
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден” пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден” до крстосница со бул.„8-ми Септември” каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден” до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги иззема паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет царини, вклучително и царината од 145 отсто на увозот од Кина. Според објавата на американската Царинска и гранична служба, изземањето ќе важи и за стоката што влегла во земјата или излегла од складиштата по 5 април. Од администрацијата на Трамп порачуваат дека електрониката нема да се оданочува ниту ...
Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани. Сите се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Државното обвинителство. МВР информираше дека во координација со кочанското обвинителство, против 19-те лица е поднесена кривична пријава. ЈОРСМ соопшти дека станува збор за ...
Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија. Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани ...
„Крива река не ви е крива“ порачаа денеска еко-активистите на протестот во врска со загадувањето на Крива Река, кое се случи по хаварија во рудникот Тораница, управуван од компанијата „Булмак 2016“. Пред Министерството за животна средина и просторно планирање присутните побараа одговорност, увид во анализите на водите како и мерки за заштита на водоснабдувањето во регионот. Ивана Дракулевска од Зелен Хуман Град изјави дека последната хаварија во ...
Обвинителството ја потврди информацијата дека во тек се нови прведувања за поѓарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но не ги потврди медиумските наводи дека осомничени се нови 23 луѓе. Меѓу приведените неофицијално се поранешните министри за економија Валон Сарачини и Беким Незири и поранешниот дикректор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, актуелен министер без ресор. Приведен е и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и ...
Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според ...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска порача дека САД треба да престанат со „каприциозното и деструктивно однесување“ доколку сакаат преговори за царините. – Дај му прст на насилник, ќе ти ја одгризе целата рака, додаде портпаролот Лин Џијан. Оваа изјава дојде откако Пекинг воведе царини од 125 отсто на американската стока, кои стапуваат во сила утре. САД претходно воведоа царини од 145 отсто на Кина. Следува куса хронологија на ...
Целта на администрацијата на Доналд Трамп е постигнување прекин на огнот во Украина до крајот на овој месец, но ако рускиот лидер Владимир Путин не се согласи на примирје до тогаш, САД се подготвени да воведат нови санкции против Москва, јави денеска „Аксиос“. Новите санкции можат да бидат воведени со извршна уредба или со закон од Конгресот. Специјалниот пратеник Стив Виткоф треба да му го пренесе ултиматумот на Путин на нивната нивната денешна ...
Коалицијата Вреди вечерва одржува состанок во Скопје на којшто се очекува да стане збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими. Пред состанокот, Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. На ...
Познатиот рокер Мик Џегер и неговата долгогодишна девојка Мелани Хемрик официјално се верија во 2023 година, а неговата партнерка сега потврди дека се уште се свршени и дека немаат планови кога всушност ќе се венчаат. -Свршени сме две-три години. Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Немаме планови за свадба бидејќи не сакаме да промениме ништо во нашата врска. Толку сме среќни во нашиот сегашен живот што премногу би се плашела да сменам ...
На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на ...
Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти повредени во пожарот во Кочани. -Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои ...
Италијанската модна куќа „Прада“ денеска објави дека „постигнале дефинитивен договор“ со американската групација „Капри холдингс“ за преземање на 100 отсто од познатиот бренд „Версаче“ за 1,25 милијарди евра. Спојувањето на двата светски познати италијански брендови, според познавачите, ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, којашто ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како „Луј Витон“ и ...
За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Не се менува цената на Мазутот М-1 НС. Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...
Надминати се административните пречки и наредните денови се очекува да се почне со поставување на конструкцијата на спортско-рекреативниот центар „Џексон“, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Изградбата на овој спортски комплекс, кој се наоѓа во централното градско подрачје почна да се гради пред десет месеци, а средствата се обезбедени од државниот буџет. Во спортскиот центар „Џексон“ ќе се обезбедат услови за ...
„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски. – Јас како што веќе кажав, ниту ве знам ниту ве ...
Германија ќе обезбеди 11 милијарди евра воена поддршка за Украина до 2029 година, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров. Тој рече дека испораките планирани за оваа година ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да се поддржат трупите на Киев на бојното поле. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска изјави дека ЕУ годинава одвоила над 23 милијарди евра за помош ...
На 10.04.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 30 – годишен жител на Кочани пријавил дека била измамен од И.М. од Кочани за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2022 со усмен договор му ги дал парите за да купи материјал за да му изработи настрешница во дворот, а откако ги земал парите заминал и до пријавувањето не се вратил, не ја завршил договорената работа и не му ги вратил парите. Се преземаат мерки за ...
Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Кочани во текот на оваа година ќе реализира заеднички проект за справување со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во рамки на иницијативата на потпишани се договори за донации како дел од Фондот за мали проекти на Амбасадата, а партнери во спроведување на проектот се македонската Комора на психолози, ДПД и ТППЕ – Кочани и ...
На 10.04.2025 во 18.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(22) од Штип затоа што се заканувал на неговата 30-годишна сестра и покрај тоа што од Основен суд Штип е издадено решение со кое му се забранува да ја вознемирува и малтретира. Имено, додека полициски службеници биле во нејзиниот дом, постапувајќи по претходна пријава за неговата сестра дека ѝ се заканувал, дошол Б.С. и раце и остар предмет удирал по ...
Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот. Како поткрепа на ...
Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот. Во реакцијата се наведува дека на прес – конференција ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека суспензијата на американските реципрочни санкции претставува „кревка пауза“ и оти Европа мора да продолжи да работи на контрамерки за да се заштити. Тој додаде дека Европската унија треба да се заштити „од текови од трети земји“, особено Кина, која останува максимално оданочена, а чиј прилив на производи може да доведе до нерамнотежа на пазарот. Американскиот претседател Доналд Трамп, ...
Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна. Од Клиниката информираат дека ...
Утре во Кочани со симболичен почеток од 12:05, како симбол на задоцнетата реакција на институциите, семејствата и блиските на 61-та жртва на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ ќе излезат на втор по ред протест насловен како „Задоцнета реакција“. Маршот ќе започне од Градскиот парк, по што семејствата со сликите на загинатите ќе се упатат кон Градскиот трговски центар, каде е лоцирано демолираното кафуле „Класик“ во сопственост на истиот ...
Американскиот глумец Ерик Дејн, познат по својата улога во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест. – Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на ...
Вандализирана е новата детска градинка во Бутел, информираше утрово градоначалникот, Дарко Костовски. Тој на Фејсбук објави фотографии од вандализмот на, засега, непознати стрители. – МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. ...
Американските власти до септември оваа година ќе ја утврдат причината за аутизмот, изјави американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор. „Ќе знаеме до септември. Почнавме масовно тестирање и истражување во кое ќе бидат вклучени стотици научници од целиот свет“, рече Кенеди на состанокот на кабинетот на претседателот Доналд Трамп. „До септември ќе знаеме што ја предизвикало епидемијата на аутизам и ќе можеме да ги елиминираме тие ...
На едно место денар, на друго десет за една иста услуга. Колку го плаќаме комфортот на безготовинското плаќање? Различно, а понекогаш во значаен процент што создава горчина кај граѓаните по извршената трансакција, дури и за минимални износи. Извесно е дека конфорот, што треба да биде придобивка на ова дигитално време го плаќаме од сопствениот џеб. Нашите анализи покажаа дека различни институции процентуално наплаќаат различно. Плаќањето со ...