
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст -Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, на 30 ноември 2023 година (четврток), со почеток во 21:00 часот организира проекција на долгометражниот музичко-документарен филм The Hip – Brainstorm на Јане Алтипармаков во рамките на филмската програма на иницијативата за есенски културен бран. Долгометражниот видео/филм е во режија и продукција на Јане Алтипармаков, автор ...
Во Народниот театар – Гевгелија, ќе гостува Вондерленд театар со театарскиот проект „Види летам“ на 29 ноември 2023 година. Претставата ќе започне во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Проектот е истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство. Текстот за претставата е на Ана Трепноска и е инспириран автентичните искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР. ...
Општина Струмица известува за прекинување на постапката за донесување на Генерален урбанистички план за град Струмица. Известувањето го пренесуваме интегрално: Почитувани граѓани, Ве известуваме дека по предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од Градоначалникот на Општина Струмица, како и предлогот од Комисијата за стручна расправа, постапката за стручна расправа со јавна презентација и јавна расправа на Генерален урбанистички план за град ...
Откако денес јавноста ја затекна веста дека починал Ристе Трајковски, ЗОО негувател, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје. Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на извори од градината. Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, ...
Фондацијата Елеуса има за цел да им помага на луѓето на кои им е најпотребна помош. Поведени од големиот број на апели за помош, но и заинтересираноста на граѓаните да помогнат, Фондацијата организираше хуманитарен настан на кој ги претстави своите активности од годината што изминува. На настанот присуствуваше и викарниот епископ Стобиски г. Јаков кој изјави дека во нашето опкружување нема гладен човек, а голем удел во тоа има токму Фондацијата ...
Градоначалникот Костадинов, премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, денеска од новата градинка „Виножито“ пуштија силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт. Токму оваа градинка е плод на таквата соработка, поддржана од Светска банка. Како Општина на која децата и се приоритет, а во соработка со ресорните министерства, постојано се инвестира во подобрувањето на капацитетите на градинките и ...
Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од ...
Средношколките од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица учествуваа во активностите на Скај Плус Струмица како дел од проектот „по сигурен пат до безбедна иднина“ финансиран од Општина Струмица. Професорката Елена Депинова и фармацевтскиот техничар Тања Гушев го имаа воведниот дел од предавањето во кој преку практични примери им објаснија на девојчињата како да го заштитат женското здравје. Правилна здравствена хигиена, превенција и лекување на ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А.. Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко ...
На 29 ноември (среда) во НУЦК „Антон Панов“ Струмица со почеток од 20:00 часот, по трет пат ќе се одржи концерт на групата YU for You. Специјален гостин на концертот ќе биде легендарниот Дадо Топиќ, по повод 50-годишнината од песната „Македонија“. Исто така ќе настапи и Стефан Илиќ со својот Стринг квартет од Србија. Иван Куќич за ТВ Канал Вис изјави дека огромна чест за него ќе биде да ја дели сцената со Дадо Топиќ. Исто така сподели дека ...
На прием кај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа претставници на раководството на АК „7 Ноември“- Гевгелија по повод одржувањето на атлетската трка „7 Ноември“- Гевгелија. На средбата, беа сумирани впечатоците од одржаната трка. Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство од организацијата и масовноста на трката затоа што со нејзиното одржување Гевгелија се вбројува во центрите на масовниот спорт, не само во ...
Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари). Оваа година месецот на борба против зависности се одбележа под мотото „Информирај се и донеси одлука!” За таа цел на ден 23.11.2023 година Општинската организација на Црвен крст Струмица организира трибина со врсничкиот едукатор и волонтер Слободанка Чолакова, ...
Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0. Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов. Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека СП одиме на златен медал. Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен. На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави. Светско ...
Пратениците од СДСМ поднесоа Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Нашат цел e со овие измени дел од парите кои се влеваат во државниот буџет преку игрите на среќа да се наменат за зачувување на нашето домашно, македонско културно наследство. На овој начин ќе се обезбедуваме соодветно зачувување на културното наследство во неговата автентична и интегрална форма. Создавањето нов кадар за ...
Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот, Киријакос Мицотакис. Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе изнесува 1,5 евра наместо досегашните 0,5 евра за ноќевање, а таксата за ноќевања во хотели со пет ѕвезди се зголемува од четири на десет евра по ноќ. Мицотакис додаде ...
На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16:20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с. Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица. Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица. ...
Синоќа во Струмица , во организација на Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ , во соработка со Амбасадата на Република Италија, а со поддршка на Општина Струмица прегу програмата „G-1“, се одржа настан по повод Светската недела на италијанската кујна и овогодинешната кандидатура на италијанската кујна за нематеријално културно наследство на Унеско. Од името на Општина Струмица свое обраќање пред ...
На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш. (23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Тинејџерката Л.И. (15) со кујнски нож го повредила момчето А.Р. (15) и наставничката која се обидела да ја спречи во намерата. Српските медиуми јавуваат дека инцидентот се случил во Гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград. Момчето и наставничката се полесно повредено и им се укажува лекарска помош. Според неофицијални информации, девојчето на барање на родителите претходно била испишана од ова училиште. Зошто дошла со кујнски нож во училиштето и ...
Платите на жените во државава се за 17.5 проценти пониски од тие на мажите. Нивните бизниси се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата, истакнаа учесниците на Третиот Самит за женско прерприемништво, што се одржува од денеска во Скопје. -Капацитетот на жените во бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 ...
На 22.11.2023 година, со почеток во 12:00 часот во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во изложбениот салон „Галерија 22“, беше отворена изложбата на дела од 60-та Меѓународна струмичка ликовна колонија 2023. Како најстара колонија во континуитет во Македонија, во овие шест децении, низ колонијата поминале околу 1.600 ликовни творци од сите светски меридијани, кои оставиле бесценета уметничка оставнина од околу 2800 дела, импозантна ...
Општина Гевгелија означи завршување на еден проект кој носи долгогодишен бенефит за сите граѓани, станува збор за повеќекомпонентниот проект: „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија“, кој вклучува: Изградба на пречистителна станица за отпадни води; Затварање на старата градска депонија; Како и изградба на нова фотоволтаична централа со капацитет од 100 киловати или 30% од потрошувачката на станицата. На настанот ...
Во моментов светот има залихи на шеќер за 68 дена за да ги задоволи своите потреби. Ова е голем пад во однос на 106 дена, кога резервите почнаа да се намалуваат во 2020 година, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство (USDA), кои вчера ги објави „Еуроњуз“. Како што е наведено, залихите се на најниско ниво од 2010 година, поради што оваа стока, широко користена во многу индустрии, моментално се тргува по највисока цена ...
Министерството за здравство информира дека се одобрени дополнителни 100 милиони денари за обезбедување на лекот „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“ на дополнителни пациенти со цистична фиброза. „Универзитетската клиника за детски болести доби согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со директни преговори со овластениот дистрибутер на Вертекс. „Од Детската ...
Лишен од слобода е 33-годишниот К.Ѓ. од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Тој бил приведен вчера во 12 часот, откако во текот на вчерашниот ден, ...
Средношколката Тијана Стојменова од Ново Село како „Градоначалник на еден ден“ заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, г-дин Ѓорѓе Божинов ja реализираа дневната агенда. Во текот на вршењето на функцијата градоначалничка на еден ден, Тијана се запозна со надлежностите на градоначалникот и функционирањето на одделенијата во општината, како и увид во градежните активности за асфалтирање на улица во Смолари. “Municipality takeover – Mayor ...
Детската Евровизија ќе се одржи на 26 ноември (недела) во Ница (Франција), а македонската претставничка Тамара Грујеска ќе настапи шеста по ред. Тамара ќе настапи со песната на „Кажи ми, кажи ми кој“ (Tell me who) која е дело на Роберт Билбилов и Коста Петров, а продукцијата и музиката се на Билбилов и Дарко Димитров. Таа пристигна на свеченото отворање и сподели неколку фотографии од настанот. Исто така, денеска ја имаше и првата проба на која ...
Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини „Богородица“, „Блаце“ и „Табановце“ во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари. Во првиот случај, заплената на ...
Europe House Струмица и библиотеката „Благој Јанков Мучето“ Струмица, вчера го одбележаа Светскиот ден на детето во Градската галерија – Струмица и со тоа го заокружија Карванот на читањето со деца од основните училишта од Струмица и регионот кој се одвиваше во изминатиот период. Светскиот ден на детето е ден посветен на значењето на децата како најважни креатори на иднината. Создаден е со цел да се подигне свеста за потребите и предизвиците со ...
Од 1-ви декември 2023 година, во Македонија повторно ќе се воведе евтината дневна тарифа за електричната енергија. Оваа одлука е донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и беше објавена од претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Евтината дневна тарифа ќе важи во периодот од 13 до 15 часот и ќе биде на располагање на околу 200 илјади потрошувачи кои имаат таканаречени смарт броила и оние кои имаат непречен пристап до ...