Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица започнаа „Караван на читањето“ со деца од основните училишта од Струмица и регионот. Оваа недела карванот започна со посета на децата од ООУ Борис Трајковски, ООУ „Маршал Тито“ Струмица и ООУ „Мануш Турновски“. Со читање и обработка на книгите за деца „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас и сказната „Трите прасиња“ учениците се запознаа и дискутираа за овие прекрасни дела. ...

Необичен инцидент се случи вчера во албанскиот парламент кога претставникот на Демократската партија (ДП) Саимир Кореши активираше неколку димни бомби. Салата беше исполнета со чад, а претседавачот Линдита Никола го исфрли Кореши од седницата и побара интервенција на обезбедувањето за да се воспостави ред. Непосредно пред да се активираат димните бомби, дел од опозициските претставници направија барикада со столчињата пред говорницата. Лидерот ...

На веб-страницата на системот за алармирање за небезбедни производи (НЕПРО) објавено е дека електричните бојлери со емајлирани котли од брендот ТАЛАС, чија земја на потекло е Бугарија, се повлечени од пазарот во Србија поради опасност од струен удар, јави дописникот на МИА од Белград. Станува збор за моделите E5044 и E5035 со зафатнина од 50 литри, со грејач од 1,5W, нето тежина од 17,7 килограми, кои се произведени оваа година. Производител на ...

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина, пишува Index.hr. Возел возило кое се судрило со комбе, а возачот на комбето загинал, дознава хрватски Телеграм. Како што потврди сменоводителот на полициската управа Вуковар-Срем, Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања. ПУ Вуковар-Сремска објави соопштение за несреќата. ...

УХМР соопшти дека времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени. Според УХМР, под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи ...

Годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија со позитивни отценки го окарактеризира патот по кој се движи македонското земјоделство и руралниот развој. Во рамки на истиот нотиран е напредок во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството. Како што стои во извештајот, Европската комисија позитивно ги отценува и ...

Струмичани кои беа присутни на форумската буџетска сесија како еден од приоритетите за идната година до општинските власти го посочија и можна дислокација на „струмин гроб“ од Баница во Струмица. Според граѓаните „струмин гроб“ кој сѐ уште не е целосно истражен од стручната јавност е едно од обележјата на градот и треба да се размислува ова обележје да биде достапно и видливо за пошироката јавност. Од општината велат дека станува збор за предлог ...

Денес, 10.11.2023 година, преку проектот,,Рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и откривање на катастрофи – eFidar, финансиран од Европската Унија преку Интеррег СВС Програмата, ТППЕ Струмица доби специјално ПП возило за гасење на шумски пожари со носивост од 3000 литри вода и 300 литри пенило и дрон за рано откривање на шумски пожари. Пожарникарите упатија благодарност до Југоисточниот плански регион и Општина Струмица кои со ...

Поради дефект на главна водоводна цевка која минува низ градскиот парк деновиве делови од Струмица и населените места Добрејци и Просениково беа без вода. Поради обемноста на дефектот екипи на ЈПКД Комуналец работеа неколку денови и дефектот е отстранет, а водоснабувањето е нормализирано. Специфичноста на работата наложува ископите да се пополнуват етапно како не би дошло до повторно пукање на цевката. Во текот на наредните денови ископите ќе ...

Хирурзите во Њујорк велат дека ја направиле првата целосна трансплантација на око во светот иако не веруваат дека на нивниот пациент ќе му го врати видот. Арон Џејмс, кој доживеал незгода со струја од висок напон, беше подложен на операција, која траеше 21 час за да му се замени половина од лицето. Хирурзите со години успешно ја пресадуваат рожницата. Експертите го нарекоа ова откритие клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. -На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како совозач во автомобил држел 41,5 грама наркотична дрога кокаин, наменета за ...

МВР информира дека рано утринава во 00.50 часот на потегот помеѓу с. Свидовица и с. Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија. За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б, бил ...

Транспарентен, отчетен, отворен и правичен е буџетот на Струмица. Така покажало истражувањето на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ преку Индексот за отворени општини. „Транспарентното работење беше мое предизборно ветување, реалност во досегашниот мандат и завет од кој никогаш нема да се откажам се додека им служам на моите струмичани и мојата Струмица“, истакна градоначалникот Костадинов. Според него, ова е факт којшто неизмерно радува ...

Претставници на тимот којшто го организира најмасовниот спортски настан „Струмица на улица“ денеска беа гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов. Се разговараше за последното успешно издание на оваа манифестација и нејзината иднина, со желба да живее и да стане традиционална, бидејќи носи силна порака дека трчањето е здрава навика во животот. Тие се заблагодарија за севкупната поддршка, а посебно за тоа што Општина Струмица беше ...

Денес градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на свеченоста по повод годишнината од предавањето во употреба на детската градинка „Виножито“. Станува збор за еден од најголемите капитални проекти во општината, со кој Струмица доби нова детска градинка по цели 40 години. На првиот роденден на „Виножито“ зборуваше директорката Софија Димитриева, а во своето обраќање пред присутните градоначалникот Костадинов меѓу другото истакна: „Денес, ...

Изложбата „На работ на зборовите“ се занимава со јазикот, неговите капацитети и граници. Како дел од активностите на Делегацијата на ЕУ за славење на јазикот, особено на македонскиот јазик и литература, оваа изложба ги истражува вербалната комуникација и изразувањето кое ги надминува зборовите, како што е случај со визуелната уметност, како и нашите емотивни врски со зборовите. Универзални теми за сите јазици – без оглед какви гласови или азбука ...

Општинската организација на Црвен крст – Струмица додели хуманитарни пакети на 137 социјално загрозени семејства во текот на целата кампања од Неделата на гладта, семејства кои примаат социјална помош, згрижувачки семејства, лица со инвалидитет, деца без родители и стари лица. Црвен крст Струмица се заблагодари на сите кои придонесоа за спроведувањето на акцијата, на волонтерите од Клубот на млади, на хуманите граѓани кои ја направија оваа ...

Во дел од светските медиуми и портали се шири снимка на која 19-годишната Наама Леви е удирана во џип во Газа, со врзани раце зад грб, а нејзината сива тренерка била облеана во крв. Вака западните медиуми пишуваат за девојката која има потекло од Македонија.Според ВОА на македонски јазик, девојката била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја пренела Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која ...

Денес се навршуваат 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер, општественик и државник Димитар Влахов. По тој повод учениците и вработените во СОУУД „Димитар Влахов“, со пригоден говор и културно-уметничка програма, на достоинствен начин го одбележаа патрон празникот на училиштето. На одбележувањето на патрон-празникот присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица и претставници на Одделението за образование. Тие, од името на ...

Министерството за култура известува дека денеска е последен ден за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година. „Ве известуваме дека вечерва 8 ноември (среда), до 23:59 часот истекува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година.“ Министерството за ...

Со велосипедската инфраструктура што ја има Струмица, велосипедизмот станува сѐ попопуларен. Како дел од процесот за унапредување на вело-културата во Струмица се одржа 10 дневна обука за велосипедски водич. Градоначалникот Костадинов присуствуваше на последнoто предавање од обуката и во период на транспарентното креирање на буџетот на Општината за 2024 година, со велосипедистите разговараше за идните активности на општина Струмица од оваа ...

Синоќа започнаа јавните собири на кои градоначалникот Костадинов се сретна со своите соработници од општинската администрација и општинските јавни претпријатија. На Јавните собири во населените места Вељуса, Водоча и Баница се разговараше за сработеното и на што треба да се даде приоритет во новата буџетска година. Денеска, 8 ноември, се паузира бидејќи многу граѓани го слават празникот Митровден и јавните собири на 9 ноември ги продолжуваат во ...

Православните верници го одбележуваат празникот Митровден, во чест на Свети Димитриј, роден во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден ...

„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти. „Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина за европските фармери“, кој ги собра ...

Градоначалникот Костадин Костадинов одговори на реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Текстот го пренесуваме интегрално: „Моја Струмицо не дозволувај да бидеш излажана изманипулирана заради транзициски профитери кои еднаш биле поддржувачи на една партија сега се во друга! Наводното противење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е заради интереси на граѓаните, замислете единствена опозиција во светот која се против дуплирање на зелени ...

Денеска се одржа првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик. Градоначалникот Костадинов присуствуваше на седницата и ја потврди поддршката во функционирањето на Локалниот совет и севкупно на женското претприемништво, неговото унапредување и придонес во економскиот развој на Струмица. Целта на Локалниот совет за женско претприемништво е поттикнување на претприемачкиот дух ...

Реакцијата на општинскиот комитет Струмица ја пренесуваме интегрално: Градоначалникот Костадин Костадинов соочен со силно несогласување од граѓаните за профитерскиот ГУП, неосновано манипулира со јавноста за работата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, но и со фактите од самиот ГУП. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ иструкции добива единствено од граѓаните на Општина Струмица. Профитерскиот ГУП нема да помине бидејќи граѓаните ...

Денеска (07.11.2023) околу 13.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија, соопшти МВР. По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв”, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин. ...

Од 2 до 5 ноември беше реализиран VII по ред меѓународен симпозиум по археологија на тема: „Накитот од заштита до статус“. На симпозиумот беа споделени битни резултати од археолошки истражувања кои се вршени не само во нашата земја, туку и во регионот и на европско ниво. Како резултат од овој научен симпозиум следната година ќе биде издадена петтата книга по ред Acta Musei Tiberiopolitani каде ќе бидат содржани сите излагања на учесниците од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
57%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
52%
1021
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.69
75%
1017
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
4.97
58%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.33
61%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.58
57%
1014
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
87%
1020
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.68
65%
1016
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
43%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
57%
1011
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.376

Currency

65.9274

Currency

7.52805

Currency

0.65486

Currency

0.38117

Currency

0.52509

Currency

1.45935

Currency

0.64308

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

13873.98

Рутениум

20190.67

Калај

29.74

Сребро

991.08

Злато

101598.02

Бакар

8.85

Паладиум

28636.87

Платина

29383.15

Родиум

170398.96

Цинк

2.53