Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна ...

Советот на општина Кочани во понеделник на 14-ти април ќе избира вршител на должноста градоначалник, откако Љупчо Папазов си поднесе неотповиклива оставка на функцијата, по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој досега животот го загубија 61 лице, како и возачот на итната медицинска помош Иле Гоцевски, кој почина на денот на несреќата по 30-часовна смена и повеќе од 10 тури со пациенти од Кочани до Скопје, а над 190 лица беа ...

Сто илјади евра барал в.д. директорот на специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина „13 Ноември“, Мухсин Арифи за да хоспитализира пациент за кој знаел дека е имотен. Арифи на неговото семејство им предложил да го продадат станот на пациентот и така да ја добие целата сума која ја барал. Добил мито од 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, информира ОЈО. Поткупот всушност го дал сведокот во ...

Четири од повредените лица во пожарот во Кочани, денеска се враќаат од странство, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекувани во Хрватска, еден во Шведска и друг во Италија. – Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство. Во болниците во ...

Кумановец возел мотор со 1,73 промили алкохол. -На 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко”, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили ...

МВР информира дека уапсени се двајца дилери на дрога во Штип и Охрид. -На 08.04.2025 во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно ...

Безмалку 100 луѓе загинаа, а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез. Според Би-Би-Си, загинале безмалку 100 лица, а 150 се повредени. Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез. Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја ...

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Р. Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Р. Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските ...

Насекаде низ земјава утрово се измерени минусни температури, а над нулата е само во Гевгелија со два степена. Најстудено е на Попова Шапка – 10 Попова Шапка, -8 во Маврови Анови, -6 во Крушево и Берово, -4 во Скопје Крива Паланка, Охрид, Тетово и Битола, -3 во Куманово и Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес и Виница, а -1 во Струмица и Штип. Во Крушево има снежна покривка од девет сантиметри, на Попова Шапка пет, а во Маврово еден, ...

Случајот со судијата Ељведин Ферати од тетовскиот Основен суд, кој по завршувањето на факултетот сменил четири оценки од факултет, покрена прашања за криминално делување на судијата, без да биде познат фактот дека всушност, тој постапил законски. Судијата кој стана познат во јавноста по пресудата од две години затвор на возачот Пајазити, кој на пешачки премин за усмрти 22-годишната Теодора Ристовска, го подобрил просекот на факултет со цел да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини за земјите ширум светот, откако предизвика критики и загриженост ширум светот со таквите потези. Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон синоќа го фалеше својот план за воведување царини, велејќи дека лидерите од многу земји го бараат и молат за договор за царините, објави Еј-Би-Си Њуз. Трамп повтори дека САД во ...

Андрија Милошевиќ, отворено зборуваше за тешките почетоци и предизвици низ кои поминал, но денес со насмевка зборува за тие времиња, смета дека тие времиња биле подобри од денешните. -Заминав од дома на четиринаесет години кога се запишав во средно училиште. Јас тогаш немав пари, од каде ти пари, ама бевме посреќни. Живеев кај вујковците, а на факултет, пет години живеев во студентски дом во Цетиње. Овој свет е болен, денес е најтешко да се ...

Руби Перез пеел под урнатините за да им помогне на спасувачите да го лоцираат, изјави неговата најстара ќерка и пејачка на оркестарот Зулинка Перез. Пејачот останал заробен под урнатините на познат ноќен клуб во Доминиканската Република каде се урнал таванот и според последните информации загинале најмалку 27 луѓе. Неговиот брат, кој е ортопед, бил со него во дискотеката Џет Сет, изјавила неговата ќерка. „Го нашле како пее, тој почнал да пее за ...

Зоолошката градина во Скопје попладнево преку објава на Фејсбук соопшти дека е угината лама која, како што се наведува, изминатиот период била лекувана во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина. – Би сакале да Ве информираме дека изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина лекувавме и терапиравме лама која иако беше направено се од медицински аспект и грижа, за жал угина. Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај ...

Горан Пандев и Христо Стоичков ќе ги предводат селекциите на Македонија и Бугарија на хуманитарен натпревар, кој ќе се одигра на 27 април во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице. Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во ...

Две лами починале викендот во скопската Зоолошка градина. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажува дека таа била болна од туберколоза. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА потврдуваат дека во петокот на барање на скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една заболена лама. – Земени се мостри за лабораториско тестирање од ...

Утре во Гевгелија во Театарот, а задутре, четврток, 10 април со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Скопскиот концерт е завршница на серијата концерти од овој формат кој подразбира спој на музика и поезијата на првиот виолист во Филхармонија, Виденовиќ и неговите врвни млади колеги, Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола), Енис Аљи (виолончело) ...

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски во изјава за МИА вели дека побарале увид во предметот за пресудата за Теодора Ристевска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово. Тој нагласува дека доколку има пропусти ќе реагираат. – Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме, рече тој. По ...

Односите меѓу Арбен Таравари и лидерите на другите партии во коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство, се значително затегнати. Главната точка на несогласување се однесува на заедничкиот настап на претстојните локални избори, но во позадина се наѕира и прашањето за можно приближување на Таравари кон ДУИ. Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, денеска отворено побара од Таравари да се изјасни – дали останува дел од ВЛЕН или ...

Образованието, вработувањето и домувањето се најголеми предизвици кај Ромите, велат нивните претставници на денешното одбележување на Меѓународниот ден на Ромите во општина Штип. 41 ромско семејство во Штип има проблем со домувањето, па општината ќе им обезбеди типски куќи, кои треба да бидат готови наскоро. Општината на најдобрите ромски ученици и студенти им додели вредносни ваучери. Во Македонија живеат 53.879 Роми или 2,66% од вкупното ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. – Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на ...

Со читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица. Откако одбраната ги прочита писмените докази кои тие ги ...

В.Д директорот на специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина, Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент заедно со уште едно лице коe посредувалo, дознава Телма. Неофицијално се работи за сума од 20 илјади евра. „Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и ...

Лекувањето на четворицата повредени во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија, кои денеска ќе бидат отпуштени од болницата Пирогов, ќе продолжи во болницата, изјави за новинарите Хуанита Соколова, родител на едно од децата примени во медицинската установа. Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува ...

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Блаце запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари. Тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички. Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. ...

Уште еден пијан возач е уапсен вчера во Теотово. -На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под ...

По скандалозната пресуда на Евљедин Ферати, за смртта на Теодора од Тетово јавноста се згрози. Пајазити доби само две години затвор за усмртување на Теодора. Ова беше поттик и за трагично загинатата Фросина, Росица Кулакова да регира. Таа на Фејсбук напиша: -Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба ...

„Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството. Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека е згрозен од пресудата за случајот во Тетово, каде младата Теодора ...

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува ...

Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави. – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, информираат од ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
80%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
83%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.89
59%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
71%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.02
73%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
77%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63