
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). A huge earthquake #deprem has just struck Istanbul. It was captured live on air.pic.twitter.com/PAq89RvoXx — Dakta Weather (@daktaoweka) April 23, 2025 Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев” во Охрид. -За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 ...
Обвинителството за организиран криминал во голема акција низ цела држава, се испитуваат јкривични дела со кои му се нанела штета на Фондот за здравство. „Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени ...
Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти. „Телото на Францис беше подложено на процес на привремено балсамирање познат како танатопраксија“, рече Андреа Фантоци, основач на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ). Тој појасни дека тоа вклучува ...
Турција забрани планирани породувања со царски рез, кои не се медицински оправдани, во приватните здравствени установи според новите правила што Министерството за здравство ги објави минатата недела, пишува Turkish Minute. Оваа одлука, која предизвика остри критики од опозициските политичари и организациите за заштита на човекови права, следеше по жестока национална дебата за практиките на породување. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ...
СВР Штип информира дека починал затвореник во затворот. -На 22.04.2025 во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица. Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба,а во 20.30 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид ...
Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави портрет што рускиот претседател Владимир Путин му го испратил на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март. На него е претставен американскиот претседател по обид за атентат, а автор на подарокот е Народниот уметник на Руската Федерација Никас Сафронов, пренесув новости.рс. На сликата Трамп е прикажан со крената тупаница и траги од крв на лицето – како потсетник на моментот на ...
За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации. Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти. ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски ...
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован. Како што се наведува во ...
Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата. Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара дополнителни 1,15 милиони евра од Асмир Јахоски, за тој да може да излезе од истражниот затвор во Шутка и да се брани од слобода. Тој веќе понудил гаранција во недвижен имот проценет на околу еден милион евра, но тоа не е доволно, според обвинителите. Сопственикот на „Пуцко петрол“ е осомничен во рамки на истрагата за перење пари поврзана со набавката на мазут, а јавниот ...
Во тек е изградбата на двата резервоари за вода кај населбите Пребег и Мерите, со средства од самопридонес, а инвестицијата е нешто помалку од еден милион евра. Нивната изградба оди според планираното, а резервоарот кај населбата Пребег ќе биде готов до септември, информираа на заедничка прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јораднов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсов. Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов, ...
Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги ...
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4иГ“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. – По сопствена иницијатива и врз основа на пристигнатo барање од Друштво за телекомуникациски услуги ОНЕ ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека е пријавена кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ. Според официјалното соопштение, пријавата стигнала вчера претпладне. Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април. Непознати сторители насилно влегле во објектот со употреба на алат и сила. Освен сефот со пари, биле одземени и други вредни предмети. Од МВР ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата, како што информираат од СОЗР, биле разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари. -Враќањето на ...
Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 прекршоци, 1018 заради возење со брзина ...
МВР информира дека вчера се случила тешка сообраќајка кај Пресека. -На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа” и сопатничката К.К.А.Е. ...
Џорџ Клуни веќе повеќе од 10 години е во брак со либанската адвокатка за човекови права, 16 години помладата Амал Клуни, а холивудската ѕвезда сѐ уште стои на своето тврдење дека никогаш досега не се скарале. Во емисијата „Си-би-ес морнингс“ (CBS Mornings), американскиот глумец повторно говореше за таа брачна идила. – Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме ...
Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, ...
Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциск. Папата Франциск е положен во едноставен дрвен ковчег, со бројаница меѓу рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, еден ден откако почина од последици од мозочен удар во неговиот апартман во Домот Света Марта. Покрај ковчегот се наоѓаат швајцарската гарда и кардиналот Пјетро Паролин. Телото на папата Франциск сè уште се наоѓа во Домот Света Марта, каде ...
Светлиот вторник, познат и како Велигденски или Воден вторник, е третиот ден од празнувањето на Велигден, кога празнувањето на Христовото воскресение продолжува во црквите, но и во топлината на семејните домови на православните верници. Во календарот на СПЦ сите велигденски денови се означени со црвена буква: недела, понеделник и вторник. И додека првиот ден се слави големата победа на животот над смртта, третиот ден, според народните преданија, ...
Данас.хр Папата Франциск, првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква, почина на 88-годишна возраст, објави Ватикан во видео изјава во понеделникот. Оваа тажна вест го означи крајот на 12-годишниот понтификат, кој беше обележан со тензии, реформски обиди и бројни предизвици во Црквата. Папата Франциск почина во Домот Света Марта, каде што престојуваше последните месеци поради здравствени проблеми. „Се врати во Домот на Отецот“ Во ...
Врв на љубовта на папата Франциск беше можеби најочигледен за време на пандемијата на Ковид-19, кога на сите им беше наметната физичка разделба. Пандемијата на Ковид-19 го затвори во Ватикан, слично како што папите од крајот на 19 и почетокот на 20 век беа речиси затворени пред Ватикан да стане град-држава. Но, папата Франциско одби да биде окован зад Леонските ѕидини на Ватикан. Ги прифати модерните средства за комуникација за да допре до ...
Скршените лушпи од велигденските јајца може да се користат на неколку начини. А ако сте загрижени дека ви остануваат само мали парчиња кои се неупотребливи, веднаш да ве увериме – и тие имаат своја намена. Можете да ги сомелете во прав и да ги користите за различни намени… Најчеста примена е во градината и за одгледување растенија. Експертски совет е претходно да ги сомелете… Еве што всушност треба прво да направите: Нежно исплакнете ги ...
Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: ...
Пијано момче од Македонски Брод ноќеска предизвикало сообраќајка. -Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило ” по член 297-А од Кривичниот законик. Во 01.30 часот на ул.„Крушевска Република” во Македонски Брод, со патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, кое го ...