Специјалните полициски сили опколија училиште во Германија откако вооружен маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 16 и 18 години, влегол во зградата. Целта му била ученичка, но сега таа е безбедна. Полицијата и хеликоптерите интензивно трагаат по осомничениот. Инцидентот во училиштето поттикна итна полициска акција за заштита на учениците и вработените. Ситуацијата е под контрола, а ученичката која била цел сега е на безбедно и соработува ...

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси нема да отпатува во Вашингтон на разговори во Белата куќа доколку планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа биде на дневен ред, открија два египетски безбедносни извори. Во разговорот меѓу Трамп и Сиси на 1 февруари, американскиот претседател упати отворена покана до Сиси да ја посети Белата куќа, соопшти претходно египетското претседателство. Не е одреден ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа, без Украина, може да стане жртва на целосна руска окупација поради бројната супериорност на руските сили. Во интервју за „Гардијан“ објавено вчера, Зеленски вели дека украинската армија во моментов е главниот штит на Европа. Зеленски укажа на големата разлика во воената сила меѓу Русија и остатокот од Европа. Украинската армија има 110 бригади, додека Русија има 220 бригади, а до ...

Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата. Во моментот на судирот во возот (ICE) имало 291 лице. Полицијата соопшти дека неповредените патници биле евакуирани и однесени со автобус до блиската станица. Еден сопатник (55) починал на местото на настанот. Не е утврдено што довело до несреќата. Возачот на камионот е приведен на распит. ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Братислава би можела да ја намали испораката на гас од Европа за Киев, а без тоа Украина ќе смрзне. „Гасот тече кон Украина преку обратниот гасовод веќе неколку дена. Гас без кој Украина ќе замрзне. Словачка нема никаква улога во тоа. Добавувачи се странски компании Сепак, имаме морално право да ги разгледаме методите за запирање на странските испораки во Украина во износ од околу 7,5 милиони кубни ...

Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование за исполнување на четвртото барање на студентите Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека до крајот на неделата ќе биде претставен предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование. Таа додаде дека со ова целосно ќе се исполни четвртото барање на студентите, кое се однесува на зголемување на средствата за државните ...

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можноста за размена на територии меѓу Русија и Украина е „глупост“. „Мир преку сила, велите? Понекогаш овој концепт навистина функционира. На пример, со демонстрирање на вистинска, а не измислена рамнотежа на силите. Како денес во Киев по пристигнувањето на нашите ракети и дронови. Иако дури и ...

Грчките пратеници за нов претседател на Републиката го избраа Константинос Тасулас со 160 гласови „за“ од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент. На денешното четврто гласање беше потребно мнозинство од 151 пратеник. Во првото и второто гласање беше потребно двотретинско мнозинство односно 200 пратенички гласови, додека за третото гласање беа потребни 180 гласа. При гласањето Тасулас победи со гласовите од 160 пратеници, додека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да „размени територии“ со Русија, како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави (САД). Доколку американскиот претседател Доналд Трамп успее да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, „ќе размениме територии“, рече Зеленски синоќа во интервју за британскиот весник „Гардијан“ и додаде дека не знае која територија ќе ја побара ...

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, веројатно сега се кае за храбрата прогноза што ја даде во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот поранешен тим и Реал Мадрид! Аргентинецот, кој играше за Сити од 2011 до 2021 година, ги поддржа „граѓаните“ велејќи дека ќе си ги „отсече тестисите“ доколку победи шпанскиот клуб на вчерашниот меч. – Реал Мадрид не може да го победи Манчестер Сити. Ако победи Сити, ќе си ги ...

Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиони украински гривни (речиси 50.000 евра), соопшти кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров. Кабинетот на Умеров соопшти дека оваа иницијатива има за цел да привлече граѓани кои ќе можат да ја изберат својата позиција и воена единица, да поминат интензивна обука и да добијат ...

Во акција во борбата против корупцијата денеска е уапсен градоначалникот на Обреновац, Милорад Грчиќ, јавуваат српските медиуми. Според неговата официјална биографија, од 1992 година се занимава со приватно претприемништво, како сопственик и основач на приватни компании и кариерата како успешен претприемач ја продолжува веќе 19 години. „Тој стана директор на рударскиот басен „Колубара“ во октомври 2012 година. Тој спроведе серија реформи во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека уште еден американски затвореник ќе биде ослободен денеска, додека во Белата куќа се сретнал со Марк Фогел, кој беше ослободен од затвор во Русија. Засега нема информации дали и тоа лице ќе биде ослободено од затвор од Русија. Опишувајќи го договорот за затворениците со Русија како „многу фер, многу разумен“, Трамп рече дека „некој друг ќе биде ослободен утре“ без да наведе детали, ...

Студентите од четири државни универзитети во Србија, кои речиси три месеци блокираат повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, подготвуваат нова акција, а во тек е студентски марш од Белград и Ниш до Крагуевац, каде на 15 февруари ќе одржат заеднички митинг. Студентите, чии блокади на повеќе од 60 факултети траат од 22 ноември, досега беа поддржани од стотици илјади граѓани ...

Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди ослободување на Марк Фогел, американски учител кој беше притворен во Русија повеќе од три години, како дел од размената, објави Белата куќа. Договорот за ослободување на Фогел, кој американскиот Стејт департмент го прогласи за „неправедно приведен“, беше постигнат преку преговори предводени од претседателот Доналд Трамп, специјалниот пратеник за Блискиот исток Стив Виткоф и „советниците на ...

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал денеска изјави дека не фатил рекет в раце откако се повлече од тенисот во ноември минатата година. Објасни и зошто. „Не го кренав рекетот. Ми треба малку слободно време, но повторно ќе го земам“, рече Надал на церемонијата на Шпанскиот олимписки комитет (СОЕ) во негова чест. Најдобриот шпански спортист на сите времиња изјави дека по завршувањето на кариерата минува низ фаза на адаптација и дека добро се ...

Околу 2.400 документи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди кои никогаш не биле доставени до комисијата задолжена за преглед и откривање на документи, открила американското Федерално истражно биро, дознава порталот „Аксиос“. Новите доверливи досиеја вклучуваат 14.000 страници пронајдени од ФБИ во ревизијата започната со извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп на 23 јануари, со која се бара ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска го повтори барањето на Европската комисија да ги истражи сите инциденти против демонстрантите во Србија и рече дека реториката во Србија против претставници на ЕУ и европските граѓани е неприфатлива. „Нема место за ширење дезинформации, непријателска политичка реторика, вклучително и против ЕУ, против нашите граѓани, против некои угледни членови на Европскиот парламент, а во последно време и ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека примирјето во Газа ќе заврши ако Хамас не ги ослободи заложниците до сабота напладне. Ова денеска го побара и Доналд Трамп. „Тукушто го завршив четиричасовниот состанок на политичко-безбедносниот кабинет и изразивме гнев поради шокантната состојба на тројцата заложници кои беа ослободени во саботата. Го поздравуваме барањето на Доналд Трамп за ослободување на сите заложници до сабота напладне ...

Земјотрес се случи во Хрватска во 18 часот и 43 минути. Се почувствува низ цела Далмација, а силно се почувствува и во околината на Задар и во делот на Лика. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Засега нема информации за штети или повредени. 👉#Bihać (lokalno vrijeme 18:43:40). Jeste li ...

Обновата на опустошениот Појас Газа по повеќе од една година војна ќе чини над 53 милијарди долари, од кои повеќе од 20 милијарди ќе бидат потребни во првите три години, покажува новата проценка на Обединетите нации, објавена денеска. – Краткорочните, среднорочните и долгорочните потреби за опоравување и реконструкција во Појасот Газа се проценети на 53,142 милијарди долари. Од тоа, краткорочните финансиски потреби за првите три години се ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја потврди посветеноста на ЕУ за фер трговски односи со САД за време на билатералната средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, на маргините на самитот на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција (ГПАИ) во Париз, објави ЕУ. Се наведува дека Фон дер Лајен и Венс ја истакнале силата на односите ЕУ-САД и нивната клучна улога на геополитичкиот пазар, пренесува ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија. – Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан. Тој не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена. – Не ...

Новата суперѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс – Лука Дончиќ, направи голем гест на благодарност откако даде донација од 500.000 долари, наменети за хуманитарна помош по шумските пожари кои ја опустошија Јужна Калифорнија и особено Лос Анџелес. „Беше толку тажно да се види и да се дознае за разорната штета што шумските пожари ја предизвикаа во Л.А. Не можам да верувам и жалам за сите деца кои ги загубија домовите, училиштата и местата каде што играа ...

Аргументите на Владата, со кои сакаат да го сменат републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, се незаконски. Поточно, денеска од Владата соопштија дека на владина седница донеле одлука да го задолжат Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на Државниот јавен обвинител, но нивните аргументи не се содржани во законската регулатива која го уредува начинот на разрешување на државниот јавен обвинител. ...

Прославениот автор Салман Ружди денеска сведочеше против Хади Матар, кој е обвинет дека го избодел во август 2022 година. Матар, кој беше обвинет за обид за убиство, се изјасни за невин. Ружди беше заслепен на едното око во нападот и со месеци се опоравуваше од последиците. Поротниците ги слушнаа воведните изјави претходно во понеделникот на судењето во Њујорк, проследено со сведочења од вработените во уметничката институција каде што се случи ...

Пјерлуиџи Колина, еден од најпознатите судии на сите времиња, изјави дека неговата кариера била загрозена кога почнал да ја губи косата. „Кога ја изгубив целата коса, се обидоа да ми забранат да судам. На 24-годишна возраст развив тотална алопеција, во рок од две недели ги изгубив сите влакна на телото. Можев да продолжам да судам само затоа што бев прилично добар. Властите ме суспендираа на три месеци. Потоа ме тестираа, ме испратија во Латина ...

Хрватска е меѓу најкорумпираните членки на Европската унија и е рангирана на 63-тото место во Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ИТ) за 2024 година, додека најмалку корумпирана земја во светот е Данска. Од неговото воведување во 1995 година, ИПК е водечки глобален показател за распространетоста на корупцијата. На годишно ниво, таа ги рангира земјите според нивното согледувано ниво на корупција во јавниот сектор, во ...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека голем дел од Украина би сакал да стане дел од Русија и дека, според ситуацијата на теренот, тоа веќе се случило. „Факт е дека значителен дел од Украина сака да стане Русија и дека тоа веќе се случи“, рече Песков, пренесе руската новинска агенција ТАСС (Тасс). Тој изјави дека „четири нови руски региони“ се доказ за тоа тврдење, додавајќи дека луѓето и покрај ризиците на референдумот гласале ...

Папата Франциск денеска во писмо до американските бискупи повика на поддршка за мигрантите, кои се соочуваат со масовни депортации според политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи дека и Исус, Марија и Јосиф биле мигранти. Папата оцени дека масовните депортации се „рана на човечкото достоинство“ и се осврна на зборовите на папата Пиј XII за емиграцијата на Исус Христос во Египет. – Семејството на Назарет во егзил, Исус, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
38%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
69%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.58
64%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
54%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
48%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
8.75
66%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
85%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1015
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52