Здружението “Бадникови поворки” упати повик до сите градови и населени места: Екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!

Ги започнуваме подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја ,,Вечниот Бог” и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање!

Ги замолуваме сите ДОСЕГАШНИ ОРГАНИЗАТОРИ да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник.

Ги замолуваме сите градови и населени места КОИ ДОСЕГА НЕМАЛЕ Бадникови поворки, да ни се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ. Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот.

,,Почувствувај радост” е слоганот на БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици.

✨ Се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во Републиката;
✨ Се подготвуваат божиќни концерти и претстави;
✨ Се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда;
✨ Се подготвува прием и дарување од Градоначалниците;
✨ Божиќна сликовница;
✨ Божиќни стикери и
уште многу, многу изненадувања кои ќе ги топлат душите и подготвуваат за Божиќ.

Придружете ни се!
Бадникови Поворки




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.