамп. Подемот на различни форми трампизам во Европа - на сметка на либералните икони како што се францускиот претседател ...
Колку е тешко да се објасни чувството на гордост, а колку е лесно зборот да се употребува во секојдневниот говор. Луѓето, а кога велам луѓето мислам на мнозинството обични, сосем нормални луѓе, без проблем го употребуваат поимот и како именка – како гордост, и како придавка – горд, или како прилог – демек гордо, користејќи ја очигледно јазичната интуиција во изнаоѓањето на неговата правилна употреба. И, може да се рече дека никогаш не грешат. Но ...
„Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата” – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, одливот на таленти е алармантен и, според сите светски организации, Македонија е на врвот меѓу земјите што ги губи своите кадри. Имено, според ИОМ за 2020 година Македонија се ...
Во организација на Контрапункт, во рамки на деветото издание на КРИК – фестивал на критичка култура, на 4 јули (четврток) во 19:30 часот, ќе се одржи промоција на македонскиот превод на двете книги „Дивидуа“ (2016) и „Дисeмблажа“ (2022) од Гeралд Рауниг, кои претставуваат два дела од неговиот голем и исклучително значаен теориски и епистемолошки проект наречен „Машински капитализам и молекуларна револуција“. Двете книги се во исклучително ...
Не можам да замислам подобра прослава на Видовден од здружување со фестивалот „Mirëdita, добар дан“. Се чудам како никој во владата (за жал, разбирливо), но и во министерствата, во сите културни институции и воопшто во сето она што ја претставува власта - не се сети на тоа. Мирот, разбирањето, соработката и - кому му се случила, љубовта - ете што треба да размислува и замислува младата генерација на Видовден: со фестивалот таа, односно нејзините ...
Во унификуваниот училишен округ во Лос Анџелес, втор по големина во САД, оваа недела изгласана е одлука со која во сите тамошни училишта на учениците ќе им се забрани користење на мобилни телефони во училниците. Ова е најдалекосежната одлука од ваков тип досега потврдена во САД, а гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потоа ги повикал сите други области и училишта во таа сојузна држава да го сторат истото. „Децата нека бидат деца” Одлуката за ...