
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев изјави дека впишувањето на Бугарите во Уставот е прв, но не и единствен услов за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ и оти тоа не е билатералност туку спроведување на европскиот консензус. -Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со ...
Кина започна дипломатска офанзива во Југоисточна Азија во услови на заострен трговски спор со САД, анализира Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде се сретна со лидерот на Комунистичката партија То Лам и премиерот Фам Мин Чин. Во разговорите, Си повика на заедничко спротивставување на „едностраното малтретирање“ за да се зачува глобалниот систем на слободна трговина, пренесува кинеската агенција „Синхуа“. За време ...
Најниска температура од 6 степени утрово е измерена на Попова Шапка, а највисока од 12 во Демир Капија и Гевгелија. Според утринскиот извештај на УХМР, во 8.30 часот се измерени 8 степени во Берово, Крушево и Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, 10 степени во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица и Кавадарци, 11 во Скопје, Велес и Штип. Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог има во Прилеп и Берово (5 литри ...
Бројот на загинати од минатонеделното уривање на покривот на ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република се искачи на 231, соопшти вчера министерот за внатрешни работи и полиција, додека семејствата на жртвите почнаа да поднесуваат тужби против сопственикот на ноќниот клуб. Светата недела ќе биде различна оваа година во туристичката дестинација на Карибите, со откажани бројни настани и активности и забранети забави на плажа. ...
На Велики Вторник верниците си спомнуваат за настаните што се случиле на тој ден. Црквата определила на богослуженијата во овој ден да се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните од Христово време што се случиле токму на Велики Вторник. На овој ден, Господ Исус Христос изрекол многу поуки и параболи, меѓу кои и познатите: За талантите и за Страшниот суд (Матеј 25,1-26,1); За воскресението на мртвите и За најголемата ...
Џеф Безос, основачот на Амазон и Блу Ориџин, паднал додека трчал да се сретне со својата свршеница Лорен Санчез и целата женска екипа по нивното враќање на Земјата. Директниот пренос од историското лансирање го сними моментот кога 61-годишниот Безос падна додека трчаше околу прозорецот на капсулата во која се наоѓаше неговата свршеница. Безос ја сретнал Санчез на вратата од капсулата, која ја отворил по 11-минутен лет. „Не можам да го опишам со ...
МВР информира да кавадарчанец -На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур” во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв” со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) согласно надклежностите, во делот на водењето на здравствената евиденција нема констатирано недостатоци, додека во делот на стручното работење на здравствените работници иницира формирање комисија за стручен надзор од страна на министерот за здравство, потврди попладнево за МИА, директорот на Инспекторатот, доктор Кирил Лазов. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ...
Несогласувањата, коишто од некоја „површна ситница“ прераснуваат во расправија што се повторува, се честа појава во љубовните врски. Американскиот психолог Марк Траверс ги објаснува тие кавги со правилото „90-10“. Според ова појаснување, само 10 отсто од расправиите произлегуваат од непосредниот проблем, а 90 отсто се поттикнати од подлабоки емоции, како што се незадоволени потреби, стари нерасчистени сметки, неискажани стравови. На прв поглед, ...
Министерот за здравство и лидер на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека не е точно дека преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции – едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами. Таравари за утре најави Централно претседателство на партијата што ја предводи, на кое, како што рече, ќе заземат став како ...
За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, се уште трае, а обвинителите покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е ...
Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче денеска даде опис за неговото патување до Турција. Одговарајќи на прашањата од неговиот адвокат, Јовица Страшевски, потенцираше дека патувал до Турција на регуларен начин заради здравствени причини и лични интереси. -Заминав со регуларна патна исправа преку редовен премин, нагласи тој. Посетата до Истанбул, според неговиот исказ, покрај снимање магнетна резонанца била и посета на воен архив. ...
По првичниот насилен протест, ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“, Кочани замолче во својата тага. Тој понеделник, на 17-ти март, мирниот протест премина во немири, во кои беа искршени вратите и прозорците на општинската зграда. Потоа беше демолирано кафулето „Класик“ во сопственост на газдата на „Пулс“, беше каменувана куќата на градоначалникот Љупчо Папазов, беа искршени стаклата на објект на приватна пошта во концесија на сопственикот на ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во текот на денов врши увид на Кардиохирургија во Скопје, по смртта на пациент за кој негови блиски кажале оти од Клиниката рекле дека во моментот немаат услови да го оперираат и дека немаат слободна сала за операција. Информацијата за увидот ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. Тој рече дека пациентот бил примен на оваа клиника и преземени биле сите ...
Независниот советник во советот на општина Кочани, Венко Крстевски, е избран за в.д. градоначалник на општина Кочани во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту двајцата кандидати не освоија мнозинство (10 или повеќе) од вкупниот број советници. Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски со 9 гласови „За“, наспроти Гоце Марков кој освои 8 гласови „За“. Советничката од Левица гласаше ...
Кристина Атанасова Арсова, советничка од ВМРО ДПМНЕ во Општина Кочани, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си поднесе оставка и низ солзи ја напушти говорницата. -Пред граѓаните на Општина Кочани дадов заклетва дека ќе ги застапувам нивните интереси. Но, најпрво ќе барам прошка и извинување. Барам прошка и извинување на сите граѓани затоа што не успеав многу работи да реализирам а им имам ветено. Имав храброст и визија, но бев ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи. Иако Трамп ги паузираше новите царини за голем број земји, тој ги остави оние за Кина, втората по големина економија во светот, на 145 отсто. -Посетата на Си и ...
Прекината е седницата на Советот на општина Кочани за избор на в.д. градоначалник, по оставката на советничката од ВМРО ДПМНЕ, Кристина Атанасова Арсова, која ја поднесе јавно и од говорница, а чиј син беше меѓу повредените во несреќата во „Пулс“. Претходно, пред советниците имаше две кандидатури, едната на независниот советник Венко Крстевски, а другата од советничката група на ВМРО ДПМНЕ за кандидатот Гоце Марков. Седницата би требало да ...
Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца се во критична состојба, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од 57, деветмина се во Скопје. Двајца се моментално на Клинички, на Пластична хирургија. Четворица се во Свети Наум Охридски, еден пациент во ГОБ 8 Септември. Останатите се лекуваат во приватни болници. -Сите се во стабилна состојба, подвлече ...
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 71,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продваат по 64,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Палевски во своето сведочење рече дека не се чувствува ниту како монструм, ниту како убиец и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата. – Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба ...
Во изминатиот викенд (12/13.04) продолжувајќи со засилениете сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. -Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната ...
На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). -На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска преку соопштение информира дека политичките партии кои заклучно со 30 март 2025 година се уште не ги поднеле сите или некои од финансиските извештаи за 2024 година итно да ги достават до нив. – Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за финансирање ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30% парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани. „Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство“, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во ...
Македонските граѓани во 2024 година со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење 284.4 милиони евра во 7.4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. Во однос на 2023 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2024 година потрошиле 45.4% повеќе додека бројот на е-трансакциите ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседател, се наведува во меморандумот што Белата куќа го објави денеска по редовниот годишен лекарски преглед на Трамп. Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест и се заклучува дека Трамп се уште е во „одлично здравје“. Според извештајот, Трамп тежи околу 101,6 килограми и е висок 190,5 ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер за економија Дритон Кучи кој е надвор од државата, а кој е еден од 19-те новоосомничени во проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани. – Согласно она кое што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека истотото за крако време ќе биде достапно на институциите во ...
Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме ...
Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 350-те вонредни засилени контроли пред велигденските празници како небезбедни уништија 1.230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи, информираат од АХВ. За утврдените недоследности со вонредните контроли на операторите со цел ...