Народната банка соопшти годишен раст од 13% и кај вкупните депозити и кај кредитната поддршка во јули. Зголемувањето на депозитите главно доаѓа од секторот домаќинства, со помал, но позитивен придонес и од корпоративниот сектор. Кај кредитите, растот е резултат на поголемото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на фирмите. Депозитите на домаќинствата се поголеми за 1,1% на месечно ниво, а за 13,3% во однос на јули лани. ...
Долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули се искачи на 8,546 милијарди евра. Од нив 4,200 милијарди евра е долг на бизнисите, а 4,305 милијарди изнесува долгот на граѓаните. И овој месец пораснаа депозитите на граѓаните и бизнисите во банките. тие изнесуваат 10.058 милијрди евра.Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра. Граѓаните чуваат 6,765 милијарди евра во банките, а остатокот е ...