Нашиот народ отсекогаш верувал дека ракијата е многу лековита и дека неколку чаши од овој жесток пијалок позитивно влијаат на здравјето, што го потврдија и некои медицински истражувања. Сливова и лоза се најпознатите ракии, а како што кажува самото име, се прават од сливи и винова лоза. Со оглед на високиот процент на алкохол во ракијата, сепак мора да бидеме внимателни со нејзиното консумирање, но малата и навремена количина ракија брзо ќе ...

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон на состанокот на министрите за одбрана изјави дека производството на муниција во ЕУ скокнало за 30 отсто во 2023 година. „Од февруари 2023 година, производството на муниција е значително зголемено, така што ја постигнавме целта да произведуваме еден милион гранати годишно“, рече Драјтон, додавајќи дека економскиот блок се приближува до таа бројка. Без разлика, тој додаде дека тоа автоматски не ...

По повод одбележување на Недела на италијанска кујна – Settimana della cucina italiana, на 23 ноември во хотел Вила Парк ќе се одржи италијанска вечер “La magia della cucina italiana”. Во знакот на годинешната Кандидатура на италијанската кујна за нематеријално богатство на Унеско гостин на вечерта ќе биде Мастер пица шеф Џовани Маскари. Посебен вкус на италијанската вечер ќе додадат учениците од угостителската струка во СОУУД „Димитар Влахов“ ...

На 21.11.2023 година со почеток од 19:00 часот во Europe House Струмица ќе бидат промовирани книгите „Неправилен ритам“ и „Радио“ на Љупчо Јолевски. Учесници на настанот се: Ана Стојаноска (писателка и театролог), Добрила Грашеска (музичарка), Мирна Трпкова (музичарка), отец Теофан и Никола Пијанманов (ликовен уметник). „Љупчо Јолевски е новинар кој длабински сондира во културниот хумус на нашата земја. Будно следејќи сè што се случува на ...

Во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Струмица, а со финансиска поддршка од Шведска, од денеска во ООУ „Никола Вапцаров“ и Клон 6 на градинката „Детска радост“ се врши мерење на квалитетот на воздухот, што е прво вакво мерење и во општината ...

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против Е.Г. (35) и С.И. (41), двајцата од село Бучим, и Ј.В. (62) од село Лубница, Oпштина Конче. За Е.Г. постои основано сомнение дека сторил кривични дела „пустошење на шума“, „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, С.И. сторил кривично дело „помагање“ во врска со ...

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот, која има пропустен опсег од 1,2 терабајти во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу, пренесува Global Times. Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет инфраструктура на Кина. Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации. Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени ...

Легализацијата на канабисот во Германија, првично планирана за крајот на годината, најверојатно ќе биде одложена до 2024 година, изјавија денеска за ДПА официјални лица кои се запознаени со распоредот на парламентот. Планот е законот да биде усвоен во Бундестагот, долниот дом на парламентот, меѓу 13 и 15 декември. Потоа мора да се изјасни Бундесратот, горниот дом кој ги претставува 16-те германски покраини. Но, последната седница годинава е на ...

Поради напукнат бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 1.:25 часот – и патничкиот и товарниот. Железниците информираат дека патувањето сепак се одвива со премостување со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, а од Гевгелија ќе сообраќаат ...

ФК Беласица ја забележа и шестата победа во ВМФЛ. Тимот на Беласица го порази Караорман со 2:1. Стрелци на головите за Беласица беа Милушев и Бејков. Со оваа победа тимот се наоѓа на четвртата позиција на табелата од втора лига, веднаш зад Бесими, Детонит и Пелистер. Беласица нема пораз во изминативе пет кола. Оствари три победи и два пати ремизираше, со тоа веќе се вбројува во тимовите кои може да се вклучат во трка за водечките две позиции кои ...

На 14.11.2023 кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана. Во координација со ...

Вчера во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј. (45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана. Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал ...

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало. Согласно вчерашната владина одлука, ...

Од денеска година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Палестинците затекнати во најголемата болница во Газа денеска ископаа масовна гробница за да ги закопаат пациентите што починаа во израелските напади и рекоа дека нема план за евакуација на бебињата и покрај тоа што Израел објави понуда за испраќање преносливи инкубатори. Израелските сили ја опколија болницата „Ал Шифа“ во градот Газа за која велат дека се наоѓа над подземниот штаб на милитантите на Хамас. Хамас, владејачката исламистичка група ...

На 16.11.2023 година (четврток) со почеток од 18:00 часот ООУ „Маршал Тито“ Струмица организира фандрејзинг настан со повеќе активности. Настанот е во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, кој училиштето го организира во соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“. Учениците од 6, 7, 8 и 9 одделение твореа ликовни творби на тема „Силјан Штркот“, под ...

По јавната расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година којашто се одржа на 6 ноември, денеска во Домот на АРМ се одржа стручна распрва по овој најважен урбанистички документ на Општината. Како и на јавната така и на стручната расправа имаше голема заинтересираност од страна на стручната фела којашто потврди дека единствената тешка индустрија што ја има во Струмица е АД за неметали ...

Градежната офанзива продолжи и оваа работна недела. По машинското гребење, денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“. Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351,60 метри квадратни, односно должина од 480 и ширина од 9 метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.298.928 денари обезбедени од ...

Фудбалски клубот „Бера Струмица“ доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон Португалија. На самитот клубот го преставуваа Леонардо Алеоти член на сопственичката структура на клубот и Јован Симиќ генерален директор на клубот. На овој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер Сити, Јувенутс, Рома, Челзи, Севиља, Милан, ...

Во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во струмичкото село Дабиље ќе се одржи седмото предавање за корупција. На настанот ќе се обрати претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска. Целта на кампањата е учениците да се едуцираат за важноста на интегритетот и борбата против корупцијата да научат колку е важно чесното живеење и дејствување, да ги ...

Проблемот со малите хидроелектрани е што се градат во недопрена природа, а за одвивање на градежните активности се сечат дрвја и се пробива пат. На многу места има остатоци од градежен материјал. Оставениот мал проток на водата го загрозува живиот свет, како во реката, така и надвор од неа, бидејќи така се намалува и водата за дивите животни и стоката. Некои од хидроцентралите се или биле планирани на извори од кои населението добива вода. Таков ...

Од граѓани, партија, но и по допрен глас Антикорупциската комисија веќе работела и затворила шест случаи: три за Кочо Анѓушев, еден за Хрисијан Мицковски, еден за планирана мала хидроцентрала на реката Вардар и еден за хидроцентрала во Неготино. Наводите во пријавите не успеале да ги потврдат. Но, во однос на Мицковски било утврдено дека кога се одлучувало за концесијата тој не бил на функција, па сомнежите за влијание не можеле да бидат поинаку ...

Околу 900 земјотреси денеска се регистрирани во јужниот дел на Исланд, покрај десетиците илјади потреси што го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција. Поради земјотресите во текот на викендот беа евакуирани речиси 4.000 луѓе. Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е така, каква штета ќе има, изјави раководителот на истражување во Исландската ...

На 14 ноември (вторник) во 20:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се прикажува филмот „Кино љубов“ на режисерот Јани Бојаџи. СОДРЖИНА: Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на сѐ, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем ...

Највисоката награда, гран-при на литературниот конкурс на 56-те Детски Рацинови средби во Велес отиде во рацете на Ване Гавровски од ООУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово, со менторката Весна Тилева. На литературниот конкурс на тема: „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“ учествуваа 467 литературни творби од земјава. Деветтоодделенецот Ване Гавровски изјави дека е пресреќен за оваа висока книжевна награда со ...

Денес тимот на италијанисти на Здружението за промоција на италијански јазик и култура Quo Vadis Ad Astra беше во посета на училиштето пионер во воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик, но и препознатливо по бројните активности и успеси, ООУ „Сандо Масев“ Струмица. Со учениците од седмо одделение беше реализирана работилницата – Учиме преку игра, со која се одбележува “Светската недела на италијанскиот јазик” годинава. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 % во однос на одлуката од 10.11.2023 година. Од 14.11.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар) ...

По свечената седница на Советот на Општина Гевгелија по повод 7 Ноември, во Гевгелија, гостуваше камерниот оркестар „АЈГА“ којшто им приреди незаборавна концертна вечер на присутните во салата на Народниот театар – Гевгелија. Со изведба на оркестарска класична музика под диригентската палка на Бобан Цанев, како и соло-изведбите на Маја Чанаќевиќ на англиски рог и Владимир Костов на виолина, „АЈГА“ им го честиташе општинскиот празник на ...

Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода 20-годишниот Д.К. и 25-годишниот Џ.И., двајцата од Струмица, извести МВР. – Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно ...

Во дерби натпреварот од 14-то коло во ПМФЛ, АП Брера Струмица попладнево му нанесе пораз на актуелниот шампион Струга со конечен резултат 2:1. Вардар претрпе пораз на домашен терен од директниот конкурент во борбата за опстанок Воска (1:2), Гостивар ја совлада Брегалница (1:0), а Шкендија ги освои трите бодови во дуелот со Тиквеш (1:0) и бодовно се израмни со лидерот на табелата Шкупи. Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела со дуелите ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
3.09
41%
1012
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
5.14
41%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
29%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
2.71
44%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
55%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
27%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
41%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
46%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
64%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63