Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, го потпиша договорот за проектот „Изработка на техничка документација со ревизија за уредување на училишниот двор“ во ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала. На настанот присутни на потпишување на договорот беа г-дин Армен Григорјан постојан претставник на УНДП, г-дин Рамиз Реџепи директор на Бирото за Регионален Развој, г-дин Микаел Атерхог раководител на развој на соработка на Шведска. Неопходно ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), ...

Со Резулуција од 1996 година, Генералното собрание на ООН го прогласи 21 ноември за Ден на телевизијата. Денот на телевизијата е воспоставен поради фактот што телевизијата е главен инструмент во информирањето и влијанието на јавното мислење. Зборот телевизија првпат беше употребен во 1900 година на меѓународен конгрес во Париз. За роденден на телевизијата се зема 25 април 1925 година, кога Британецот Џон Логи Берд ја направил првата ...

Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на РСМ е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол, цигари и игри на среќа), оваа година се одбележува под мотото „Информирај се и донеси одлука“. На ден 20.11.2023 година, стручен тим од ООЦК Струмица оддржа едукативна работилница во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за превенција од игри на среќа. Беа одржани две работилници на кои беа присутни околу ...

Денеска е Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години ...

Турски товарен брод со 12 членови на екипажот потона во близина на турскиот брег на Црното Море за време на невремето во неделата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, кој пловел под турско знаме, во неделата наутро пријавил дека бродот плови кон пристаништето во близина на Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно канцеларијата на гувернерот на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 13.11.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,158%, кај дизелот има ...

На Дејан Христовски, млад пациент во 40тите години му е продолжен животот откако од д-р Жан Митрев заедно со тимот му беше вградено вештачко срце. Механичка циркулаторна потпора или т.н. механичко срце кое се вградува до срцето ја подобрува функцијата и ја надополнува во оној дел каде не е функционално. Кај Христовски е дијагностицирана тешка дилатативна кардиомиопатија која во последните неколку години особено се влоши и срцевата функција ...

Македонскиот одбојкарски шампион во машка конкуренција, екипата на Струмица, во четврток на домашен терен ќе го одигра првиот меч од 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ против германскиот ривал СВД Дирен. Струмичани овојпат подготвени и комплетни ќе го дочекаат европскиот предизвик, откако пред еден месец имаа неуспешна приказна во Лигата на шампионите, пред сѐ поради неможност да настапат комплетни на квалификацискиот турнир во Бургас, Бугарија. Од ...

Во сабота, 18 ноември 2023 година, со почеток во 21:00 часот во кафе бар „наГоре“ во Струмица ќе биде отворена изложбата на цртежи и скици „МОНОКРАК“ на Ѓорги Динев. Ова е осма изложба годинава на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, дел од проектот #ЅидНаУметноста кој има за цел да презентира актуелни ликовни уметници од Македонија пред струмичката јавност и сите заинтересирани за ...

Исходот од декемврискиот Самит е јасен каков ќе биде, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот Самит не може да има позитивна одлука за нас. Ова го изјави денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски, во одговор на новинарско прашање во врска со ...

На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа на ...

Денес беше отворен Меѓународниот симпозиум „Секојдневна стоматолошка практика“ што се одржува во хотелот „Сириус“, во организација на Друштвото на доктори по дентална медицина. Градоначалникот Костадинов го поздрави одржувањето на симпозиумот и им посака добредојде на докторите по дентална медицина од Србија и Македонија. На учесниците им посака успешна и плодна работа во споделувањето на нови сознанија и искуства на полето на денталната ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. ...

Синоќа пред преполната сала во Дом на АРМ, ООУ „Маршал Тито“ Струмица реализираше настан со повеќе активности. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ во соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“. Најмалите ученици, под менторство на професорката Љубинка Цветанова, настапија со песната „За сите деца“ и со својата ведрина ...

Изложбата „На работ на зборовите“, вчеравечер отворена во Градската галерија – Струмица, во организација на Europe House Струмица, дел од серијата активности во склоп на кампањата на Делегацијата на „Раѓање на зборот„ посветена на македонскиот јазик и идентитет. „На работ на зборовите“ во соработка со Галерија Акантус од Скопје, ги прикажува моќта и ограничувањата на јазикот преку делата на Славица Јанешилева, Оливер Мусовиќ, Нехат Беќири, ...

Карван на читањето, со деца од основните училишта од Струмица и регионот, овојпат во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево. Преку игра, читање и обработка на книгите за деца „Трите мали волчиња“ од Евгениос Тривизас и сказната „Трите прасиња“ учениците од ова училиште се запознаа и дискутираа за овие прекрасни дела. Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица, со оваа програма имаат цел да ги поттикнат најмладите да развијат вештини ...

Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или ...

Има напредок околу датумот за изборите за наредната година и добро е што изборите ќе бидат заедно, имајќи ја предвид финансиската состојба во земјава. На Ковачевски му требаше да биде охрабрен од Али, Буjар, од Арбен за конечно да ја сфати реалноста. Ја поздравувам таа одлука на коалиционите партнери во Владата и претпоставувам дека деновиве бргу ќе биде и датумот, изјави денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата ...

На 2 декември (сабота) со почеток од 19:00 часот во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи седмата по ред манифестација „Убави сме, свои сме“. Настанот е во организација на здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера”, зад кое стои Анче Туфекчиева, мајка на Верче, девојче со Даунов синдром. Таа е позната како голем активист и со години работи на прифаќање на различностите. Концепиран како модна ревија ...

Во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред Домот на културата во населеното место Василево, како донација од пријателската Општина Умраније, Р.Турција беа поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и лизгалка. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го посети забавниот парк и беше сведок на многу детски насмевки. „Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го ...

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од Штип, со престој во Радовиш, С.Р.(22) од Радовиш со престој во Штип, Т.Ј.(18) од Штип, Ј.А.(22) од Радовиш, Љ.Т.(66) од Радовиш и Б.А.(31) од Радовиш. М.Ј., С.Р., Т.Ј. и Ј.А. во периодот од март до септември 2023 година во куќи и викенд куќа на подрачје на Радовиш извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од ...

На 15.11.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Регионалниот центар Исток и СВР Струмица во координирана акција со Службата за борба против дрога од градот Килкис, Р.Грција, спречен е транспорт на 85 килограми марихуана и притоа во Република Северна Македонија лишени се од слобода четири лица, додека во Република Грција е распишана потрага по едно лице грчки ...

Малолетник со здравствен проблем, од струмичкото село Банско доцна синоќа сам бил затекнат во близина на маркет во Струга. СВР Охрид денеска соопшти дека лицето е згрижено и остварен бил контакт со неговите родители. – Во ОВР Струга синоќа во 22 часот и 10 минути е пријавено дека, пред маркет лоциран на улицата „Ристо Крле“ во Струга, затекнато е малолетно немоќно глувонемо лице. По известување до јавен обвинител и Центар за социјални работи, ...

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници. На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната ...

Деветгодишниот Maкедон Димитровски од Тетово, освои златен медал на светскиот натпревар по математика „Математика без граници“. „Златно дете со златен медал“, напиша неговиот татко на Фејсбук, Владимир Димитрoвски. Организаторите објавија резултатите. Во есенскиот дел учествувале повеќе од 23.000 ученици од 29 држави – Австралија, Азербејџан, Албанија, Арменија, Бугарија, Виетнам, Естонија, Индонезија, Казахстан, Канада, Киргистан, Македонија, ...

Општина Гевгелија, и годинава, ќе стипендира 10 студенти од општина Гевгелија запишани во прва година на Медицинските факултети – отсек Машинските и Електротехничките факултети во академската 2023/2024 година. Советот на Општина Гевгелија, на 34 седница, донесе Одлуки за стипендирање на 5 студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина и 5 студенти од општина Гевгелија запишани на Машинските и ...

На 21 ноември (вторник) со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица повторно ќе биде прикажана комедијата „Te Dua, жими мене“. Сценариото е на Никола Кузелов, а режијата на Марјан Гавриловски. Приказната го следи патешествието на тројца другари, квази фраер, коцкар и армоникаш, кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа ...

Според УХМР, во текот на денешниот ден (четврток, 16 ноември) времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер и со максимални температури до 18 степени. И за во петок се најавуваат максимални 17 степени, но попладне, под влијание на нов влажен и студен бран, ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. Снег во сабота се очекува и на нешто пониска надморска висина ...

Паркинсоновата болест предизвикува прогресивно губење на невроните кои произведуваат допамин. Околу 90% од пациентите со напредната Паркинсонова болест имаат потешкотии при одење. Конвенционалните третмани, како што е лекот Леводопа, може да ги подобрат симптомите, но не можат целосно да ја вратат нормалната подвижност. Првиот пациент што прими имплант на ‘рбетниот столб за лекување на напредната Паркинсонова болест, по третманот може повторно ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
7.2
70%
1017
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.84
76%
1023
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
95%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
66%
1023
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1023
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
73%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
58%
1025
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65