
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“. -Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари. Потоа, ...
Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се ...
На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата. – Направена е евалуација од експерти од Велика Британија ...
Две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, информираа надлежните на денешната прес-конференција. Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршeни кадаварчини трансплантации на црн дроб, два бубрега, коски и лигамент. Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација. ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници. Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле ...
Новоизбраниот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, на првиот прес пред новинарите посочи дека на првиот работен ден на позицијата увидел низа проблеми, кои ја прават состојбата во општината алармантна: Освен проблеми со администрацијата, се нижат проблеми и со дивоградбите, за кои нема инспекциски служби кои можат да ги регулираат: Крстевски истакна и дека во Кочани постои широко незадоволство од текот на истрагата за трагедијата во ...
Нови десет полициски службеници од вчера се опфатени со истрагата за пожарот од Кочани. Меѓу седумте службеници, кои синоќа требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензиониран началник на полицијата во униформа во Штип, кој не бил најден од своите колеги. Екс-началникот се’ уште не е обезбеден. Се работи за долгогодишен полицаец, кој целиот свој работен век го помина во СВР Штип, а дел од неговото семејство работи во штипската полиција. ...
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложува за 23 април поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски. Судијата Ивица Стефановски, информираше дека денеска добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата, посочи дека ова е прво вакво барање, но доколку се повтори во иднина ќе назначи судија по службена должност. Следното ...
Студентите велосипедисти пристигнаа во Стразбур по 13 дена патување. Стразбур е последната точка од нивното патување кое го започнаа на 3 април од Нови Сад, со цел да го свртат вниманието на европската јавност на ситуацијата во Србија, пренесува вести онлајн. На плоштадот ги чекаа голем број граѓани. Имаше и црвен тепих кој ги чекаше во сите градови во кои беа на ова патување. Studenti biciklisti stigli su u Strazbur! Posle pređenih 1.300 km po ...
Маж од Крива Паланка е уапсен бидејќи возел пијан без возачка, а и излажал дека работи во АНБ. -На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, удрил во објект ...
Уапсен е млолетник, кој со „хјундаи“ превезувал седум мигранти. -На 15.04.2025 во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во селото Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи”, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле ...
За мито од 10 евра уапсен е косовски државјанин. -На 15.04.2025 околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп” од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф” со косовски национални ознаки, кое го ...
Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата доцна синоќа одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата. Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале ...
Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. – ...
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во ...
Министерството за внатрешни работи потврди дека во тек е акција за приведување на полициски службеници откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во телевизиско интервју вечерва соопшти дека е издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници во врска со трагедијата во Кочани. – Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична ...
Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање. Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата ...
СВР Скопје информира дека утре вечер во Скопје ќе се одвива посебен сообраќаен режим. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги ...
Отворен и кариерен ден, на иста локација, во исто време – на плоштадот пред ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“ во штипско Ново Село. Средношколците од сите средни училишта од Штип, но и од регионот, имаа прилика на отворениот ден да се запознаат подобро со сите факултети и академии во рамките на штипскиот универзитет, кои со свои штандови и професори и асистенти споделуваа информации со своите потенцијални студенти. Од друга страна, ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека нападот со беспилотни летала врз регионот Курск од страна на украинските сили изгледа особено цинично по изјавите на Киев за неговата наводна желба за мир. „Постојаните злосторства на мизантропскиот режим (на украинскиот претседател Володимир Зеленски) изгледаат особено цинично по изјавите за наводна желба за мир. Сепак, тие изјави не треба никого да ...
Албин Курти поднесе оставка од премиерската функција, што го наведе во писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание, пишува Клан Косова. Врз основа на законот, оние кои добиваат пратенички мандат, а се и дел од косовската Влада, односно имаат одредена извршна функција како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од извршната функција. Тоа е затоа што, според деловникот, тие не можат истовремено ...
Отпадот што го има на терен предизвикува голема штета и ние мора да најдеме начин како да се справиме со отпадот. Ова е еден регулиран систем за справување со отпад кој се планира на територијата на цела држава, истакна Ане Лашкоска, заменик министерка за животна средина и просторно планирање, на јавна расправа во Општина Новаци, а во врска со најавената изградба на Регионален центар за управување со отпад во Новаци. Во изјава за медиумите ...
Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање. Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата ...
Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде се констатирани најголем број повреди, особено со издавањето на пасошите што беше проблем за македонските граѓани во првата половина на 2024 година. -Овој проблем засегаше илјадници граѓани кои масовно поднесуваа претставки по различен основ – неможност да закажат термин за фотографирање, бавна ...
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на официјалниот посета на Обединетите Арапски Емирати денеска имаше средба со претседателот и раководството на Стопанската комора на Шарџа. -Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка помеѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување на можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност. Анализата ја спроведе по сопствена иницијатива, откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице. Упис на физички лица во Регистарот за вршење угостителска дејност без претходна проверка од надлежен орган за исполнетоста на минимално-техничките услови, е само една од слабостите што ги нотира ДКСК. Според Комисијата, ...
Основното јавно обвинителство Прилеп отвори предистражна постапка поради сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, поврзано со финансиското работење на локалната болница. Во рамки на постапката, издадени се наредби за претрес на осум различни локации, кои се спроведуваат од страна на Управата за финансиска полиција. Целта е прибирање на релевантни докази што ќе го расветлат случајот. Од Обвинителството ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку објава на Фејсбук се огласи со реакција за, како што вели, координираните оркестрирани напади кон него од ДУИ, СДСМ и Левица, со цел, според него, да фрлат сенка врз расчистувањето на криминалот и корупцијата. -Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со ...
Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи што стапуваат во сила на 18. месецов (петок) откако по нивното усвојување во Собранието и објавата во Службен весник на 4. минатиот месец Министерството за економија во предвидениот рок од 45 дена изготви Правилник за начинот на објавување ...
Јавното претпријатие за комунално – производни и услужни работи „Исар“ Штип се соочува со 60 отсто загуба на произведената вода, недостиг од дозвола за депонирање и третман на отпадот, како и доцнење во плаќањето на 25,2 милиони денари по спогодба со Министерството за финансии, со што претпријатието е пред значајни предизвици кои може да имаат сериозни последици за неговото функционирање и животната средина, соопшти денеска Државниот завод за ...