
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Поминаа седум дена откако нема никаков траг од 28-годишниот кик боксер од Неготино, Миле Тодоров. Момчето за последен пат било забележано на 30-ти јануари наутро, во Кавадарци, а неговиот мобилен телефон беше пронајден покрај реката Луда Мара, во областа позната како Три багрема, на патот помеѓу Кавадарци и Неготино. Семејството на Миле за „Фокус“ вели дека и денес потрагата по него масовно се одвива. Биле ангажирани кучиња трагачи, службени ...
По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста. Камбовски посочи дека утре Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа ...
Палестинските власти категорично го отфрлија предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Појасот Газа, јави ДПА. -Палестинското раководство зазема цврст став дека решението со две држави, засновано на постоење на две држави и доследно на меѓународното право, е гаранција за безбедност, стабилност и мир, напиша денеска на „Х“, Хусеин ал-Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека на своите советници им оставил детални инструкции да го уништат Иран доколку биде убиен во атентат, пренесува АП. „Ако го сторат тоа, ќе бидат избришани од лицето на земјата“, им рече Трамп на новинарите додека потпишуваше извршна наредба со која и се наредува на американската влада да изврши максимален притисок врз Техеран. – Оставив инструкции, ако се обидат ќе бидат уништени, ...
Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија, имајќи предвид дека самиот си забрани да учествува во нив, се празни зборови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Подготвеноста мора да се заснова на нешто, не може да се заснова на законска забрана за такви преговори, рече Песков денеска на својот дневен брифинг. -Анализата на нашата земја… покажува дека господинот Зеленски има големи правни ...
И курирските компании во Бугарија одлучија дека е време да ги ажурираат своите тарифи. Двајцата големи играчи „Спиди“ и „Еконт“ испратија пораки до своите партнери дека од 1 март ќе ги зголемат цените. Ова е лоша вест за компаниите кои често користат курирски услуги, за е-продавници, за онлајн трговците и, се разбира, за крајните корисници. Надоместокот за готовина при достава со банкарски трансфер од 0,6% на 0,7% без ДДВ со минимум 50 центи без ...
Четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во руски ракетен напад врз градот Изум, во областа Харков во североисточна Украина, соопшти денеска регионалниот гувернер. „Непријателски напад на Изум. Според првичните извештаи, напаѓачите користеле балистичка ракета. Четири лица загинаа“, рече гувернерот Олех Синехубов во објава на Телеграм. 6/#Izium Another video showing the destruction in the heart of the town. 4 dead, 24 ...
Изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за потребата од испорака на нуклеарно оружје во Украина, го прикажуваат како „манијак кој користи нуклеарно оружје како инструмент за уцена“, изјави вечерва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Во интервјуто со британскиот новинар Пирс Морган, Зеленски предложи Украина да се вооружи со нуклеарни ракети доколку земјата биде одиена за членство во НАТО. ...
Полицијата утрово врши претреси во зградата на МВР, каде, според информациите, се одзема службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици. Според неофицијални информации, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР. Акцијата, која ја води Бирото за јавна безбедност, во исто време се спроведува и во неколку економски ...
Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”. -Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање ...
Денес во Софија, Р. Бугарија се одржува „The Economist Business Summit“, кој ги собра заедно политичките и бизнис лидерите од Бугарија и од регионот. Се разговараше на глобални и регионални теми како: глобалната геополитичка состојба, енергијата и зелената транзиција, вештачката интелигенција, информатичката технологија и приоритетите на Р. Бугарија за 2025 година. На настанот се обратија претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, кој официјално ...
Таткото на младата Фросина која беше прегазена на Партизанска, вечерва во Дневникот на Сител најави нови, помасовни протести и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина. Тодор Кулаков упати голема благодарност до целата јавност за поддршката. Изјави дека има сознанија дека се планира Васил Јованов да го сместат во друга институција. – Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена, веројатно поради тоа ...
Општина Центар остро реагира на соопштението на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје преку кое се изнесуваат неточни информации и се манипулира јавноста за да се затскријат со своето неажурно работење и нечистење на улиците во Центар. Позитивно е тоа што ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје конечно се разбудија и почнуваат да чистат на одредени улици во Центар кадешто се надлежни, но пред да испратат демант во кој се обидуваат да спинуваат и да ја ...
Коалицијата ВЛЕН не застанува на она што го вети. Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура. Овој ...
Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари. Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа за криминални дела со употребувани возила за кои извести пред ...
Македонскиот трибјут бенд „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, го промовираа видео записот за нивната прва песна „Сувенир из Сарајева“. Музиката за песната е на хит мејкерот Саша Драгиќ, текстот го напишал Владимир Митровиќ, а аранжманот го направил Стевче Грозданов. Песната е снимена во студиото „Целофан“ во Скопје, додека миксот и мастерингот ги направил ...
Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел утринава избувна престрелка, предизвикувајќи хаос на линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија. – Имаше пукање. Снимките од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо“, изјави Сара Фредерик, портпаролка на јужната бриселска полиција. Во престрелката нема жртви, но полицијата соопшти дека осомничените можеби се во тунелите на метрото, но ...
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година. Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра). Целта ...
Тимовите за пребарување успеаја да ги извлечат телата на 67 лица кои исчезнаа минатата недела кога патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон и двата авиони се урнаа во ледените води на реката Потомак, објавија властите во вторникот. Во последниве денови, тимовите за пребарување продолжија да ги пребаруваат ледените води на реката за да ги извлечат сите жртви од најголемата воздушна катастрофа во Соединетите Држави од 2001 година. ...
Соединетите Американски Држави се „подготвени да ја водат и да ја направат Газа повторно убава“, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на Икс, повикувајќи се на слоганот „Направи ја Америка повторно голема“ што е клучен слоган на претседателските кампањи на Доналд Трамп од 2016 година. Газа мора да биде ослободена од Хамас… Како што [Трамп] рече денеска, Соединетите Држави се подготвени да водат. Нашата аспирација е траен мир во ...
Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населбата Нерези од 09:00 часот до завршување со активностите, општина Карпош. Поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.„Васил Чакаларов“ бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато ...
Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо и претпочитаат директно да ги примат, изјави вчера мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте. Според шефот на дипломатијата, ова се наведува во дипломатската нота испратена од мексиканската влада до американската амбасада во Мексико. САД вчера го испратија првиот воен авион со мала група приведени мигранти во својата поморска база во југоисточна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва потпиша извршна наредба со која САД се повлекуваат од неколку тела на ОН и за ревизија на американското финансирање на светската организација со седиште во Њујорк. Според указот, САД, меѓу другото, се повлекуваат од Советот за човекови права на ОН, тело во кое САД не се членка, туку само набљудувач. Со наредбата, Трамп ја продолжи суспензијата на целото американско финансирање на Агенцијата на ОН за ...
Ако го сторат тоа, ќе бидат уништени. Тоа ќе биде крајот“, рече Трамп во Овалната соба додека ја потпишуваше наредбата за повторно да се изврши максимален притисок врз Техеран. Трамп упати предупредување до Иран како одговор на прашањето за можноста таа земја да се обиде да го убие. Трамп рече дека не сака да ја потпише таа антииранска наредба, но дека е неопходно да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. „Оставив инструкции. Ако го ...
Најмалку 20.000 федерални вработени ја прифатија понудата за отпремнина што претседателот Доналд Трамп ѝ ја упати на целата федерална работна сила пред крајниот рок в четврток, јавија американските медиуми повикувајќи се на претставник на Белата куќа. Тоа претставува околу 1% од повеќе од два милиона федерални вработени, и е под целта на Белата куќа за 5% до 10% да прифатат отпремнина. Но, официјалниот претставник на Белата куќа рече дека бројот ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна. Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека би го направил тоа „ако тоа би била единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“. – Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, ...
Стотици мексикански војници и војници на Националната гарда беа мобилизирани и распоредени синоќа долж границата со САД како дел од договорот со кој привремено се суспендираат американските царини за увоз од Мексико на еден месец, доколку латиноамериканската земја преземе чекори за борба против нелегалната трговија со фентанил. Мексиканскиот воен персонал ќе биде распореден долж границата на места со високи стапки на илегална миграција, дрога и ...
Планираната роботизирана кинеска мисија за истражување на Месечината Chang’e-7 се очекува да биде лансирана во 2026 година, со цел да се истражува лунарниот јужен пол. Роботската мисија ќе спроведе истражување за откривање на воден мраз, додека тестира најсовремени технологии кои се клучни за одржливи човечки активности на Месечината, според China Media Group. Пријавената вселенска мисија ќе ја изврши технолошки иновативен роботски вселенски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство. Поздравувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, првиот странски лидер кој го посети Трамп откако тој ја презеде функцијата минатиот месец, американскиот претседател рече дека тој и неговиот тим разговарале за можноста за преселување на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“. Нетанјаху нагласи дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува „Тајмс оф Израел“. Трамп, вели тој, има поинаква визија за регионот, кој беше „жариште на тероризам и напади врз Израел“. Израелскиот премиер додаде дека е ...