Ние не ги гледаме, но тие убаво живеат и во нашата бања: научниците таму откриле над шестотини различни вируси. Нема потреба од паника, бидејќи велат дека нема ништо лошо во тоа. Туширањето со топла вода не го сакаат само луѓето, туку и вирусите. Неодамна, беше објавена студија во стручното списание „Граници во микробиомите“ (Frontiers in Microbiome)“, според која, на пример, цела метропола на вируси живее во нашиот туш. И не само таму. ...

Денес, на 4 Ноември, на 88 годишна возраст, почина Оливера Николова, една од најзначајните македонски писателки за возрасни и за деца. Оливера Николова, раскажувачка, романсиерка и драмска писателка, е родена во Скопје на 11 март, во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, на катедрата за Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како уредничка и драматург ...

Пренесено од Дојче веле Иако е разбирливо дека проблемот на ЕУ со Истокот и војната во Украина не е од вчера, сега проблемот со руското мешање и империјалната реконструкција насочена кон екс-СССР земјите како Молдавија и Грузија, создаваат нова главоболка за Брисел. Тоа само ни потврдува дека големиот план на Путин за доминација и реставрација на териториите, некогаш под Царевите, а потоа и под Советите, нема да запрат само со Украина. ...

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата ...

Поранешниот шеф на кабинетот на Трамп потврди дека поранешниот претседател е фашист. Претходно, поранешниот претседател на Здружениот генералштаб официјално изјави дека поранешниот претседател е фашист. Угледни историчари велат дека тој е фашист. Зарем сето тоа не е доволно за да ја разреши таканаречената „дебата за фашизмот“, која трае долго, огорчена е и изненадувачки лична? Учесниците во оваа дебата се сложуваат дека Трамп мора да биде ...

Лектирата во училиштата, задолжителната и онаа што се препорачува, постои во повеќе европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, и е постојано предмет на остро спротивставени дебати околу напорите за градење заеднички културен идентитет, или чувство на заедништво и припадност кон некое општество. Утврдувањето списоци на лектирни дела тешко може да помине без политичко влијание, а едновремено неизбежно се наметнува прашањето во колкава мера еден ...

Со претставата „Кралот Иби“ на Алфред Жари во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности, вечерва, на 1 ноември во 20 часот, во Драмскиот театар во Скопје ќе биде отворено 32. издание на Студентските средби „Скомрахи“. Пиесата „Кралот Иби“ може да се смета за зачеток на драмата на апсурдот и во неа се прикажуваат настани и ситуации што се во основата гротескни, изместени и апсурдни. Под мотото „Дионизија сега“, на „Скомрахи“ и ...

Предниот дел на првата продавница на „Нинтендо” во Кјото На 23 јуни 1889 година основана е компанијата „Нинтендо” - симбол на гејмерската индустрија на модерното време - која произведе бројни наслови кои останаа врежани во поп културата. Основач на „Нинтендо” е Фусаџиро Јамаучи - претприемач од Кјото. Почеток со продажба на традиционални карти за играње „Нинтендо” е веројатно најстарата компанија за видео игри. Основана е во 1889 година, и се ...

Агенцијата на Обединетите нации за заштита на животната средина (УНЕП) неодамна го објави новиот извештај за јазот во емисиите - кои нациите ширум светот во моментов планираат да ги намалат за да ги избегнеме најлошите последици од глобалното затоплување. „Сегашните амбиции не се доволни“, оценува д-р Ана Вуковиќ Вимиќ од Земјоделскиот факултет во Белград, една од водечките српски стручњаци за климатски промени. „Забележан е исчекор во однос на ...

Пренесено од Дојче веле Додека Владимир Путин во Казан беше домаќин на првиот БРИКС плус Самит, со амбиција да формира „нов светски поредок“ наспроти оној западниот, целиот свет е во исчекување на претседателските избори од 5 ноември, со цел да разбере кои ќе бидат идните потези на САД. Честопати се вели дека изборите за Белата куќа не се однесуваат само на Американците, туку на целата земјина популација, затоа што САД и понатаму се број 1 ...

Денес бројни филозофи, економисти, правници, социолози и антрополози од разни провиненции, трагаат по одговор на прашањето како денешниот свет може да се промени во правец на создавање поцврста симбиоза помеѓу слободата на хомосапиенсот и новата визија на човештвото што би водело, ако ништо друго, барем кон нов копнеж за подобар, послободен и подемократски свет. Што може да го инспирира хомосапиенсот уште еднаш да посегне по револуционерни ...

Сакаме да живееме добро, aма историјата не ни го дозволува тоа, кажа Џон Кенеди. Така е тоа, оти кој гледа во минатото таму и останува. По руската инвазија на Украина, меѓународниот правен поредок воден од Повелбата на ОН, видно е ослабнат. Светската трговска организација седум децении помогна да се одржи рамнотежата и редот во глобалната економија и беше една од водечките мотори на глобализацијата. Сега таа слабо функционира, ама и новите ...

Едукативната конференција „Поттикнување на самостоен живот на лицата со попреченост преку поддршка на нивните родители и старатели” ќе се одржи во Мултифункционален центар „Крикни” во населба Црниче, на 30 октомври (среда), со почеток во 10 часот. Родителите, старателите, едукаторите и сите што сакаат да направат позитивна промена за лицата со попреченост на овој инспиративен настан ќе имаат уникатна можност да научат, да се вмрежат и да бидат ...

Најголемиот апсурд на практично маглестиот и илузивен меѓународен правен поредок – од гледна точка на еден лаички набљудувач што одгледува здраворазумска мисла – е што иако навидум ја исфрла војната од меѓународното право, за легални меѓународни граници помеѓу суверените држави ги признава традиционално само оние постигнати со војна, значи со силата на оружјето. Изгледа малоумно и криминално, но историјата на државите упорно ни ја повторува ...

Пелтечењето долго време се сметаше за психичко заболување. Денес е јасно дека зад тоа стојат невролошки причини. Не постои лек за пелтечење - но терапијата може да ви помогне да зборувате потечно. За повеќето луѓе посетата на кафуле не е ништо посебно. Меѓутоа, 18-годишната Селина Цинар мора внимателно да се концентрира за да нарача торта бидејќи пелтечи. Зборовите кои сака да ги каже, често, едноставно не излегуваат од нејзината уста. Истиот ...

Економскиот антрополог Џејсон Хикел е истакнат заговорник на одрастот: теорија според која, ако сакаме да ја обезбедиме својата благосостојба и здравјето на планетата, мораме да ја напуштиме капиталистичката опсесија со економскиот раст. Неговата премиса е јасна: ако ја признаеме сериозноста на климатската криза, мораме да ја прифатиме и потребата за радикална трансформација на нашите економии. Дискусијата за пренасочувањето на фокусот од ...

„Историјата на универзумот… е ракописoт што го создава минорниот бог за да комуницира со Демонот”. Хорхе Луис Борхес го совладал расказот до совршеност - ниту едно негово дело не е подолго од четиринаесет страници. Постојано цитирал од други, но на начин кој е речиси лесен и духовит. Отсекогаш создавал различни инспиративни светови, секој поинтригантен и помистериозен од претходниот. Борхес е роден на 24 август, 1899 година во Буенос Аирес, како ...

Деветотто издание на КРИК фестивалот за критичка култура завршува во сабота (26 октмоври) со настанот насловен „Низ патеките на (не)разумното - 300 години од раѓањето на Имануел Кант“. Во партнерство со Гете институт – Скопје, Контрапункт му го посветува 26 октомври (сабота) на Имануел Кант, еден од најзначајните германски филозофи, по повод триста годишнината од неговото раѓање. Перформативното критичко исчитување на клучните императиви на Кант ...

24/10/2024 04:14 - Окно

Фотографија: Николас Муреј „Не сум болна. Скршена сум. Но, среќна сум што сум жива сѐ додека можам да сликам”. Родена е како Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон во куќата на нејзините родители во Кохоакан, кој во тоа време бил мало предградие на Мексико Сити. Животот на Фрида започнал и завршил во Мексико Сити, во нејзината куќа позната како „Сината куќа”. Датумот на раѓање го навела како 7 јули 1910 година, но во нејзината крштеница пишува 6 ...

Кога Патрик Модијано ја доби Нобеловата награда за книжевност веднаш предизвика очекувани реакции. „По ѓаволите, кој е Патрик Модијано?“ гневно се прашуваше Дејли Бист. Ема Брокс од Гардијан сметаше дека неколку колеги на Модијано - особено Филип Рот - ја заслужиле повеќе. Но, Нобеловиот одбор не открива само дела кои најдобро ја претставуваат книжевноста како очигледна претпоставена категорија. Станува збор за најпрестижна институција ...

Патувајќи во различни региони низ светот, францускиот уметник Џ.Р предвидува големи проекти кои повикуваат на хуманитарни прашања и колективна акција. Во првите редови на неговата практика е упорната потрага, вкоренета во опипливиот копнеж за промени и силната верба во моќта на уметноста. Монографијата на уметникот Џ.Р. насловена „Дали уметноста може да го промени светот?” го прикажува феноменалниот спектар на партиципативни напори на ...

Фотографија: Associated Press, Атланта, 1962 „Писателот/ката ја претставува мистеријата преку манири, благодатта преку природата, но кога ќе го заврши своето дело, секогаш мора да остане она насетување на мистерија што не може да се објасни со ниту една човечка формула”. Фланери О’Конор, која ги напиша некои од најдобрите приказни на англиски јазик, како и два моќни романи „Мудра крв (Wise Blood, 1952) и „Насилниците победуваат” (The Violent ...

Зададената тема на овогодинешната изложба „Несовршен простор“ е „Созерцанија“. Поднасловот е „Христијански симболи во современата ликовна уметност“. Имајќи предвид дека терминот „созерцание“ (на грчки θεωρία, латински contemplatio) етимолошки посочува на гледањето, овој чин е тесно поврзан со светлината без која гледањето е невозможно. На физичкото око му треба физичка светлина, а на духовното око му треба духовна светлина. Уметноста е ...

На 24-ти октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во кафе бар „Котур”, ќе се одржи разговор со наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост”, како дел од серијата настани „Родот и градот”. „Родот и градот” е серија на настани низ кои се разгледуваат различните аспекти на родовата еднаквост - пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното спроведување. ...

Што е тоа што прави луѓе од различни култури заедно добро да функционираат на едно место, ама не и на друго? Соживот и толеранција. Само праведно мнозинство може да создаде добро и функционално општество. Ова неретко се истакнува во дебатата во ЕУ за мултикултурноста и плурализмот. Потребата од дијалог и отворена интеракција, меѓу и во рамките на различните етнички и верски групи, е факт што не треба да се занемарува. Но, во последно време ...

„Ме прашуваат како јадам без заби. Луѓе без нозе трчаат маратон. Сè е прашање на перцепција”. Се зголемува бројот на манекенки и манекени кои ги поткопуваат стандардите на модната индустрија. Поради ретка генетска состојба, Мелани Гајдос нема коса и заби. Таа ја прифаќа својата уникатност и создава возбуда во модната индустрија. Мелани е родена со ектодермална дисплазија - состојба кога порите на кожата, забите, ноктите, 'рскавицата и помалите ...

Изложба на стрипови и доделување награди „Од уметност кон родова еднаквост“ Скопје, 18 октомври 2024 – Денес во Културниот центар Јадро беше отворена изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“, на која се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. Оваа изложба е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и ...

Книгата на францускиот економист Томас Пикети „Капиталот во 21-от век“, која во 2014 година стана меѓународна сензација, длабоко влијаеше на дебатата за нееднаквоста и авторот го претвори во суперѕвезда. Пикети беше во право кога нагласи дека политичкиот аргумент за прераспределбата на приходите речиси целосно е фокусиран на внатрешните, домашни проблеми. Но неговата централна теза - дека капитализмот неизбежно води кон растечка нееднаквост - ...

Фотографија: Мајкл Р. Декер Кени Фрајс е роден во 1960 година со фибуларна хемимелија, вродена попреченост која подразбира отсуство на коски на нозете. Неговите нозе имале одредена изместеност и изгледале пократки од вообичаено. Кога се родил, татко му се онесвестил кога бабата вреснала на цел глас: Мојата ќерка роди изрод! Почнувајќи од шест месеци, Кени бил подложен на операции цели десет години, а огромната напнатост во домаќинството околу ...

Љупчо Константинов (1946-2024) беше роден охриѓанец и детството и раната младост ги помина во родниот град, каде што со другарите свиреле гитари по охридските плажи. Кога се родила љубота за музиката се присетува дека со другарите со велосипеди по калливо време во февруари минувале по пет километри за да дојдат до местото каде имало телевизор и да го слушаат фестивалот Сан Ремо. „Мислам дека првата плоча од ‘Битлси’ стигна во Охрид. Одевме со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
85%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
87%
1024
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.0
72%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1029
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
89%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1023
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
83%
1021
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
75%
1027
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
100%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225