Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа на друго место, неговиот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и отпуштањата на федералните службеници се меѓу главните моменти во западниот печат. Додека седеше до претседателот Трамп во вторникот, Нетанјаху носеше насмевка на лицето што ретко се гледаше за време на претходната администрација, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“. ...

Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба. Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми. „Неколку училишта во Загреб добија дојави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, ...

Секој нов закон кој ќе овозможи Собранието да разрешува членови на Судски совет ќе донесе политичко влијание во ова тело, смета првиот човек на советот Александар Камбовски. Вакви слични пракси со негативно искуство како што посочи, имало и во изминативе 3 децении. И ние сме дел од работната група за промена на законот, но сме изречито против законодавната власт да може да менува наши членови, Во однос на судските реформи, Камбовски најави дека ...

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче по најавите на премиерот Христијан Мицкоски за иницијативата за гласање интерпелација на членовите на ...

Работниците на велешка „Колска“ излегоа на предупредувачки протест пред влезната капија на фабриката и истакнаа дека доколку до петок не добијат декемвриска плата и К-15 во спротивно ќе има блокада на железничкиот превоз во понеделник. Педесетина работници, утрово, пред влезната капија на фабриката застанаа за да побараат декемвриска плата, платени придонеси и регрес за годишен одмор за двете изминати години коишто законски им следува но никако ...

На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен ...

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава на инцидент, кој се случил вчера во операциона сала во Клиничката болница во Штип. Како што дознаваме, се работи за двајца доктори, кои оперирале на двајца различни пациенти. -На 05.02.2025 во 12.45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, соопшти СВР. ...

Од Основното јавно обвинителство бараат притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски. “Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. За второосомничениот ...

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. На огласите се очекува да се пријават кандидатите од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, на кои вчера им беа доделени уверенија за успешно помината почетна обука. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, појасни дека се објавува оглас за избор на 14 ...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик. Сопругата на Пеце Мирчески користела возила ...

Изразувајќи искрено жалење за загубата на млад човечки живот, каде ниту еден збор не може да ја ублажи болката на семејството и блиските, ниту да ја надомести трагедијата што не потресе сите нас, Здружение на судиите на Република Северна Македонија сочувствува, но истовремено и изразува загриженост за фактот што поедини судии се дискредитираат во јавноста, без притоа да се почитуваат принципите на правна сигурност и пресумпцијата на невиност. ...

Лидерот на опозицииската СДСМ на фејсбук со реакција на најавата на премиерот Мицковски дека пратеници од неговата партија во собранието ќе иницираат смена на членовите на актуелниот судски совет оти тие според него биле како што утрово напиша во фејсбук статус главно упориште на корупцијата.. Филипче вели дека СДСМ ке подржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во ...

За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот вклучително и оној каде што треба државниот врв да го користи и престојува не е впишан во имотен лист замислете, државата тоа го нема запишано ...

Ако се гледате како идни просветни работници/чки, едукатори/ки, наставници/чки или се гледате себеси во иднина како работите со млади, ова е повикот за вас! Тиииит! Инк. и оваа година, петта по ред, подготви едукативни материјали прилагодени за ученички и ученици во средните училишта со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со младите за родовата нееднаквост и феминизмот. И оваа година во фокус се жените кои се занимавале или пак сѐ ...

Тиери Анри тврди дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, „не е добро психички“ по разделбата со сопругата Кристина Сера. Тековната сезона се покажа како огромен предизвик за каталонскиот стручњак и професионално и во неговиот личен живот. Манчестер Сити западна во длабока криза, а последниот удар беше понижувачкиот пораз од Арсенал во неделата со 1-5. Лошата форма на Сити доаѓа во време кога и личниот живот на Гвардиола тргна во ...

Не мора секогаш да бидете на менаџерска позиција за да заработите многу пари. Понекогаш, дури и на помалку популарни работни места, има добра плата. Повеќето вработени во Германија веројатно сонуваат за врвна плата. Затоа, платата е редовно една од главните причини зошто работниците ја менуваат кариерата. Инфографик од познатата онлајн платформа Статиста го потврдува тоа. Сепак, оваа желба не секогаш бара академска диплома, која често се смета ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја замрзна помошта за УНХЦР. Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ги повика денеска донаторите да побрзаат со планираните уплати откако американската влада ставила стотици милиони донации на чекање како дел од својата политика за замрзнување на надворешната помош. Веста ја потврди шефот на таа организација за Ројтерс. Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, кажа дека побарал од ...

Претседателот на холандската крајнодесничарска партија ПВВ, Герт Вилдерс денеска го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за принудно раселување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан. „Многу точно, претседателе Трамп! Како што секогаш велев, Јордан и Палестина (се исто). Нека се преселат Палестинците во Јордан. Проблемот со Газа е решен!“, напиша Вилдерс на мрежата Икс. Аман го критикуваше овој став на Вилдерс, а ...

Токму на Светскиот ден за борба против ракот, добри вести за пациентите кои примаат биолошка терапија – по извесен застој, тие конечно повторно го добиваат неопходниот лек. Ова претставува значајна олеснителна околност за многумина кои се соочуваат со тешката битка против оваа болест и покажува колку е важно навремено снабдување со современи терапии. Според асоцијацијата „СЕ ЗА РАК“, Светскиот ден за борба против ракот, кој секоја година се ...

Голема компанија влегува и во голем износ на задолжување. Таков е примерот со Тутунски комбинат од Прилеп, кој ќе земе кредит од 13 милиони евра од две моќни македонски банки. Станува збор за Комерцијална и за НЛБ Банка, кои ќе го кредитираат Тутунски комбинат од Прилеп со суми од по 6,5 милиони евра, но притоа треба да се напомене дека не станува за класично кредитирање, туку за кредитни рамки кои ќе се користат во период кога компанијата ќе ...

Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што претпладнево, во период од 25 минути имаше седум последователни потреси со јачина меѓу ...

За УСАИД се огласи и екс премиерот Никола Груевски, кој на фејсбук напиша дека дека државната агенција УСАИД под водство на демократите му давала милиони пари на Сорос за рушење на владата која ја предводев во Македонија. „Она што го знаевме, сега самите Американци почнаа да го објавуваат во време на смена на режимот во Вашингтон. Дека државната агенција УСА ИД под водство на демократите му давала милиони долари пари на Сорос за рушење на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски изјави дека не е тајна дека граѓаните не се задоволни од начинот како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас, одговорајќи на новинарското прашање во однос на најавата за постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет. „Во изминативе месеци, морам да признам, дека се запознавав детално со начинот на функционирање, начинот на избор, институционалната ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Уставниот суд за поништување на солидарниот данок донесен од претходната Влада и обврската на државата сега да ги врати парите на компаниите, изјави: „Нема ден откако сме избрани како Влада, а да не се соочиме со некое непријатно изненадување. Нема ден. Ако тоа на почетокот беа отприлика просечно од 8 до ...

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта. СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, ...

Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци. Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките. Граѓаните реагираат дека ...

Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица. Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски. Во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему ...

Во Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, на страница 112 е поместена копија од Синтезен план – намена на земјиштето со граница на плански опфат. Може да се види новата ситуација, што некој испланирал за оваа локација. Во текстуалниот дел кој следи потоа, во воведот, меѓу другото е наведено дека основна цел на Деталниот урбанистички план е „подигање на квалитет на живеење со ревитализација на ...

Бев прегазена на тротоар кога имав само 10 години. Возачот иако под дејство на алкохол, не понесе одговорност, бидејќи судијката му била братучетка и целиот записник беше изменет за на крај да испадне дека јас невнимателно сум ја преминувала улицата. Ова се зборовите на Анастасија Ангелковиќ, која денес има 34 години и со грутка во грлото, охрабрена од споделените приказни и последното убиство на Фросина Кулакова, за Женски магазин си ја отвори ...

Сеизмичката активност во регионот на Киклади не стивнува, а жителите на Санторини и Аморгос, заедно со експертите, остануваат на готовност. Професорот по природни катастрофи на Техничкиот универзитет на Крит, Костас Синолакис, ја анализира актуелната ситуација, истакнувајќи три можни сценарија за развој на настаните. Првото сценарио вклучува активирање на расцеп сличен на оној што предизвика силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1007
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
52%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.9
57%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
97%
1007
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.13
79%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1015
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.6035