
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Повеќе од 9.000 луѓе, жители и туристи досега го напуштиле Санторини поради последните потреси околу островот и најавите за голем земјотрес. Рано наутро се створи хаос на пристаништето кога бројни семејства се обидуваа да се качат на траекти. Сепак, угледниот грчки геолог Ефтимиос Лекас вели дека земјотрес од околу 5,5 степени според Рихтеровата скала, според нашите проценки, нема да има никакво влијание на островот. – Овие земјотреси ја ...
Лидерите на Европската Унија на неформалниот Самит на Унијата постигнаа напредок во дискусиите за изградба на „Европа на одбраната“, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ што се одржа во Брисел. СПРЕМНИ СЕ ДА НИ ГИ ДАДАТ РЕТКИТЕ МИНЕРАЛИ Трамп има еден услов за да ја поддржи Украина– Се водиме од заедничко чувство на итност. Веќе не ...
Случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната девојка трагично загината во сообраќајна несреќа, станува симбол на барањето за реформи во правосудниот систем и воведување построги казни. Граѓаните бараат промени, засилена превенција и поригорозни мерки против несовесните возачи, објави порталот Курир. Македонската јавност е револтирана од ниските казни за сообраќајни несреќи со фатален исход, кои честопати резултираат со минимални затворски пресуди. ...
Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него. Интервенцијата, како што е наведено во соопштението, е изведена на клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ. „Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со ...
Во рамки на програмата за скрининг на дојка се опфаќаат жени од 40 до 69 години кои имаат можност да се пријават самостојно на интернет страницата. Сега, со оваа програма во 2025 година, ќе се овозможи и закажување скрининг преку матичниот лекар, рече заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски, на денешната дебата во Владата по повод Светскиoт ден за борба против ракот. Загрижувачкиот раст на малигните заболувања, особено кај помладите, ...
Планираните испораки на воена опрема за Израел вклучуваат 4.700 бомби од половина тон и оклопни булдожери, во вкупна вредност од речиси една милијарда долари. „Волстрит џурнал“ вчера објави дека администрацијата на Трамп побарала од конгресните лидери да одобрат испорака на бомби и друга воена опрема за Израел во вредност од речиси една милијарда долари, бидејќи Белата куќа се обидува да одржи кревок прекин на огнот во Појасот Газа, според ...
Винсент Лемарк Барел, од американската сојузна држава Џорџија, е осуден во Округот Полдинг, на 475 години затвор за организирање борби со кучиња и злоупотреба на животни. Меѓу нив се и повеќе од 100 кучиња кои му биле одземени во ноември 2022 година, соопштија властите. На неговото судење, Барел (57) ги одрекуваше наводите за вмешаност во борбите, но не е јасно дали ќе поднесе жалба на пресудата. Барел е осуден по 93 точки за борби со кучиња и ...
Премиерот на Луксембург Лук Фриден денеска остро одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини за стоки од Европската унија. – Ние не сме послаби од САД и ако некој сака трговска војна, ќе ја има, рече 61-годишниот премеир на самитот на ЕУ во Брисел и додаде дека треба да се одржат добрите трансатлантски врси. Фриден нагласи дека „не треба веднаш да се возбудуваме за секоја одлука на ...
Националниот џез оркестар на 20 февруари во Филхармонијата ќе одржи концерт насловен Кубански оган (Cuban Fire) под диригентската палка на Зиги Фајг од Австрија, кој веќе има настапувано со џез оркестарот во земјава. -Ве покануваме на уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична „латино свита” ќе не води нашиот долгогодишен ...
Проектот ,,Ѕвездите на Карпош”, наменет за деца со атипичен развој, ќе започне да се реализира од сабота, 15.02.20205 година, во спортската сала на ООУ ,,Јан Амос Кoменски” за жителите на општина Карпош. Локалната самоуправа финансиски ја поддржува оваа иницијатива која е идеја на долгогодишниот тренер и претседател на Карате клубот Скопје, Горан Алексовски заедно со тим од стручни соработници, а воедно и дел од Програмата за спорт на општина ...
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за противправно лишување од слобода, како и телесна повреда на својата поранешна партнерка. – Јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава, соопштија од ОЈО Битола. Јавноста претходно беше запознаена ...
Телефонот кој Вас го добил во притворот во Шутка нема да му помогне многу бидејќи Обвинителството веќе ги има обезбедно доказите, вели првиот човек на Државното обвинителство Коцевски. „Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди ...
Пред земјотресот живеевме на улицата „Народен фронт“, карши некогашната злогласна „Криминална полиција“ , така ја викаа. Денес тоа е улицата „Наум Наумовски – Борче“. Нашата куќа, како и стотици други се наоѓаа, или пак им беше дворно место, сегашниот булевар „Партизански одреди“. Кога сето тоа се разурна и луѓето ги раселија по новите населби, осамна најубавиот булевар во главниот град, скопјани го нарекоа „Партизанска“. Беше голем престиж да ...
Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе го „превртел светот наопаку“, пренесува Anadolu. Орбан смета дека претстојат тешки месеци за Европа бидејќи повеќето бирократи во Брисел мислат дека можат да побегнат од претстојното „торнадо на Трамп“. „Вчера го одржавме првиот самит на ЕУ во Брисел по инаугурацијата на претседателот Трамп. Тоа беше чуден собир. Секој во Брисел може да го види како ...
Како што пренесува грчкиот портал Πρώτο Θέμα, овој остров во Егејското Море го напуштиле околу 9.000 туристи и жители кои стравуваат дека овие земјотреси се увертира за катаклизмичен удар. Претходно во понеделникот грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повика жителите на Санторини да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“. „Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да ...
Секоја претпоставка дека Северноатлантската алијанса може да постои без Соединетите Американски Држави не функционира од многу причини, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер во Брисел. – Глупава е помислата дека НАТО може да функционира без САД, од повеќе причини. Ако ја погледнете ситуацијата во Украина, тоа не е само проблем меѓу Украина и Русија… Ова што се случува е ...
Министерството за трговија на Кина објави дека воведува царини за неколку производи од САД како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Кина истовремено објави и други мерки поврзани со трговијата, вклучително и истрага против Гугл, пренесува АП. Според официјалното соопштение, Кина ќе применува царина од 15 отсто за јаглен и течен природен гас и 10 отсто за сурова нафта, земјоделски машини и автомобили со голем капацитет. ...
Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има нови предизвици и растечки неизвесности, така што ...
Аманда Радељак, актерка по потекло од Босна и Херцеговина, го прекина доделувањето на Данските филмски награди за да го привлече вниманието на геноцидот врз Палестинците. Таа изјави дека нејзиниот говор не бил планиран, но дека има нешто што би сакала да им каже на присутните. Водителката и го дозволила тоа. „Пред да побегнат нашите драги политичари, можете да им кажете во Кристијансборг дека не сакаме нашите даночни пари да се трошат за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бара Украина да ги снабдува САД со ретки метали како услов за помош на земјата разорена од војна, објави новинската агенција АФП. „Сакаме да склучиме договор со Украина каде тие ќе го обезбедат она што ќе им го дадеме со нивните ретки метали и други работи“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. Тој се пожали дека Европа не обезбедила исто ниво на помош за Украина како САД. Тој нагласи дека ...
Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател, е обвинет за нелегален лов на диви патки во Италија и наводно застрелал многу редок вид во заштитено подрачје, јавуваат италијанските медиуми. Случајот, во чиј фокус е видео на кое се гледа како Трамп Помладиот пука во патки додека лови во венецијанската лагуна, треба да биде прикажан пред италијанскиот парламент. Партијата Зелена Европа (Europa Verde) поднесе жалба за случајот до ...
Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград го разгледа повикот за дијалог упатен од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на 3 февруари 2025 година и, изразувајќи го единството на Универзитетот, донесе одлука да не го прифати повикот во вакви околности, се вели во соопштението. „Низата недоследности во јавните изјави на претставниците на државните органи не убедува дека дијалогот кој би довел до исполнување на студентските ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска преку писмено соопштение ја повика министерката за образование и на наука Весна Јаневска да ја повлече предложената реформа на гимназиското образование, која, како што велат од партијата, предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Според СДСМ, концепцијата што се турка без доволно консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката ...
По серијата репортажи од светските туристички центри, овој пат решивме да посетиме една локација во наша непосредна близина, но која уште при првата средба нѐ освои. Станува збор за Михајлово, новоотворен скијачки центар, сместен на околу 40 километри од Кавадарци, во пазувите на Кожуф, чија реализација стана можна благодарение на иницијативата на Општина Кавадарци и нејзините први луѓе. Според она што ни го соопштија нашите вредни домаќини, ...
Кавадарци е убав, зелен и спортски град! Општина Кавадарци доби две нови спортски игралишта, фудбалско и кошаркарско кои се во склоп на СОУ ,,Киро Спанџов Брко’’. Со ова, Општина Кавадарци уште еднаш докажа дека младите може да спортуваат, да се дружат и да создаваат спомени за паметење во одлични спортски услови. Унапредување на училишниот спорт и подобрување на условите за одржување на часовите по физичко и здравствено образование, но и ...
Tелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 1 часот и 50 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Дебар на 80 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага ...
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, претставници на Собранието, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Жена (22) со нож нападна двајца мажи во центарот на Софија, јавуваат бугарските медиуми. Како што соопштија од Управата за внатрешни работи, жената е приведена, а нападот се случил на булеварот „Витоша“. Директорот на Управата за внатрешни работи – Љубомир Николов рече дека жената што е осомничена дека го извршила нападот имала психички проблеми. „Има очигледни психички абнормалности и ѝ е поставена сериозна дијагноза. Жената нападнала тројца ...